Извадок на дел дневните настани 04.02.2023

 На 03.02.2023 во 19.00 часот на подрачје на Карпош – Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Бизбегово, скопско. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и повеќе таблети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 19.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.А.(49) од Скопје. Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект на бул.„Октомвриска револуција“, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а таа била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2022 во 14.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(27) од Велес, кој се сомничи дека во периодот од 11.40 до 13.00 часот со употреба на сила влегол влегол во куќа на ул.,,Вељан Шојлев“ во Велес и одзел личен предмет. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот,лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 13.35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(51) од Струмица. Тој се сомничи дека во периодот од 15.30 часот на 02.02.2023 до 08.00 часот на 03.02.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во плац на правно лице и одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 11.00 часот во с.Слепче, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Д.В.(39) од с.Велгошти, охридско. Тој се сомничи дека на 02.02.2023 во периодот од 09.00 до 16.00 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во куќата на С.В.(81) од с.Слепче и одзел пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.02.2023 во 20.10 часот на ул.„Тошо Даскалот“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.М.(27) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 04.02.2023 во 02.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Д.Р.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 04.02..2023 во 01.30 часот на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Е.З.(25) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.02.2023 во 21.20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Штип, полициски службеници Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го привеле И.И.(27) од Штип. При преглед кај него и во возилото кое го управувал, кај него била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.02.2023 во 09.30 часот во СВР Струмица, од Казнено-поправната установа Затвор Струмица било пријавено дека во затворот биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници извршиле увид, а прашкастата материја била подигната за понатамошна постапка.

На 03.02.2023 во 10.30 часот на ул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.С.(66) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 03.02.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Чепигово, прилепско, била пронајдена неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирано е дека 14 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани. Од нив 7 на територија на Битола, 4 во Прилеп, 2 Ресен и 1 Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.
На 03.02.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.И.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Пушкинова“ бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2023 во 16.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Ј.(32) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2023 во 10.20 часот во Полициската станица Струга, И.К.(77) од Струга пријавил дека на ул.„15 Корпус“ бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2023 во 10.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 15.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен М.Б.(45) од Радишани, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма. Извршен бил увид и за настанот бил известен трудов инспектор.

На 03.02.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје, 53-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и побарало од него да изврши работи во неговата куќа во скопско село. Откако се договориле, лицето повторно му се јавило и побарал на негов соработник да му даде 14.000 денари. Пријавителот се сретнал со лицето соработник му ги дал парите, а откако пристигнал во селото го побарал телефонски, но тој не бил достапен по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.01.2023 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле М.Н.(20), М.С.(20), М.С.(22) и В.С.(36), сите од Куманово, затоа што околу 03.00 часот во угостителски објект во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.А.(49) од Кавадарци затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Б.(40) од Скопје затоа што на 01.02.2023 се однесувал агресивно и упатил закани кон З.П.(66) и А.П.(68), двајцата од Скопје. по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.02.2023 во СВР Скопје, А.М.(37) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот во с.Сарај бил физички нападнат од четири лица кои ги познавал и кои употребиле тврди предмети. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 03.02.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Б.(43) од Скопје пријави дека на 02.02.2023 околу 00.30 часот на ул.„Максим Горки“ бил физички нападнат од едно лице кое го познавал. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 19.30 часот во СВР Штип, Џ.Ј.(47) од Штип пријавил дека околу 17.00 часот на бил физички нападнат од У.И. од Штип. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Виница, А.А.(52) од Виница пријавил дека на 02.02.2023 околу 12.30 часот бил физички нападнат од Е.А. од Виница. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.02.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(31) од Скопје пријавил дека на ул .„Киро Крстевски“ бил физички нападнат од Н.Ј. и уште едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 22.55 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(35) од Скопје пријавила дека околу 22.50 часот на бул.„Јане Сандански“ била физички нападната од Х.А.(28) од Средно Коњари, скопско, кого го познавала од порано. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.02.2023 во 03.08 часот во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект во Битола настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, при што со тешки телесни повреди се здобил Б.Т.(31) од с.Барашени, констатирани во Клинички центар Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 21.30 часот во ОВР Прилеп, Г.Н.(54) од Прилеп пријавил дека околу 20.00 часот во угостителски објект во Прилеп, тој и М.Ј. биле физички нападнати од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.02.2023 во 05.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ја привеле С.Д.(29) од Гостивар затоа што на ул„.Браќа Ѓиноски“ физички ја нападнала М.Ј.(30) од Прилеп. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.02.2023 во 04.00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Д.З.(32) од с.Зубовце, гостиварско, затоа што на ул.„Борче Јованоски“ предизвикал и учествувал во физичка пресметка со П.Ѓ.(30) – женско лице од Струмица. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.02.2023 во 21.15 часот во СВР Битола, А.Г.(39) од Република Албанија, со живеалиште во с.Живојно, општина Новаци, пријавила дека на 02.02.2023 околу 19.00 часот тројца малолетници физички ја нападнале нејзината малолетна ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 19.25 часот во СВР Велес, П.Ѓ.(56) од Велес пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2023 во СВР Тетово, Н.И.(37) од с.Гајре, тетовско, пријавила дека со село Гајре нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2023 во 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Десово, општина Долнени, со повреди бил пронајден Р.К.(25). Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле увид, а лицето било пренесено во болницата во Прилеп за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот Д.Х.(27) од Велес. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 03.02.2023 во 15.10 часот во СВР Скопје, од Јавна Установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Организациска единица Влае 3 било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Н.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 03.02.2023 во 13.00 часот во СВР Битола, К.А.(56) од Битола пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2023 во 12.40 часот во СВР Тетово, В.И.(67) од Тетово пријавил дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

На 0З.02.2023 во 14.25 часот во СВР Тетово, З.К.(56) од Тетово пријавил дека на ул.„Илинденска“ во Тетово бил каснат од куче скитник.