Извадок на дел дневните настани 21.01.2023

 На 21.01.2023 во 02 часот во угостителски објект во населбата Илинденво Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода П.Ѓ.(20) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

                                      
 
 

На 20.01.2023 во 22.30 часот во с.Кадино-скопско од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода З.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
 

На 20.01.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.М.(26) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 20.01.2023 во 23.50 часот во Полициското одделение Петровец С.Ѓ.(36) од Скопје пријавил дека во населбата Илинден неговиот малолетен син бил каснат од куче со сопственик.

 

На 20.01.2023 во 15.40 часот во Полициската станица Бит Пазар А.С.(24) од Скопје пријавил дека на ул.“376“ бил каснат од куче скитник.

 

На 20.01.2023 во 21.00 часот во близина на угостителски објект во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.М.(25) од с.Мала Речица-тетовско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 20.01.2023 во 22.45 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.Н.(31) од Штип со времен престој во Тетово која се барала со судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била спроведена во КПУ Затвор Идризово-Скопје.

 

На 21.01.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. Филип Втори Македонски во Битола при извршен преглед на Т.Б.(27) од Битола е пронајдена марихуана .Т.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.                               

 На 20.01.2023 во 19.30 часот во Македонска Каменица од полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица бил лишен од слобода А.С.(27) од Македонска Каменица затоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 

На 20.01.2023 во 18.00 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода П.М.(22) и Г.Т.(22) двајцата од Неготино, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

                                      
 

Денеска (21.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 59 возачи. Од нив, 34 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

На 20.01.2023 во 14.00 часот било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон

с.Ресава, во месноста викана “Црвена земја“, Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит“ при што изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел. На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

 

На 20.01.2023 во ОВР Кавадарци полициски службеници извршиле службен разговор со Т.М. (62) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од Центарот за социјани работи во Кавадарци за сексуална злоупотреба на малолетничка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок од ОЈО Кавадарци.

 

На 20.01.2023 во 21.12 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Хелсинки“ настанал пожар во барака при што биле опожарени две помошни простории сопственост на Д.Б.(36) и Д.Ч.(80), двете од Скопје. Повредени лица нема. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.                 

 

На 20.01.2023 во 14.20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош Струмица во Секторот за внатрешни работи Струмица било пријавено дека во куќа на ул.“Димитар Цветинов“ во Струмица била пронајдена почината М.Б.(83). Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, доктори од Институт за судска медицина и Медицински центар Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

                                                                                
На 20.01.2023 во 07.05 часот било пријавено дека на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, бил пронајден починат Б.А.(66) од Гостивар. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.

 

На 20.01.2023 во 20.20 часот Б.Ѓ.(62) од с.Волково-скопско пријавила дека во с.Волково била физички нападната од М.Х.(32) од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 20.01.2023 во 21.30 часот Б.Г.(19) од Скопје пријавил дека околу 21.05 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.Н.(31) од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 20.01.2023 во 22.30 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода биле приведени З.М.Е.(57) од Р.Србија, државјанин на Р.Бразил, В.А.К.(67), М.К.(41) двете од Р.Грузија како и три малолетни лица кои биле со нив поради постоење на сомнение за нерегулиран престој во РСМ. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 20.01.2023 во 11.30 часот Е.С.(41) од Скопје пријавила дека околу 00.20 часот во с.Марино-скопско била физички нападната од А.Т. од с.Марино. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 20.01.2023 во 10.30 часот Н.К.(18) од Скопје пријавил дека на 19.01.2023 околу 19.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од две лица кои ги познавал, а едното од нив употребило и тврд предмет. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 20.01.2023 во 11.30 часот А.С.(49) од Крива Паланка пријавила дека во канцеларија од јавно претпријатие во Крива Паланка по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка М.Т.С. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 21.01.2023 во 05.25 часот Ѓ.Ј.(34) од Кавадарци пријавил дека околу 04.10 часот во Кавадарци на паркинг пред угостителски објект бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 20.01.2023 во 18.43 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар во тобако две лица физички ја нападнале вработената и и одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 20.01.2023 во 12.00 часот З.Т.(42) од Тетово пријавила дека околу 10.00 часот во Тетово во продавница по претходно недоразбирање била физички нападната од С.С. од Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 20.01.2023 во 18.20 часот во Полициското одделение Жеровјане Г.В.(55) од с.Жеровјане пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син Х.В.(26). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 20.01.2023 во 18.10 часот Е.С.(39) од Гостивар, пријавил дека околу 17.00 часот во Гостивар неговиот малолетен син бил нападнат од неколку кучиња скитници и бегајќи од нив се удрил во железната порта од куќа и се здобил со повреда. 

 
 

На 21.01.2023 во 01.30 часот во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле приведени А.Б.(23) од Р.Албанија и А.С.(41) од Р.Украина поради сомнение за злоупотреба на туристички престој односно престојување спротивно на целта. Двете странски државјанки биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

                                      

На 20.01.2023 од 15.00 до 21.00 часот, при преземени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 19 возачи кои, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (10-надвор од населено место, 09-во населено место).

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, по текст објавен од еден портал, постирал коменар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство.