Извадок на дел од дневни настани 23.11.2022

Денеска (23.11.2022) во 09.35 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 22.11.2022 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 28-годишниот тетовец А.Х. за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 22.11.2022 во 20.05 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(19) од Скопје. При претрес во неговиот дом, на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и една вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 околу 13.20 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 32-годишниот М.О. од Тетово за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 22.11.2022 во 23.50 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(38), Ј.Ф.(27), П.С.(31), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот предизвикале пожар во патничко возило „киа венга“ со бугарски национални ознаки, сопственост од Т.Н.(48) од Прилеп, паркирано на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 во 20.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Е.(39) и З.Н.(45), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 22.11.2022 во 21.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.К.(26) од Валандово. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерси криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари" по член 268 Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објет во Скопје. По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана.

На 22.11.2022 во 15.30 часот во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица Битола го лишиле од слобода А.Ј.(25) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе таблетки. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2022 во 23.30 часот на Граничен премин „Богородица“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Е.(26) од Република Албанија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека недостасуваат неколку страници во неговата патна исправа и дека нема излезен печат од Република Грција. Лицето било предадено во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден (22.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 127 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 57 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 10 мерки возење без возачка дозвола, седум санкции за непочитување на првенство на минување. Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол...

На 22.11.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 25 прекршоци, од кои 15 во населено место и 10 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за некористење заштитна кацига и 7 за непрописно паркирање.

Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштад „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т.(31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(54) од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски онаки, управувано од Д.Н.(21) од Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т.(56) од Битола, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото - З.З.(54), С.А.(54), П.С.(57), Б.К.(66) и Н.Н.(56), сите од Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 22.11.2022 во 07.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, А.Ќ.(25) од с.Велушина, битолско, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излегол од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 22.11.2022 околу 19.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(47) од Велес, удрило во велосипед управуван од Х.У.(22) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Велес. По овластување од Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 22.11.2022 во 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Беличица“ во Гостивар, патничко возило „даеву“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот гостиварец Г.П., удрило во 67-годишниот пешак М.Ш. од Гостивар. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 22.11.2022 околу 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата на патот помеѓу гостиварските села Чајле и Балиндол, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ќ.М. од Балиндол, удрило во велосипед што го управувал 64-годишниот гостиварец С.Ј.. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 22.11.2022 во 13.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Ј.(63) од Скопје пријавила на ул.„Благоја Стефковски“ била касната од куче со сопственик. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 23.11.2022 во 01.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле Б.Т.(20) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 22.11.2022 во 18.00 часот на место викано „Мегдан“, атар на Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го затекнале С.П.(30) од Кочани при бесправна сеча на огревно дрво. Дрвната маса и една рачна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.11.2022 во 11.27 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека кај нив бил донесен В.С.(60) од Кичево, со повреди од каснување од куче. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било утврдено дека на 21.11.2022 во дворот на семејната куќа во с.Козичино, кичевско, В.С. бил каснат од куче раса „кангал“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2022 околу 18.30 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста „Бошков мост“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот Е.А. од с.Могорче. Тој бил пријавен дека половина час пред тоа физички се пресметувал со 42-годишниот А.З. и неговата 41-годишна сопруга Ф.З. во дворот пред нивната семејна куќа, а на што му претходела нивна меѓусебна вербална расправија. Според пријавеното, Е.А. во пресметката користел и остар предмет со кој ги повредил сопружниците А.З. и Ф.З.. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(65) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола, извршена на 24.08.2022 на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето моторно возило и констатирале дека тој не поседувал соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 22.11.2022 во 22.40 часот во казино во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.А.(51) од с.Трубарево затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, С.А.(43) од Крива Паланка пријавил дека во 15.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од И.Ш.(31) од с.Сарај, скопско и Б.Љ.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во приватно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.11.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(15), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.11.2022 во 00.10 часот во населба Хиподром – Скопје, полициски службенци од СВР Скопје ги привеле Ж.Б.(47) и Г.С.(47), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Битола - ОВР Ресен поднесе кривична пријава против С.У.(52) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз дете. На 09.11.2022 во Ресен, на место викано „Бараки Стара Слога“, пријавениот физички нападнал малолетник кој престојувал во неговиот дом.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 25.08.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле 29 банкноти во апоени од по 100 евра, за кои по извршено вештачење од Народна банка на Република Северна Македонија било утврдено дека се фалсификати.