На 24.11.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(45) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.А.(33) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 околу 20.00 часот во гостиварско Сенокос, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.Џ.(26) и А.А.(28), двајцата од селото, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, марихуана била пронајдена и при претрес извршен во објект на И.Џ. во с.Сенокос. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
На 24.11.2022 во 23.30 часот на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(48) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од девет години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување две годни и пет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 24.11.2022 околу 13.00 часот на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот тетовец Н.С.. Тој бил баран потерница по судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово“. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.
На 24.11.2022 во 09.10 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со Д.И.(26) од с.Возарци, кавадаречко. Тој се сомничи дека на 23.11.2022 околу 21.30 часот, додека бил на гости кај 48-годишен маж од с.Возарци, одзел паричник со 65.000 денари и лични документи. Дел од одземените пари и документи биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.
На 24.11.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(21) од Куманово и МД.(23) од Велес. Тие се сомничат дека на 20.11.2022 во 13.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово физички го нападнале А.Р.(37) од Куманово и му одзеле паричник. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 24.11.2022 на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола ги лишиле од слобода М.М(24), Д.Т.(24) и В.Т.(24), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2022 во 13.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 11 мерки возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...
Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 91 возачи. Од нив 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 24.11.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, патничко моторно возило „дачиа дастер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(43) од Скопје, удрило во В.Р.(76) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Р. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.11.2022 во 20.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Василев“ со ул.„Ристо Ќурчиев“ и ул.„Ката Поцкова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(49) од Струмица и мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 24.11.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „алфа ромео“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(29) од Гостивар, удрило во тротинет управуван од малолетничка од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
На 24.11.2022 во 11.10 часот во Полициската станица Центар, Л.М.(18) од Крива Паланка пријавил дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 24.11.2022 во 18.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Н.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Виничка“ бил каснат од куче скитник.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.М.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 26.05.2022 возач на автобус пријавил дека пронашол тревкаста материја на Автобуската станица во Велес, која била испратена во пратка со алишта, која ја подигнал пријавениот. Подоцна е утврдено дека станува збор за марихуана.
На 24.11.2022 во 17.50 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека починал Р.В.(27), осуденик во Казнено - поправната установа Затвор Идризово. Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 24.10.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, вага и шприц со кафеава течност.
На 24.11.2022 година во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп. Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција.
На 24.11.2022 во ОВР Ресен, И.М.(68) од Ресен пријавил дека на ул.„29 Ноември“ во Ресен бил каснат од куче скитник.
На 24.11.2022 во ОВР Прилеп, С.А.(62) од Прилеп пријавила дека на ул.„Тризла“ во Прилеп била касната од куче скитник.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Гевгелија при Регионалниот центар за грнаични работи Југ поднесе кривична пријава против К.Д.(67) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”. На 25.06.2022 на регионалниот пат 1108, на влезот на с.Ново Конско, пријавениот бил затекнат како со патничко возило врши превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за такси возач.
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Л.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривична дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“. Во периодот од 16.05.2019 до 04.11.2019 пријавената ја злоупотребила својата службена положба како директор на правно лице и во име на материјални трошоци, неосновано од трансакциската сметка во 21 наврат подигнала парични средства во вкупен износ од 2.008.851 денари. Спротивно на законските одредби таа не ги евидентирала во деловните книги и не водела сметководствена евиденција, туку предметните налози ги уништила, а паричните средства ги присвоила за себе. На тој начин го оштетила правното лице за истата сума.
На 24.11.2022 во 15.30. часот во Полициската станица Делчево, од Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ во Делчево било пријавено кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.П.(62) од с.Вирче, делчевско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал градежни работи за фирма од Делчево. Увид извршиле екипа од Полициската станица Делчево и трудов инспектор.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Б.(30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори" и ,,овозможување на употреба на наркотични дроги". На 03.09.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја набавил од лице од Скопје заради продажба.
СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава против А.К.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.11.2022 на ул.„Ќемал Сејфула“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(74), Л.Н.(42), Ж.Н.П.(54) и Г.Т.(54), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од почетокот на јануари до средината на август, В.Т. како стечаен управник на правен субјект организирал и обезбедил услови на Л.Н., Ж.Н.П. и на Г.Т., кои биле вработени, да работат нелегално. Тие, иако знаеле дека поради констатитрани неправилности од Министерството за здравство му била одземена лиценцата за одгледување на растението канабис за медицински цели и отворената стечајна постапка за правниот субјект, продолжиле со производство во фабриката.
Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 287 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
На 24.11.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Кочани, Ѓ.Д.(79) од Кочани пријавил дека околу 10.00 часот во пазарот во Кочани бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале кон нив и ги навредувале, по што биле приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.11.2022 во 16.40 часот Полициската станица Струга, А.М.(36) од с.Мороишта, струшко, пријавила дека околу 09.30 часот пред основно училиште во с.Драслајца нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници-ученици во истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.11.2022 во 14.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Ц. (20) од Скопје пријавил дека на подрачје на Кисела Вода две лица со закана му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Единицата за економски и комјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Б.А.(52) од Република Бугарија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавената, во поднесената задолжителна годишна даночна пријава за 2020 година не ги пријавила реализираните приливи на својата девизна сметка во вкупен износ од 111.151 американски долари. На тој начин го одбегнала плаќањето на данокот на личен доход од 10% и го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 607.998 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ц.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 17.09.2022 на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед во возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Глок 9x19“ со две рамки и 30 куршуми со калибар 9 мм.
Денеска (25.11.2022) во 14.45 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица постапувајќи по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата кој се спроведува на територија на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица. Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ш.(70) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 08.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол марка „Валтер“ со една празна рамка за него и 13 куршуми калибар 7,65 мм.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ќ.П.(62) од с.Слатински Чифлик, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.06.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка „Црвена застава“ калибар 16мм, 45 куршуми со калибар 12мм и 12 куршуми со калибар 16мм.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.08.2021, при одржување на музички настан, полициски службеници при преглед кај пријавениот, пронашле таблети екстази и амфетамин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од с.Лисичани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.06.2022 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(37) од Охрид, М.И.(34) и А.М.(29), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.09.2021 во куќа во изградба на ул„Славеј Планина“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед кај второ и третопријавениот, при што кај нив бил пронајден хероин, кој го набавиле од првопријавениот.