На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.
Денеска (18.12.2022) во 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Железничка" во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.Х.(35) од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по цеолосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (18.12.2022) во 01.15 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Б.П.(21) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.12.2022 во 23.20 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.12.2022 во 15.10 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободаС.Р.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.12.2022 во 21.30 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода З.М.(46) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.12.2022 во 02.50 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР СКопје и Одделот за специјални полициски операции при МВР го привеле У.Д.(26) од с.Бојане, општина Сарај, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 17.12.2022 во 14,20 часот на ул.„ 16 Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Т.А.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 73 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла...
На 17.12.2022 во периодот од 09.00 до 14.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на СВР Охрид за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 35 возачи, од кои три за возење без возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 17.12.2022 околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2022 во 22.05 часот во Полициската станица Центар, Ј.Ј.(19) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.
На 17.12.2022 во 11.40 часот во Полициската станица Карпош, Л.П.(55) од Скопје пријавила дека на ул.„Франц Месеснел“ била касната од куче скитник.
На 17.12.2022 во 13.10 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Крале“ бил каснат од куче скитник.
Денеска (18.12..2022), во периодот од 04.00 до 08.00 часот, при акциска контрола во реоните каде се врши ловство, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција констатирале две кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. Во 05.50 часот во село Зрновци, од слобода бил лишен В.Н.(59) од село Зрновци затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Орозара“ калибар 16 со ремник и четири патрони калибар 16 и ловечка пушка „Бајкал“. Во периодот од 06 до 07.00 часот, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на Х.В.(24) од с.Митрашинци, беровско, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ИЖ-12“ калибар 16 мм и 33 патрони калибар 16 мм. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 17.12.2022 во 19.40 часот во с.Голема Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(57) од с.Мала Речица, тетовско. Тој се сомничи дека на 17.12.2022 околу 15.00 часот во угостителски објект во Тетово се заканил на Б.А.(30) од Тетово и се обидел со пиштол да пука кон него, но бил спречен. Кај лицето бил пронајден пиштол „Oraki 917-T“ калибар 9 мм и три куршуми. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.12.2022 во 01.05 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.З.(50) од Велес затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.К.(23) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. При контрола извршена на локален пат помеѓу кичевските села Црвевци и Колибари, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле марихуана.
На 17.12.2022 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.12.2022 во 17.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Валандово го привеле З.М.(69) од с.Дедели, валандовско, затоа што во с.Дедели физички со дрвен предмет го нападнал Ш.Ш.(47) од с.Куртамзали, дојранско. По докумнетирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид поради на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 07 и 10 декември 2022 година, на социјалната мрежа Фејсбук испратил пораки со заканувачка содржина кон шумочувар, вработен во ЈП „Национални шуми“-подружница Галичица.
На 18.12.2022 во 01.00 часот на ул.„Борис Крагер“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.И.(40) од с.Аргулица, општина Карбинци, затоа што недолично се однесувал
И ги вознемирувал станарите на околните згради. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.12.2022 во 06.20 часот во СВР Струмица, Р.Х.(37) од Струмица пријавила дека околу 03.30 часот во угостителски објект во Струмица нејзиниот сопруг М.Х. бил физички нападнат од лицето И.К. од Струмица. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(49) од село Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. Во текот на 2022 година, пријавениот на катастарска парцела во село Порој, сопственост на РСМ, изградил привремен објект со дрвена конструкција.
На 17.12.2022 во 21.10 часот во СВР Струмица, П.К.(47) од с.Иловица, општина Босилово, пријавил дека околу 13.30 часот во близина на Иловичка брана неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.К.. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2022 во 05.30 часот во СВР Струмица, лицето М.Г.(26) од Струмица пријавил дека околу 04.20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(38) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 21. 11. 2022 на граничен премин Табановце, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „цитроен“ врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган - Министерство за транспорт и врски.
На 17.12.2022 во 12.15 часот во СВР Струмица, С.Б.(39) од с.Баница, струмичко, пријавил дека во
Медицински центар Струмица, тој, неговата сопруга и синот биле физички нападнати од М.С. Д.С.,В.С., В.С. и Р.С., сите од село Баница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во Здравствен дом Свети Николе, Т.А.(47) од Свети Николе агресивно се однесувал и упатил закани кон дежурниот лекар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ж.Ј.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 19. 11. 2022 на автопатот А1, во правец кон Куманово, на наплатна рампа Романовце, полициски службеници го затекнале пријавениот како со патничко возило „мерцедес“ врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган - Министерство за транспорт и врски.
На 17.12.2022 во 21.26 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека околу 16.20 часот во викенд куќа во кривопаланечко село Ј.Ј. од Скопје физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга. По документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.12.2022 во 23.30 часот во ОВР Прилеп, Ф.Ј.(40) од Прилеп пријавила дека во 13.30 часот нејзината малолетна ќерка била физички нападната од И.Џ. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2022 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, В.П.(40) од Скопје пријавил дека на 15.12.2022 околу 02.30 часот на бул.„Партизански Одреди“ бил физички нападнат од Д.Ш. и уште едно лице поради должничко-доверителски односи. Се работи на расчистување на случајот.
На 17.12.2022 околу 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Шишево, скопско, К.Ц.(28) од с.Шишево го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Д.Ѓ.(47) од с.Шишево, при што употребил и метален предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2022 во 02.50 часот во СВР Скопје, Б.М.(49) од Скопје пријавил дека на 17.12.2022 во 22.50 часот на бул.„Партизански одреди“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2022 во 05.30 часот во СВР Скопје, Ц.В.(27) од Скопје пријавила дека околу 05.00 часот во угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ била физички нападната од едно машко лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2022 во 02.00 часот пред угостителски објект во с.Јурумлери, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.М.(22) од с.Идризово, скопско, Б.П.(27) од с.Јурумлери, С.П.(52) од с.Јурумлери и Г.Г.(46) од с.Идризово затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.12.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(20) од Скопје пријавил дека на 17.12.2022 околу 23.00 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и неколку други машки лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје, И.Б.(54) од с.Арачиново, скопско и З.Ј.(48) од Скопје, двајцата вработени во ЈСП, пријавиле дека во кругот на ЈСП биле физички нападнати од нивниот колега З.Г.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2022 во ОВР Прилеп, од болницата ,,Борка Талески“ во Прилеп било пријавено дека со здравствени проблеми кај нив била донесена Џ.П.(37) од Рeпублика Албанија, со живеалиште во с.Алинци, прилепско, која по укажаната лекарска помош починала. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 17.12.2022 околу 18.00 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес. Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 17.12.2022 година околу 19 часот во ПС Делчево машко лице се јавило телефонски и упатило закана за наводно поставена експлозивна направа на неколку локации во Делчево. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени потребните проверки и утврдено дека станува збор за лажна пријава.
На 18.12.2022 во 09.40 часот во Полициската станица Кочани, Л.П.(57) од Кочани пријавила дека на 17.12.2022 околу 14.30 часот кај брана „Градче“ таа и нејзиното куче – домашен миленик била нападнати и каснати од две кучиња.
На 18.12.2022 во 03.10 часот во Полициската станица Карпош лицето Ј.Т.(22) од с.Брајковци, валандовско, пријавил дека на ул.„Бледски Договор“ бил каснат од куче скитник.
На 17.12.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Струга, Г.С.(39) од Струга пријавил дека на ул.„Владо Малески“ бил каснат од куче скитник.
На 17.12.2022 во 15.50 часот во Полициската станица Кичево, К.М.(66) Кичево пријавила дека на улица „Влашки пат“ во Кичево била касната од куче скитник.