Извадок на дел дневните настани 22.01.2023

 На 21.01.2023 во 23.45 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Д.Г.(21), Х.М.(20), М.А.(21) и А.П.(19) сите од Скопје, кои биле во патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки и во истото била пронајдена и одземена марихуана, а кај А.П. бил пронајден нож на расклопување. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

         
 

На 21.01.2023 во 12.05 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Д.Д.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и еден метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
 
 

На 21.01.2023 во 16.30 часот во с.Таор-скопско, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Б.К.(38) и А.Т.(29) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
 

На 21.01.2023 во 22.50 часот во Велес на крстосница кај Башино Село од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата биле лишени од слобода Д.М.(29) и Б.Д.(30) двајцата од Велес, кои биле во патничко моторно возило “цитроен“ со велешки регистарски ознаки, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
 

Во текот на изминатата вечер (21/22.01.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 10 возачи.Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.

 

На 21.01.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.“Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник.

 
 

На 21.01.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на ул.“Финска“ била касната од куче скитник.

 
 

На 21.01.2023 во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ѓ.М.(77) од Скопје пријавил дека на ул.“Тиранска“ бил каснат од куче скитник.

На 21.01.2023 околу 20.30 часот од КПУ Идризово во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.25 часот во затворениот дел од установата повеќе  осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33), а од страна на Б.А. со остар предмет му била нанесена повреда на Е.С.. Се работи на расчистување на случајот.

 
 
 
 
 

На 21.01.2023 во 23.05 часот во с.Шишево-скопско од полициски службеници од Полициското одделение Сарај бил приведен Н.Н.(70) од с.Шишево поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

           

           

На 21.01.2023 во 02.00 часот на подрачјето на Драчево, пред угостителски објект, од полициски службеници од Полициската станица Драчево била приведенa Р.С.(49) од Велес, а со неа била и уште една малолетничка, поради тоа што агресивно се однесувалa кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 21.01.2023 во 11.00 часотод полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода З.В.(50) од кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.01.2023 околу 15.35 часот  З.В. допирал по телото 23 годишна девојка од кумановско. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.01.2023 во 20.27 часот било пријавено дека во Кочани С.Т.(44) физички ја нападнал Џ.С.(21) двајцата од Кочани, а употребил и тврд предмет. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 21.01.2023 во 20.15 часот М.Т.(53) од с.Василево-струмичко пријавила дека околу 19.40 часот во нејзиниот двор во с.Василево била физички нападната од Т.К. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.01.2023 во 22.00 часот С.Н.(18) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Ј.Д. Се работи на расчистување на случајот.

На 21.01.2023 во 13.15 часот О.С.С. (49) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот на подрачјето на Гази Баба женско лице и одзело пари и предмети од нејзината чанта. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.01.2023 во 06.30 часот било пријавено дека пред казино во Кавадарци по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Р.Б.(40) од Кавадарци и Т.П.(32) од Росоман. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 20.01.2023 во 23.00 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ф.В.(32) од Тетово поради тоа што околу 12.00 часот упатувал закани по животот на неговиот 60 годишен татко. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                    

 

На 21.01.2023 во 12.20 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода М.А.(50) од Тетово поради тоа што околу 11.00 часот физички го нападнал В.Г.(40) од Тетово во неговата работилница и со тврд предмет му ја искршил влезната стаклена врата од објектот. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 21.01.2023 во 20.11 часот во Полициската станица Гостивар У.А.(36) од с.Врапчште пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга С.С.(30). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.