На 04.02.2023 во 12.00 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишиле од слобода М.К.(47) од Република Србија. Во содејство со царински службеници била извршена контрола во товарното возило „даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени 20 лица мигранти од Сирија. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.02.2023 во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.02.2023 во 21.30 часот на подрачје на Полициска станица Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.С.(29), Л.Ј.(20) и Г.Ј.(22), сите од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај Б.С. биле пронајдени и одземени марихуана и нож, а кај Л.Ј. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 04.02.2023 во 23.35 часот на крстосница на ул,,Киро Ристoвски Дрнц“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Ц.(20) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.02.2023 во 01.15 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.П.(39) и Ф.Р.(28), двајцата од с.Пирок, тетовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.02.2023 во 04.55 часот на ул.„153“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(29) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.02.2023 во 02.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.В.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.02.2023 во 21.40 часот во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода М.Е.(37) од Скопје, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.02.2023 во 16.23 часот во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено.
На 04.02.2023 во 15.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека две малолетни лица од Скопје се наоѓале во објект кај ски-лифтот на Попова Шапка и поради густата магла и силен ветер не биле во можност да слезат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка во содејство со Ратрак излегле на местото и околу 16.20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба.
На 04.02.2023 во 23.55 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 04.02.20223 околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.А.З (35), А.А.Х(50) и Р.П.Х(54), бугарски државјани, кои најпрво вербално, дрско и недолично со погрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници кои преземале службени дејства. Лицата биле приведени, а од судија во Основен суд Крива Паланка им била изречена мерка Протерување на странец и Забрана за влез во Република Северна Македонија во траење од три години.
На 04.02.2023 во 16.40 часот во СВР Битола, Џ.Р.(27) од с.Лера, битолско, пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано сомнeние за сторено кривично дело „измама“. Тој, со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката.
На 04.02.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен С.Ф.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Перо Наков“. Увид бил извршен.
На 05.02.2023 во 03.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Ф.И.(22) и А.Б.(22), двајцата од Кичево, затоа што во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Кичево физички ги нападнале Х.Т.(29) и А.Ц.(30), двајцата од Кичево. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.02.2023 во 12.16 часот, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го привеле Н.Г.(45) од демирхисарско село затоа што претходно со остар предмет оштетил дел од куќата на неговито татко во селото, по што се обидел да предизвика пожар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.02.2023 во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.М.(29) и М.Б.(29), двајцата од Скопје. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.02.2023 во 21.30 часот во СВР Куманово, Е.С.(36) од Куманово пријавила дека околу 20.30 часот кај Спомен Костурницата нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.02.2023 во 11.50 часот во СВР Скопје, С.Б.(50) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од Ф.К.(30) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.02.2023 околу 12.30 часот во Полициската станица Гостивар, Р.Џ.(41) од Гостивар пријавил дека околу 12.00 часот бил физички нападнат од Ш.„Н“. Се работи на расчистување на случајот.
На 05.02.2023 во 01.45 часот во Полициската станица Гостивар, Д.С.(18) од Гостивар пријавил дека околу 01.15 часот, додека бил во угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Според пријавеното, притоа со стаклен предмет бил удрен во главата и се здобил со повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.02.2023 во 19.00 часот во ОВР Свети Николе, Б.Х.(46) од Велес пријавила дека била физички нападната С.Д.(69) – женско лице од Свети Николе. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.02.2023 во СВР Штип било пријавено дека околу 23.30 часот во Индустриска зона на магистралниот пат Штип-Кочани настанал пожар на работна машина на фирма од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 05.02.2023 околу 05.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект во близина на Тиквешко Езеро. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
На 05.02.2023 во 02.10 часот во СВР Скопје, Х.Ј.(46) од Скопје пријавила дека околу 23.00 часот на Транспортен центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои притоа му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.02.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Штип, К.М.Е.(40) од Штип пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот син А.М.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.