На 22.01.2023 во 10.45 часот пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.В.(28) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно во угостителскиот објект одзел пари од паричник на едно лице. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.01.2023 во 01.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Љ.С.(34) од Ново Село, С.Р.(18) од Скопје, С.Ј.(20) од Велес, Р.М.(22) од Струмица и П.К.(25) од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.01.2023 во 13.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(36) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.01.2023 во 21.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.01.2023 во 16.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.01.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 414 возачи. Од нив 15 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол...
На 22.01.2023 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 79 возачи. Од нив, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а четири надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 22.01.2023 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 44 (ТЕ-35 и ГВ-9) прекршоци надвор од населено место и 20 (ТЕ) прекршоци во населено место. Исто така, билe констатирани и 11 други видови прекршокци (ТЕ-4 и ГВ-7). На прекршителите им биле изготвени соодветни санкции.
На 22.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 37 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 18 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 21 други видови на прекршоци, од кои 3 за нерегистрирано возило, 12 за управување возило без возачка дозвола, 5 за возач почетник и 1 за непрописно паркирање.
На 22.01.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, излетал од патот. Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р. биле констатирани тешки телесни повреди. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
На 22.01.2023 во 17.45 часот, Н.С.(32) од Струга во полициска станица пријавила дека на улицата „15 корпус“ во Струга била касната од куче скитник.
На 22.01.2023 во 22.25 часот во СВР Тетово, 74-годишната Е.К. од Тетово пријавила дека на улица „Андреа Јовановски-Журчин“ била касната од куче скитник.
Денеска (23.01.2023) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.М.(25) од Куманово. Тој бил баран поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор К’шање, каде издржувал затворска казна. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 22.01.2023 во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров“ во Скопје паднал 12-годишник од Скопје. Според пријавеното од мајката, малолетникот паднал во моментот додека бил сам во собата. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(26) од село Јеловјане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.10.2021 на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, марихуана и банкнота со остатоци од кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Џ.(27) од село Сенокос, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.01.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 23.01.2023 во 00.20 часот во с.Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(20) од с.Богомила. На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(23) и А.П.(23), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ . На 12.07.2022 на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое се превезувале пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин.
На 22.01.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, М.А.(24) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека околу 13.40 часот во с.Огњанци, по претходнo недоразбирањ,e бил физички нападнат од А.И. од истото село. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 18.11.2022 на ул. „Илинденска“ во Тетово, пријавениот физички го нападнал А.Б.(24) од с.Мала Речица, тетовско и му нанел повреди, по што му одзел и личен предмет.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил куќа. По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од опшина Охрид било донесено решение за отстранување на нелегалната градба.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Л. (56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во 2016, пријавената, спротивно на Законот за градење и без да поседува одобрение за градење, техничка документација, платени комунални такси и други давачки., изградила викенд куќа на имот на кој е сопственик на две третини .