Извадок на дел дневните настани 01.01.2023

 Во периодот од 22.30 часот на 31.12.2022 до 02.30 часот на 01.01.2022 во спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(26) од Босна и Херцеговина, К.А.(19) од Скопје, Д.А.(20) од Скопје, А.М.(42) од Неготино и А.Д.(18) од Скопје. При преглед кај нив, кај Л.М. била пронајдена и одземена марихуана, кај К.А. била пронајдена прашкаста материја, кај Д.А. била пронајдена таблета, кај А.М. била пронајдена бела прашкаста материја и кај А.Д. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 31.12.2022 во 21.30 часот на ул.„Бледски договор“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ф.(43) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблет и кафеава материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2022 во 21.30 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода Е.П.(47) од Кичево затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 23.50 часот на ул.„Бледски договор“ во Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 14.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.И.(31), Ј.И.(26), двајцата од с.Долно Палчиште, тетовско, И.Х.(25) и М.Х.(28), двајцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив, кај И.Х. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 22.00 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2023 во 03.00 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода К.Н.(29) од с.Јанковец затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 15.40 часот на ул.„Никола Русински“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 20.00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Џ.С.(51) од с.Калиште, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 15.45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, при преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Скопје пронашле 3472 различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 16.40 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го привеле Р.С.Г.(46) од Република Бугарија затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира на стоп листа со мерка „лиши од слобода“ за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 187 и член 214-218 од Законот за кривична постапка. Лицето било спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 70 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 31.12.2022 околу 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Орде Чопела“ со ул.„Мире Цилкоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.С.(71) од Прилеп и мотоцикл „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(35) од Прилеп. По несреќата, Г.К. бил пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 01.01.2023 во 01.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Дојранска“ во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) од Богданци, кој бил пренесен во Општа болница Гевгелија за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија. Во 03.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.В.(37) од Богданци пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Дојранска“ во Богданци со своето патничко возило „фолксваген бора“ со гевгелиски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото затоа што, како што пријавил, немал телефон да повика помош. Според пријавеното, откако нашол негов другар се јавиле на 194. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2022 во 14.50 часот во Полициската станица Центар, Т.М.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„50-та Дивизија“ бил каснат од куче скитник.

На 31.12.2022 во 14.55 часот во Полициската станица Кичево, В.С.(35) од Битола пријавил дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Денеска (01.01.2022) околу 05.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во А.Ѓ.(21) од с.Кадино, скопско и во А.П. од с.Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 07.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Штип.

На 01.01.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Св.Килимент Охридски“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од неколку машки лица врз Ф.К.(21) и Г.И.(22), двајцата од Кавадарци. Според пријавеното, во нападот биле употребени и стаклени предмети, а бил оштетен и дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 05.30 часот во Полициската станица Центар, С.А.(31) од Сопиште пријавил дека околу 03.50 часот на работното место во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 05.05 часот на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2022 во 18.10 часот во угостителски објект на кеј „13 Ноември“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(44) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.01.2022 во 06.15 часот пред спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(30) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.01.2023 околу 04.30 часот во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле С.М.(19), А.М.(19), Ф.С.(22), П.М.(20), Х.П.(25), А.В.(25), А.Г.(25) и М.И.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.12.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко возило „мерцедес б180“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(41) од Прилеп. Повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 01.01.2023 околу 03.15 часот во СВР Куманово, Н.Г.(24) од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на ул.„Народна Ревоулција“ во Куманово, било оштетено од залутано зрно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје, С.К.(44) од Скопје пријавил дека околу 14.05 часот Ф.В. од Скопје му се заканил со пиштол поради претходно недоразбирање во неговиот угостителски објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 02.15 часот во СВР Скопје, В.В. пријавил дека во 01.45 часот во дом на подрачје на општина Аеродором бил физички нападнат од А.С.(21) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(38) од Скопје пријавил дека на 30.12.2022 околу 07.30 часот во автомеханичарска работилница на бул.„Борис Трајковски“ бил физички нападнат од Т.К.(35) и М.Б.(38), двајцата од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“, поради претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(42)-женско лице од Скопје, од една страна и Џ.Ј.(50)- женско лице од Скопје и Ф.С.(26) од Скопје, од друга страна.

На 31.12.2022 во 13.00 часот во СВР Куманово, А.Б.(39) пријавил дека околу 03.00 часот во неговата работилница во Куманово, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Д., кој притоа со тврд предмет оштетил стакла од работилницата и паркирано патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на синот на пријавителот. Според пријавеното, тој подоцна забележал дека во возилото бил предизвикан пожар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 05.50 часот во Полициската станица Куманово, Г.С.(41) од Куманово пријавил дека околу 04.10 часот пред угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од две лица, при што едно од нив се обидело со остар предмет да му нанесе повреда, но не успеало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 01.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 00.30 часот во казино во с.Петралица, општина Ранковце, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(33) од с.Гиновце, општина Ранковце и С.А.(25) од с.Петралица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Битола, М.Д.(45) од Битола пријавил дека во 18.10 часот во и надвор од неговиот занаетчиски дуќан во Битола бил физички нападнат со тврди предмети од Џ.Н., М.Н. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 09.50 часот во Полициската станица Прилеп, Р.Т.(73) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека на 24.12.2022 околу 10.00 часот во неговиот двор во с.Канатларци бил физички нападнат од неговиот внук Е.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 околу 02.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект на бензинска пумпа во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Г.(25) од с.Раклиш, од една страна и К.К.(20) и М.Т.(47), двајцата од Радовиш, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8x57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25), по што испукал еден куршум во воздух, а потоа Р.Н. се обидел физички да го нападне Б.Н. но тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н.. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 15.55 часот во Полициската станица Тетово, М.Ј.(58) од с.Голема Речица, тетовско, пријавил дека околу 14.00 часот во близина на неговиот угостителски објект кај место викано „Бањиче“ во Тетово бил физички нападнат од Б.Н.(49) од Тетово поради нерасчистени имотно - правни односи. Според пријавеното, Б.Н. претходно предизвикал пожар, при што му била опожарена настрешница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 15.40 часот во Полициското одделение Камењане, И.Б.(22) од с.Горно Седларце, тетовско, пријавил дека околу 15.20 часот во спортска обложувалница во с.Камењане, тетовско, по претходна расправија, бил физички нападнат од вработениот А.С.(40) од с. Камењане. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.А.(55) од Гостивар пријавил дека на 30.12.2022 околу 16.00 часот во Гостивар неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 21.30 часот во СВР Тетово, Л.Д.(30) од с.Сенокос, гостиварско, пријавил дека околу 17.45 часот во маркет во с.Добридол, гостиварско, тој и Ѓ.Д. биле физички нападнати од Џ.М. и С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 02.30 часот во Полициската станица Тетово, Е.А.(21) од с.Желино, тетовско, пријавил дека околу 01.30 часот во близина на угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 18.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Л.(33) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка З.Л.(68) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.01.2023 во 05.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Ч. од Скопје пријавил дека околу 03.15 часот бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 04.55 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во дом на подрачје на Кисела Вода А.Н.(24) од Делчево и К.С.(32) од с.Инџиково, скопско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 04.55 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Карл Либнехт“ бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.