Денеска (01.03.2023) околу 06.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот тетовец Џ.С.. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години и шест месеци за извршени повеќе кражби и тешки кражби. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
На 28.02.2023 во 17.15 часот на ул.„Никола Русински“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(22) од Скопје. При преглед во возило „форд фокус“ со скопски регисатрски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кокаин. Со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени неколку пакувања кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 28.02.2023 во 17.40 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Д.(18) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.02.2023 во 13.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.О.(28) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување“, казниво по член 240 од Кривичниот законик. При преглед во нејзиното возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени лекови во вид на ампули кои ѝ биле доверени и за кои била задолжена на Клиниката каде што била вработена. Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката. Со А.О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.02.2023 околу 18.00 часот на улица „120“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Б.(22) и А.М.(20), двајцата од тетовско Нераште, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Во текот на вчерашниот ден (28.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 186 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.
На 28.02.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршоци, од кои 18 во населено место и 3 надвор од населено место. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за претовар, 10 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон, 2 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.
На 28.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола во која акцент бил ставен на два вида сообраќајни прекршоци - некористење на сигурносен појас и користење на мобилен телефон при управување возило. Притоа, откриени и санкционирани биле 33 возачи (ТЕ-27 и ГВ-6) кои зборувале на мобилен телефон и 39 возачи (ТЕ-33 и ГВ-6) и 14 совозачи (ТЕ) кои не користеле сигурносен појас, како и 4 возачи (ТЕ-2 и ГВ-2) кои ги управувале возилата без потребната возачка дозвола. Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 7 технички неисправни возила (ТЕ-1 и ГВ-6). Пет од нив (ГВ) имале неисправен уред за управување, 1 (ТЕ) неисправни сопирачки и 1 (ГВ) неисправни други уреди и системи. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На 01.03.2023 во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот. По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот Т.В. му биле констатирани телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
На 28.02.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Центар, Б.Х.(42) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 27.02.2023 во 09.45 часот во Полициската станица Драчево, Ј.Ѓ.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.
На 28.02.2023 во 15.50 часот во Полициското одделение Петровец, Б.Ј.(35) од с.Мршевци, скопско, пријавил дека во с.Мршевци бил каснат од куче.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Л.(29) и Ф.Б.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци" и „измама при добивање на кредит или друга погодност". Пријавените пронашле изгубена лична карта на лице од Скопје и во текот на ноември 2022 година со пронајдената лична карта, лажно претставувајќи се дека се лицето со генералии од личната карта, во две различни филијали на финансиски друштва, во два наврата, секој лично, се обиделе да подигнат брз кредит и на тој начин се обиделе да го доведат во заблуда административниот службеник да им одобри брз кредит.
Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Ј.М.(52) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на странец при недозволен влез и транзит“ по член 211 од Законот за странци. На 28.02.2023 околу 15.00 часот, пријавениот со патничко возило „хјундаи тусон“ со бугарски национални ознаки, од место викано караула „Мирче Ацев“, атар на с.Ума, по претходен договор, го прифатил Х.Р. од Република Албанија, кој остварил незаконски влез во Република Северна Македонија и го одвел до с.Ново Конско.
На 01.03.2023 во 00.05 часот на ул.„Козле“, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.А.(37) од Тетово, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 28.02.2023 во СВР Велес, Р.П.(70) од Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 01.03.2023 во 01.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од Скопје пријавил дека на 28.02.2023 околу 22.10 часот во населбата Илинден бил физички нападнат од Г.И.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д.(34) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.10.2022 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.
На 28.02.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Р.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот на 26.02.2023 на ул.„Гоце Делчев“, за време на користење слободни денови од казнено-поправната установа Затвор Теферич – Струга, со закана и употреба на сила од М.Е.(20) одзел пари.
На 28.02.2023 во 12.00 часот, Ј.Ѓ.(47) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Мирка Настеска“ во Кичево била касната од куче скитник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.К.(57) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 21.01.2023 на ул.„Илинденска“ во Битола, пријавениот во куќа сопственост на К.С.(66) од Битола со употреба на физичка сила од неа одзел пари и мобилен телефон.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(22) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 08.07.2022 на регионалниот пат Струга – Охрид, полициски службеници извршиле преглед врз паркирано патничко возило, во кое биле затекнати пријавениот и двајца сопатници од с.Лабуништа, при што пријавениот низ прозорец фрлил марихуана, којa била пронајдена. Исто така, и во возилото била пронајдена и одземена марихуана.