На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани. Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци.
На 30.01.2023 околу 20.50 часот во парк на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(21), М.Р.(20) од Тетово и К.Г.(22) од Република Косово затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 30.01.2023 на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(25), В.Т.(24), М.Т.(25) и К.Џ.(21), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 30.01.2023 во 23.35 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.01.2023 во 19.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила...
Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 53 на територијата на СВР Охрид, 21 на територија на СВР Тетово...
На 30.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 29 прекршоци, од кои 16 во населено место и 13 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 07.00 до 11.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои што вршат непрописно престигнување. За време на контролата биле санкционирани 5 прекршоци. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 3 за нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 1 за користење мобилен телефони и 1 за прекршок сторен од пешаци.
На 30.01.2023 во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена и акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Заради престигнување на забранети места биле санкционирани 21 возач (ТЕ-13 и ГВ-8). При контролата биле санкционирани и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
На 30.01.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник.
На 30.01.2023 во 08.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче скитник.
На 30.01.2023 во 16.00 часот во СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, Х.К.(41) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Денеска (31.01.2023) во 12.00 часот на бул.„Партизанска“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Штип. Тој бил осуден на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната. Лицето ќе биде предадено на установата за доиздржување на казната.
Денеска (31.01.2023) на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(42) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот. Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната.
Денеска (31.01.2023), полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со А.В.(18), А.Л.(18) и С.Л.(48), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 28.01.2023 во угостителски објект на улица „Румена Хаџипанзова“ во Скопје физички нападнале четири малолетници од Скопје, при што употребиле и стаклени предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.01.2023, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со И.С.(30), С.С.(37), Џ.С.(34) и С.С.(40), сите од с.Батинци, скопско. Тие се сомничат дека на 27.01.2023 на паркинг на ул.„Антон Панов“ физички го нападнале А.П.(35) од Скопје. Во службениот разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување" и „фалсификување службена исправа" и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина". Првопријавениот К.С., во својство на службено лице, вработен во Подрачно одделение за матично работење - Скопје при Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 04.11.2021, без примено писмено Барање за издавање Извод од матичната книга на родени и без доказ за уплатена административна такса за издавање Извод, изготвил и издал Извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго дете.
Денеска (31.01.2023) во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Мушов гроб кон Конопиште се случила сообраќајна несреќа помегу товарно возило „сканиа“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(57) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од с.Марена, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Г.(33) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и тројца негови сопатници, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 30.01.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во Итната медицинска помош Делчево со повреди бил донесен Т.М.(37) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од струен удар додека извршувал работни задачи во фабрика во Делчево. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево.
На 30.01.2023 околу 20.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го пронашле патничкото моторно возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, кое утрото било пријавено за одземено. Извршен бил увид, а возилото му било вратено на сопственикот В.Т.(62) од Тетово.
На 30.01.2023 во 19.45 часот во СВР Скопје, 39-годишен маж од гостиварско пријавил дека во Скопје, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од неговата 29 - годишна поранешна вонбрачна партнерка. Истиот ден во 23.00 часот, 29 - годишната жена пријавила дека на 29 и 30.01.2023 во два наврати, по претходно нарушени меѓусебни односи, била физички нападната од 39-годишникот од гостиварско. Се работи на расчистување на случајот.
На 31.01.2023 во 01.40 часот во СВР Скопје, Р.Х.(46) од Скопје пријавил дека на 30.01.2023 околу 20.50 часот во населбата Даме Груев, неговиот син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 29.01.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје, М.Ѓ.(25) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот пред казино на ул.„Бледски договор“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 30.01.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 08.00 часот малолетник од скопско село, кој бил во љубoвна врска со нејзината малолетна ќерка, преку мобилна апликација испратил видео со експлицитна содржина од нејзината ќерка на неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.01.2023 во 22.33 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ бил пронајден починат З.М.(64) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 30.01.2023 во 08.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во Скопје едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.С.(43) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.01.2023 во Итна медицинска помош во Кратово, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани кон дежурниот лекар и медицинска сестра, а се обидел и физички да ја нападне медицинската сестра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.А.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 18.01.2023 во Кочани, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа од брат и нејзиниот малолетен син.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Д. (31), С.Л.(31) и С.И.(31), сите од село Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. Полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, во кое се превезувале пријавените, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.05.2022 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од растението канабис.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.Д.(33) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 25.01.2023 на граничен премин Пелинце, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај без притоа да поседува лиценца за вршење на јавен превоз издадена од надлежен орган-Министерство за транспорт и врски.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ј. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 30.11.2022, пријавениот со товарно возило „ман“ извршил превоз на сепариран песок на релација Штип-Кочани за потреби на правно лице од Кавадарци, кое вршело градежни работи. При контрола од полициски службеници било констатирано дека не поседува лиценца, со што постапил спротивно на одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќaj