Извадок на дел од дневни настани 27.11.2022

 На 26.11.2022 во 23.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 
 

На 26.11.2022 во 20.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(35) од Македонски Брод, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
         

На 26.11.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(21) од Скопје, затоа  што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 

На 27.11.2022 во 02.50 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Л.А.(45) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и воздушен пиштол “глок“. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 

На 26.11.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(23) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.11.2022 во 08.50 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром“-Скопје“ при влез во РСМ, при извршена пасошка контрола констатирано било дека Ј.Ф.(27) од Р.Турција евидирал во оперативна евиденција со мерка “апси“ по барање од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
                                         

 

На 26.11.2022 во 10.50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Васил Ѓоргов“ патничко моторно возило “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(52) од Скопје, удрило во Д.М.(73) од Скопје. Во несреќата Д.М: се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

На 27.11.2022 во 01.15 часот на ул.“Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол “берета“ за кој не поседувал дозвола.. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 

На 26.11.2022 во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко моторно возило “хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(66) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.Б.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

По преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле Џ.М.(18) и Д.М.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј “Димитар Влахов“ во Скопје извршиле разбојничка кражба врз С.Б.(26) и му одзеле пари. По лишувањето од слобода, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело. По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од КЗ на РСМ.

         
 
 

На 26.11.2022 во 14.10 часот било пријавено дека на патот Битола-Пелистер пред с.Магарево патничко моторно возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(18) од Битола, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Р.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

 

На 26.11.2022 во 22.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 

На 26.11.2022 во 12.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор, пред мостот на река Тополка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.М.(45) од с.Мартолци, и патничко моторно возило “југо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.О.(37) од Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.О., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Л.О.(60) од Чашка, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

 
 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила...

 
 

На 26.11.2022 во 12.50 часот на Граничниот премин “Табановце“ лишен од слобода е Л.Б. (26) од Р. Албанија затоа што приложил туѓа грчка лична карта на име на Р.А.(25) од Р.Грција. При извршен преглед кај него била пронајдена албанска патна исправа на име Л.Б.(26) од Р.Албанија. Тој е лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.   

На 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с.Моноспитово-струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со трактор удрил во метална шипка од пластеник и притоа се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

                                

На 26.11.2022 во 14.20 часот било пријавено дека во село Батинци-скопско малолетник со остар предмет му нанел повреда на друг малолетник, со кого се познавале. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 26.11.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен. Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.11.2022 во 02.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.“Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од с.Грчец-скопско, и патничко моторно возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(28) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.З., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 
 

На 27.11.2022 во 00.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода по претходно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу К.А.(28) од с.Горно Соње и Н.Б.(43) од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 26.11.2022 во 08.57 часот во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на расчистување на случајот.

 
 

На 26.11.2022 во 22.17 часот Ј.Ј.(30) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од А.Н. Се работи на расчистување на случајот.

 
 
 

На 26.11.2022 во 09.10 часот Ф.Б.(32) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 
 
 

На 26.11.2022 во 14.20 часот Б.С.(25) од с.Арачиново-скопско пријавил дека во н.Илинден-индустриската зона бил физички нападнат со тврди предмети од Џ.А. А.А. и Б.А. Се работи на расчистување на случајот.

 
 
 

На 26.11.2022 во 20.30 часот С.Ј.(20) од Прилеп пријавил дека околу 17.00 часот на патниот правец Присад-Прилеп, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од Г.Т. Се работи на расчистување на случајот.

 
 
 

На 27.11.2022 во 03.30 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.А.(33) и Б.Џ.(35), двајцата од с.Обедник-демирхисарско од една страна, и Б.З. од Битола од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.

 
 

На 27.11.2022 во 05.15 часот во Струга од полициски службеници од Полициската станица Струга бил лишен од слобода Б.Д.(41) од с.Ливада-струшко затоа што околу 04.40 часот во казино во Струга со остар предмет го нападнал А.С.(31) од с.Велешта-струшко. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 27.11.2022 во 04.15 часот Т.Б.(20) од Велес пријавил дека во Велес бил физички нападнат од Д.Ј. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 27.11.2022 во 00.33 часот Т.К.(49) од с.Пепелиште-неготинско пријавил дека на 26.11.2022 околу 22.30 часот во с.Пепелиште бил физички нападнат од А.Р. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 27.11.2022 во 04.14 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола во бензинска пумпа едно лице со закана од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.