Извадок на дел од дневни настани 26.11.2022

 На 25.11.2022 во 17.40 часот на подрачје на Карпош, Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Е.С.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 25.11.2022 околу 19.30 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ј.Р.(22) од Скопје пријавила дека на ул. Виничка била касната од куче скитник.

 

На 25.11.2022 во 22.45 часот на подрачје на Кисела Вода, Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е П.К.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 25.11.2022 во 22.20 часот на подрачје на Гази Баба, Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е О.П.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 26.11.2022 во 02.30 часот на подрачје на Гази Баба, Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Д.З.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 25.11.2022 во 13.10 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е Ф.Б.(34) од Тетово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за непрописно престигнување и обиколување...

 

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово на 24 и 25.11.2022 лишија од слобода три лица Е.С.(38)од Битола, И.Н.(48)од Прилеп и А.А.(46) од с.Лажани, општина Долнени, поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с.Подмочани ,ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен. Тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 25.11.2022 во 15.30 часот на ул."Втора македонска бригада" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(53) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 25.11.2022 во Битола од страна на полициски службеници од полициската станица Битола биле лишени од слобода И.С.(41) и Д.К. (25), двајцата од Битола. Кај лицата е пронајдена грутчеста материја и марихуана.Тие се приведени во полициска станица Битола и ќе следува соодветна пријава.
 
На 25/26.11.2022 година, во времето од 23.00 часот до 03.00 часот,од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција и од униформираната полиција при СВР Битола, по претходно изготвен план, спроведена e акциска контрола во шест угостителски објекти во Битола. При контролата, во четири угостителски објекти затекнати се седум малолетници подоцна од 24 часот. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 
На 25.11.2022 во 20.00 часот во Полициска станица Прилеп, Г.Т. пријавил дека во продавница во Прилеп едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.11.2022 околу 20.45 на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишена од слобода Џ.М.(18) по претходна пријава од С.Б.(26) и А.Д.(36), дека на паркинг на подрачје на Центар, таа и уште едно лице со закана со остар предмет им одзеле пари, при што на А.Д. му нанеле и повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 26.11.2022 во 03.00 часот во Полициска станица Центар, М.Г.(19) од Скопје пријавил дека на 25.11.2022 околу 23.45 часот во угостителски објект на подрачје на Центар тој заедно со уште еден малолетник биле физички нападнати од четири лица, кои употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.        
 
На 25.11.2022 околу 17,30 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Патрис  Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат М.О.(26), при што од лекар е констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
 
На 25.11.2022 во 22.00 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје лишен од слобода е А.Ц.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.11.2022 во 11.20 часот во Полициска станица Кисела Вода В.Б.(19) од Радовиш пријавил дека на 24.11.2022 околу 20.00 часот во студентскиот дом на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од А.А.(19) од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 26.11.2022 во Полициска станица Центар А.К.(19) од Битола пријавила дека околу 03.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар била физички нападната од П.И.(19) од Битола, кого го познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 26.11.2022 во 09.10 часот во Полициска станица Бит Пазар Ф.Б.(32) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 26.11.2022 во 01.10 часот во Полициско одделение Петровец М.М.(25) од населба Илинден, Скопје пријавил дека околу 01.00 часот пред угостителски објект во населба Илинден по претходна расправија бил физички нападнат од Б.С.(38) од с.Мршевци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.11.2022 околу 16.30 часот во Полициска станица Кратово е пријавено дека во Кратово по претходна расправија Г.М.(53) од Кратово физички нападнала малолетничка од Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 26.11.2022 во 10.00 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека кај место викано „Смолево“ во близина на манастирот „Св. Атанасиј“ била пронајдена неексплодирана минофрлачка граната со кал. 82 мм. од Првата светка војна, која е безбедно подигната од пиротехничар.
 
На 25.11.2022 во 09,00 часот во Полициска станица Свети Николе е пријавено дека во фирма во с. Сарамзалино по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.К.(45) од с. Мартолци, велешко и С.Ф.(54) од с. Мамутчево, велешко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.11.2022 во 19.20 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово приведени се Ј.А.(22), Е.Х.(18) и уште тројца малолетници, сите од тетовско, затоа што според пријавеното во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 26.11.2022 во 02.55 часот во СВР Скопје е пријавен пожар во угостителски објект лоциран во скопската населба Скопје Север, а сопственост на М.М.(35). Пожарот е изгаснат, а при интервенцијата за гаснење на пожарот еден полициски службеник се здобил со повреди и вдишил чад, поради што бил пренесен во КЦ Мајка Тереза. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.11.2022 во 18.30 часот во с.Здуње, гостиварско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода И.К.(29) од с.Здуње затоа што според пријавеното му упатил закани со пиштол на неговиот роднина В.М.(31) од Гостивар, при што кај пријавениот е пронајден и одземен пиштол ,,EKOL DIELE,, кал.9мм. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.11.2022 во 14.35 часот во Полициска станица Гостивар Д.Р.(49) од с.Чегране пријавил дека околу 12.30 часот во Гостивар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.11.2022 околу 19,00 часот во Полициска станица Гостивар Е.С.(20) од Гостивар пријавил дека во Гостивар бил физички нападнат од две лица кои употребиле метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.11.2022 во 22.00 часот во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово е приведен С.В.(57) од Р.Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека истиот незаконски престојува во државата (непријавен престој). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.11.2022 14,00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа во с.Кучково бил пронајден починат Т.Р.(60) од с. Кучково. Од лекар од итна медицинска помош е констатирна смрт без траги на насилство, а телото било во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.