Денеска (08.01.2023) околу 01.15 часот, на место викано „Македонија пат“ на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци. При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица - мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан. М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.01.2023 околу 15.35 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на улица „Шуматовска“ во Гостивар, го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец М.А.. Кај него биле пронајдени и одземени четири пакувања со кафеава прашкаста материја - хероин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 07.01.2023 во 11.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 околу 18.50 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Драчево на место викано „Маркова Сушица“ лишени од слобода биле С.Б.(30) и Е.Б.(26), двајцата од с.Цветово. Имено, полициски службеници запреле патничко возило „лада плава“, натоварено со огревни дрва без соодветна документација, при што С.Б. кој го управувал возилото и неговиот совозач Е.Б. се дале во бегство, но набрзо биле фатени. Двете лица биле приведени во полициска станица, а возилото е предадено за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07/08.01.2023, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Штип е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 31 возач управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.
Денеска (08.01.2023) во 04.20 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково, патничко возило „фолксваген бора“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(22) од с.Стојаково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
На 07.01.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, А.И.(46) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 07.01.2023 полициски службеници од Полициска станица Центар и Бит Пазар во координација со Единица за интервентна полиција ги лишиле од слобода И.И.(31) и С.А.(36), двајцата од Скопје. Имено, постапувајќи по пријава во 12.02 часот за извршено кривично дело „кражба“ на поголем број предмети од куќа, извршена во временскиот период од 09.00 часот на 05.01.2023 до 22.45 часот на 06.01.2023, преземени се оперативни мерки и активности, при што за кратко време на подрачјето на Бит Пазар во Скопје е пронајдено возилото „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, со кое е извршено кривичното дело, а кое го управувал И.И.. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го појаснил начинот и времето на извршување на кривичното дело. Малку подоцна е приведен и С.А. кој, исто така, во службен разговор го појаснил времето и местото на извршеното кривично дело, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.
Денеска (08.01.2023) околу 14.00 часот, во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 48-годишната Х У. од ова село. При прeтрес извршен во нејзиниот дом со судска наредба било пронајдено експлозивно средство, рачна бомба и 1000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од неодамна пријавената кражба во куќа во гостиварското село Форино. Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и бидат изготвени соодветни поднесоци, додека експлозивното средство е подигнато и транспортирано од Дирекцијата за заштита и спасување. При претресот, исто така, од слобода е лишен и 52-годишниот С.У., поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
На 07.01.2023 во 22.00 часот А.К.(44) од Штип пријавил дека околу 21.00 часот на ул.„Гвадалахара“ бил физички нападнат од К.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.01.2023 во 23.30 часот Х.М.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 21.15 часот на бул.„Партизански одреди“, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 08.01.2023 во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје поради тоа што околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот. Тој е приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Р.И.(30) од с.Палчиште, Ј.И.(26) од с.Долно Палчиште и М.Х.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 31.12.2022 во близина на зграда на ул.„Штипска“ каде престојувала М.Х., била пронајдена торба со околу 600 грама „марихуана“, која била преземена од домот на И.Х. од страна на лицата пријавени за помагање.
На 07.01.2023 во 17.50 часот во с.Трубарево, скопско, од полициски службеници бил лишен од слобода Љ.Т.(60) од Скопје, поради тоа што физички ја нападнал неговата 81-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (08.01.2023) во 06.05 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив дошол В.В.(21) од Скопје со повреда од остар предмет во пределот на раката. Според пријавеното, тој со повредата се здобил на ул.„Драгиша Мишовиќ“ каде бил нападнат со остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.01.2023 во 21.50 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода З.С.(51) од Крушево, поради тоа што во угостителски објект во Крушево, по претходна расправија, со остар предмет се заканувал на малолетник од с.Пресил. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.01.2023 во 17.00 часот во Кочани од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода В.В.(42) од Кочани, поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.01.2023 во 15.00 часот С.Т.(27) од Штип пријавила дека во Штип, по претходна расправија, била физички нападната од Н.К.(32) од Штип. Исто така, во 17.10 часот Н.К. пријавила дека по претходна расправија била физички нападната од С.Т.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.01.2023 во 16.45 часот Д.Д.(38) од Крива Паланка пријавил дека на 02.01.2023 околу 16.45 часот во Крива Паланка, во дворот од неговата семејната куќа, О.А. со кого имале нерасчистени семејни односи, истурил течност и ја запалил, а потоа огнот сам се изгаснал. Увид извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 07.01.2023 во 22.00 часот Е.К.(61) од Гостивар пријавил дека во Гостивар, од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. На 22.09.2022, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „пежо“ врши јавен превоз на дрвни сортименти во патниот сообраќај, без притоа да поседува лиценца за вршење на јавен превоз издадена од надлежен орган - Министерство за транспорт и врски.
На 07.01.2023 во 20.35 часот во Полициската станица Гази Баба Ф.Р.(57) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка З.Р.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.01.2023 во 15.30 часот било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила: „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице, паркирано од А.М.(26) од с.Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(28) од истото село. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.
На 07.01.2023 во 12.30 часот Б.А.(31) од Гостивар пријавила дека во Гостивар била физички нападната од Н.Н.. Се работи на расчистување на случајот.