Дневни билтени

Извадок на дел дневните настани 30.11.2022

На 29.11.2022 во 11.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Т.Ј.(48), Ф.Ј.(20), Д.Б.(41), Џ.Ф.(35), Н.А.(36) и 17-годишник, сите од Тетово. При претрес во домот на Т.Ј., каде живее со нејзината ќерка Ф.Ј. и 17-годишниот син, а во кој биле затекнати и останатите лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Подоцна, во полициска станица, Ф.Ј. пријавила дека Д.Б. во повеќе наврати ја наведувал на проституција и дека заедно со Џ.Ф. и Н.А. ѝ овозможувале употреба на кокаин. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 29.11.2022 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Ј.(23) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Д.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (30.11.2022) во 02.10 часот на ул.„Призренска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје и А.Б.(43) од с.Бардовци, скопско. Тие се сомничат дека во периодот од 19.00 часот на 30.10.2022 до 08.00 часот на 01.11.2022 на ул.„Отон Жупанчиќ“ во Скопје одзеле повеќе предмети од патничко возило „тојота цхр“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(47) од Скопје. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица лицата го признале делото. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.11.2022 во 21.30 часот на патот од тетовско Камењане кон тетовско Јеловјане, полициските службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Б.Е.(27) од с.Жеровјане, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 30.11.2022 во 01.00 часот на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициските службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ч.Ф.(50) од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 29.11.2022 на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар - Бит Пазар, во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, го лишиле од слобода Џ.С.(24) од с.Шишево, скоспко, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 29.11.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(23) од с.Канатларци, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.11.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.Ј.(37) и Л.Ѓ.(41), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.11.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.11.2022 во 17.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле С.Х.(41) од Косово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека грчката дозвола за престој во неговата косовска патна исправа била фалсификувана. Лицето било предадено на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север - Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (29.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 195 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 15 мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење...

На 29.11.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 11 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за некористење сигурносен појас и 5 за непрописно паркирање.

На 29.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Н.(19) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 29.11.2022 во 15.55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, Ѓ.С.(74) од село Градско Балдовци, струмичко, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 29.11.2022 во 08.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.И.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ бил каснат од куче скитник.

На 29.11.2022 во 08.00 часот Полициската станица Кичево било пријавено дека нa локалниот пат за Крушино, С.Ѓ.(56) од Кичево, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата С.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 29.11.2022 во 12.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.С.(72) од Скопје пријавила дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ била касната од куче скитник.

На 28.11.2022 на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.В.(42), Х.М.(23) и Ѓ.М.(34) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а С.В. бил баран и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба“ на подрачјето на Битола. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица биле задржани во полициска станица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.11.2022 во гостиварски Вруток, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Ф.(58) од гостиварско Орќуше. Тој бил затекнат како со патничко возило „опел астра“, со гостиварски регистарски ознаки, превезува огревни дрва без соодветна документација и жиг. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка, додека возилото со дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција. По документирање на случајот против лицето ќе следи соодветна пријава.

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(51) од Кичево. Тој се сомничи дека физички ја нападнал и со огнено оружје се заканувал на неговата пријателка И.К.Т.(22) од Романија. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и 155 куршуми за пиштол, калибар 15 милиметри. Тој бил приведен во полициска станица, а за настанот бил известен Центарот за социјални работи Кичево, од чија страна се преземени мерки за згрижување на жртвата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (30.11.2022) во 09.00 часот на ул.„Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола во товарно возило „ман“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј.(35) од Штип, а управувано од Д.Ј.(69) од Штип. При контролата било констатирано дека со возилото се врши превоз на песок за извршување на градежни активности за потребите на Општина Кочани без поседување лиценца за јавен превоз. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(64) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола, извршена на 15.10.2022 на пресекот на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патничко возило „фолксваген голф“ и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

На 29.11.2022 во 14.00 часот во Полициското одделение Сарај, 46-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 15.000 денари. Според пријавеното, тие телефонски се договориле лицето од него да купи машина, по што лицето повторно му се јавило и побарало од него кога ќе доаѓа во Скопје да застане во село Чајлане, скопско и на едно лице да му ги даде парите, а откако ќе се сретнеле во Скопје, тој ќе му ги врати. Како што е пријавено, откако ги дал парите дошол во Скопје, но не можел да го добие лицето на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „давање лажен исказ“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 16.12.2021 пријавениот побарал замена на возачка дозвола поради губење, дотраеност и оштетеност, за што своерачно поднел изјава дека возачката дозвола на негово име со важност до 10.07.2025 година ја изгубил, доставувајќи барање за нова возачка дозвола. Од страна на МВР-Скопје, издадена му е нова возачка дозвола со впишана мерка ,,забрана“ за управување на моторни возила од ,,Б“ категорија во траење од 12 месеци. На 02.04.2022 од страна на полициски службеници на бул.„Трета македонска бригада“, бил сопрен со патничко возило заради контрола на патни документи, при што пријавениот ја приложил возачката дозвола која претходно ја пријавил за изгубена.

На 29.11.2022 во Полициската станица Струмица било пријавено дека Ж.П.(56) од село Ораовица, радовишко, се здобил со повреди при извршување работни задачи во трафостаница во Струмица. Лицето било пренесено во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош. Увид извршиле трудов инспектор и екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола, извршена на 11.11.2022 на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патничко возило „фолксваген голф“ и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

На 29.11.2022 во 14.30 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека при извршување работни задачи во фабрика во Пехчево со повреди се здобила С.М.(48) од с.Црник. Од екипа на Итната медицинска помош на С.М. и била укажана лекарска помош, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Берово.

На 29.11.2022 во 22.30 часот во Полициската станица Центар, И.В.(30) од Скопје пријавил дека околу 21.20 часот во објект на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје бил физички нападнат од неговиот колега А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.11.2022 околу 10.10 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода – Скопје, по недоразбирање во сообраќајот, А.П.(41) од Битола физички го нападнал Т.Г.(21) од Неготино, двајцата со престојувалиште во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.11.2022 во 16.15 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ѓ.(43) од Скопје пријавила дека на 16.11.2022 околу 20.45 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром - Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(20) од с.Ларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.09.2022 во холот од средно училиште во Тетово пријавениот физички нападнал малолетник кој бил ученик во училиштето.

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Ѓ.(35) од Скопје пријавил дека околу 14.50 часот во круг на претпријатие во населба Автокоманда - Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Т.(24) од с.Синичане, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 10.08.2022 пријавениот пукал со пиштол кон неговиот брат Д.Б.(29) од с.Синичане.

На 29.11.2022 во 19.29 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Б.(40) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот пред училиште во населба Илинден - Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава Ш.С.(18) од с.Ларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 17.09.2022 било пријавено дека тој испраќал СМС пораки на малолетничка од тетовско, со која бил во љубовна врска, уценувајќи ја дека ќе објави нејзини фотографии со недолична содржина.

На 29.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Киро Глигоров“, при што бил опожарен предниот дел од објектот. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.