Извадок на дел од дневни настани 24.01.2023

На 23.01.2023 во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје. При претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.01.2023 во 14.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.01.2023 во 23.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(22) од Р.Турција, со престојувалиште во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.01.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.01.2023 во 21.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.01.2023 во 12.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (23.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 43 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила...

На 23.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 12 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 4 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

На 23.01.2023 околу 09.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(44) од Скопје и „даеву“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(66) од Кичево. Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

На 23.01.2023 околу 19.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од струшкото село Франгово, удрило во пешаците Т.Ш,(64) и В.Ш.(60), двајцата од Струга. Во несреќата, Т.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.Ш. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

На 23.01.2023 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Киро Глигоров“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Л.К.(42) од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 23.01.2023 во 19.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Трст“ во Куманово, патничко моторно возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(57) од Куманово, удрило во пешакот А.М.(25) од Куманово. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 23.01.2023 во 13.10 часот во Полициската станица Центар, В.Л.(65) од Скопје пријавила дека на бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник.

На 23.01.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Аеродром, А.М.(39) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 23.01.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ш.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил каснат од куче скитник.

 

Денеска (24.01.2023), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ -Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Л.М.(21) од населба Волково – Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и вага. Тој бил задржан во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

 

Денеска (24.01.2023) во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(31) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот во село Костурник, кумановско, одзел повеќе предмети. Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.01.2023 околу 16.50 часот во двор на правен субјект на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 56-годишниот А.А. од Република Турција. При преглед во товарно возило „даф“ со приколка, кое го управувал, бил пронајден М.А.(24) од Сирија. Сирискиот државјанин бил спроведен во Прифатен центар за странци во Скопје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 21.01.2023 во 00.15 часот во атар на с.Кадино Село, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.Ј.(23) од с.Галичани, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било предадено во ОВР Прилеп за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.В.(67) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.03.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Оморани, велешко, при што пронашле и одзеле 25 куршуми калибар 7,65 мм и 50 куршуми калибар 22 ЛР.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.И.(39) од село Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 12.03.2021 на локалниот пат од село Брезно кон село Лешок, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 23.01.2023 часот во 20.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Јане Сандански“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Е.А.(18) од с.Ларце. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 23.01.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на ул.„Војвода Васил Чакаларов“, Б.Н.(45) од Скопје, која се превезувала во автобусот, паднала и се здобила со повреди. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 23.01.2023 во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје - вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата. Според пријавеното, на 17.01.2023 во Скопје сопственикот на фирмата му ги дал парите на С.С. за да ги однесе со возило и предаде на друг вработен, кој бил во Струмица. Како што е пријавено, С.С. не ги предал парите и наредниот ден се јавил на сопственикот и рекол дека ги нема парите, по што одбивал секаков контакт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалаци на малолетни лица’’. На 24.12.2022 во Тетово, полициските службеници извршиле контрола во угостителски објект, сопственост на пријавениот, при што затекнале малолетник кој било послужен и консумирал алкохол.

 

На 23.01.2023 во 11.44 часот во СВР Скопје, Ш.Р.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници, при што едниот од нив му се заканил со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 23.01.2023 во 13.55 часот во СВР Скопје, Љ.К.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(21), М.Н.(24), Ѓ.С.(36) и С.С.(32), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.12.2022 на улица „Гоце Делчев“ во Тетово, пријавените физички го нападнале Б.И.(24) и му нанеле повреди.

 

На 23.01.2023 во СВР Битола, А.Ш.(34) од Битола пријавила дека на ул.„Македонски Гемиџии“ во Битола била касната од куче скитник.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При сообраќајна контрола, извршена на 21.12.2022 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето возило. Притоа, било констатирано дека тој не поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

 

На 23.01.2023 во 11.15 часот во ОВР Струга, Ш.Р.(52) од струшкото село Октиси пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

 

На 23.01.2023 во 08.10 часот во Полициската станица Центар,Т.С.(73) од Скопје пријавил дека во неговиот дом на подрачјето на Центар бил нападнат со стаклен предмет од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.01.2023 во 18.15 часот во СВР Тетово, А.Е.(43) од Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

 

На 23.01.2023 во 21.20 часот во Полициската станица Карпош, М.Г.(69) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг К.Г.(71). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 23.01.2023 во 17.15 часот во Полициската станица Центар, А.К.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ бил каснат од куче скитник.

 

На 23.01.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Ј.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Мариовска“ бил каснат од куче скитник.