На 01.03.2023 во 19.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.П.(34) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.03.2023 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 27.02.2023 и на 28.02.2023 извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес. Имено, на 27.02.2023 и на 28.02.2023, со употреба на сила и подесен алат тој влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид. Имено, по преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022 со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари. Тој ги извршил делата додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
На 01.03.2023 во 20.10 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода С.И.(28) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени сигнален пиштол и 25 куршуми за огнено оружје калибар 7,65 мм. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
На 01.03.2023 во 14.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода В.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.03.2023 во 12.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Т.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.03.2023 во 01.15 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода У.С.(48) од Република Турција, затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за осигурување за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, кое го управувал. За случајот бил известен Јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (01.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 147 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
На 01.03.2023 од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, полициски службеници спровеле акциска контрола за брзина, во која вкупно биле изречени 26 мерки (ТЕ-11 и ГВ-15). 24 од мерките се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-9 и ГВ-15), од кои 5 од пречекорувањата биле за над 50 километри на час. Покрај ова, биле санкционирани и 2 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ), а санкционирани се и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-11).
На 01.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 7 во населено место. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за возач почетник, 6 за некористење сигурносен појас и 7 за непрописно паркирање.
На 01.03.2023 во Полициската станица Струмица било пријавено дека В.М.(72) од село Вељуса, струмичко, управувајќи трактор во нива во атарт помеѓу селата Ангелци и Вељуса, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Од здобиените повреди В.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 01.03.2023 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Баница“ во Битола, патничко возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(21) од Битола, удрила во А.Д.(46) од Битола. Во несреќата, А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидната екипа од СВР Битола.
На 01.03.2023 во 12.45 часот во Полициската станица Центар, Д.Л.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Главинов“ бил каснат од куче скитник.
На 01.03.2023 во Полициската станица Драчево, А.М.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Андреја Петковиќ“ бил каснат од куче скитник.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 11 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, пет кривични дела „тешка кражба“, две „тешка кражба“ на дрзок начин и три кривични дела „кражба“ извршени на територијата на општините Штип и Карбинци од крајот на јануари и во текот на февруари годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени А.Ј.(19), Е.Ј.(19), Ш.И.(20), Н.И.(34), Д.М.(34), И.Г.(47) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.Р.(48) од кичевското село Србица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, на локален пат од Кичево кон селото Србица, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин.
На 01.03.2023 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 20-годишниот А.А. од тетовско Теарце. На паркинг пред станбена зграда на улица „Илинденска“ во Тетово, каде според пријавеното бил пронајден починат А.А., увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител била извршена обдукција. Во врска со случајот, во 18.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Д.(23), Ј.С.(24), А.О.(25), А.О.(35) и П.A.(71), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба наркотични дроги“, а ноќта (02.03.2023) во 01.10 часот на улица „113“, од слобода бил лишен и Б.Х.(19) од Тетово. Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
На 01.03.2023 во СВР Битола, М.С.(50) од Битола, директорка на Националната установа „Завод и музеј“ - Битола, пријавила дека на 25.02.2023, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет „Влахо“ во с.Живојно, општина Новаци. Притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот. Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.03.2023 во 07.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен Б.Д.(63) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 01.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, вработен во град Скопје пријавил на записник дека од гаражи сопственост на град Скопје на подрачјето на Центар со употреба на сила и тврд предмет било влезено и биле одземени автомобилски делови и гуми. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2023 околу 08.50 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во периодот од 25.02.2023 до 27.02.2023 во работилница на подрачјето на Драчево вработените пронашле залутано зрно, од кое е оштетена кровната конструкција. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 01.03.2023 во 09.50 часот во СВР Тетово, В.Ѓ.(62) од Тетово пријавила дека во Блок 70 во Тетово била касната од куче скитник.
Денеска (02.03.2023) во 04.05 часот во Полициската станица Аеродром, М.Е.(39) од Скопје пријавил пожар на влезната врата од неговиот стан на ул.„Пандил Шишков“, при што вратата била делумно опожарена. М.Е. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.А.(39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.08.2022, при враќање од годишен одмор за доиздржување на казна затвор, на влез во Казнено-поправната установа Затвор Куманово на В.А. му бил извршен претрес и кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 01.03.2023 во 15.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.А.(48) од Скопје пријавил дека на 28.02.2023 околу 18.00 часот од домот се оддалечила неговата ќерка С.А.(12), која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ќ.А.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице во вршење службено дејствие”. На 08.01.2023 во казино во Куманово, пријавениот физички го нападнал А.Т., вработен како обезбедување во казиното.
На 01.03.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Х. пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Т.(24) од Велес и В.М.(22) од с.Раштани, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а против Н.Т. и за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 09.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на Н.Т., при што биле затекнати В.М. и уште две лица на кои Н.Т. им овозможил да користат дрога. При преглед на затекнатите лица била пронајдена и одземена марихуана.
На 01.03.2023 во 13.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на бул.„Јане Сандански“, едно лице со закана кон вработената се обидело да одземе пари од дневниот промет, но не успеало.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.02.2023 во објект во Кочани, пријавениот физички ја нападнал Ц.Т. и ѝ упатил закани.