Извадок на дел од дневни настани 22.11.2022

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка" по член 274-б од Кривичниот законик. Во текот на 2021 и 2022 година, пријавениот обезбедил банкарски податоци од вистинска платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил сопственикот на платежната картичка.

На 22.11.2022 во 01.30 часот на ул.„Даме Груев“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода И.Ж.(28) од Битола, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил приведен во полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2022 во 22.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.Т.(22) од село Еднокуќево, струмичко, затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2022 околу 21.20 часот на локален пат за тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот Е.И. од тетовско Милетино, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.11.2022 околу 19.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Ф.(18) од гостиварско Калиште и Д.Ф.(19) од гостиварско Неготино, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 21.11.2022 во 14.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2022 во 14.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека С.Д.(24) од Скопје се наоѓа во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје, СМПС-Одделение за потраги. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (21.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 91 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, седум мерки возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила. Изречени се четири мерки за користење мобилен при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 21.11.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 15 во населено место и 13 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање.

На 22.11.2022 во 00.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, управувано од Т.Р.(39) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.А.(30) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Т.Р. и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 21.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Т.(41) од Скопје пријавила дека во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 21.11.2022 во 17.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек на улиците „Илинденска“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот тетовец А.Б., удрило во А.И.(55), исто така, од Тетово. Во несреќата, А.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 21.11.2022 во 09.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Г.(59) од Скопје пријавил дека на трим патека во населбата „11 Октомври“ бил каснат од куче скитник.

На 21.11.2022 во 18.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „матиз“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот тетовец С.И., удрило во Н.Н.(38) од тетовско Боговиње. Во несреќата, Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 21.11.2022 во 22.05 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(32) од Тетово пријавил дека на ул.„Никола Русински“ бил каснат од куче скитник.

На 21.11.2022 во 22.30 часот на експресниот пат Штип-Скопје, кај населбата „Три чешми“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле С.В.(38) и Р.С.(46), двајцата од Велес, затоа што при контрола на возилото во кое се превезувале, кај С.В. биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и таблети. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.11.2022 во 19.00 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки. Возилото не застанало и набргу удрило во товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(63) од Гевгелија, по што возачот го напуштил местото. По преземени мерки, во близина на настанот биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија. Тие биле спроведени во прифатно - транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ф.Н.(22) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.10.2022, при преглед кај него, полициски службеници од ОВР Кавадарци пронашле и одзеле марихуана, додека при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин.

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 31.10.2022 до 05.11.2022, пријавениот неовластено набавил банкарски податоци на лице од Штип и извршил 31 успешна трансакција од седум правни лица во Штип, со што причинил материјална штета од 222.432 денари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(57) од Радовиш и Д.Р.(40) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тие, на 24.06.2022, по текст од интернет портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, постирале коментари со кои ширеле говор на омраза.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.З.(53) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој, на 20.05.2022, пред овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор во општина Дебар прикажал лажен договор за закуп на земјоделско земјиште, наводно склучен со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На 21.11.2022 во 20.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 18.00 часот во тетовско Теарце, во месноста „Бигор“, 38-годишниот С.С. од тетовско Рогачево, вработен во ЕВН Македонија, при извршување работни задачи се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На 21.11.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка кај Транспортен центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници. По пријавување на настанот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода излегле на местото и во автобус бр.74 на ЈСП кај малолетник од с.Горно Количани, скопско, бил пронајден и одземен нож. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 21.11.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на подрачје на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Н.(24), 19-годишната Х.Г. и Д.М.(19), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2022 во 17.50 часот во Полициската станица Чаир, 26-годишна скопјанка пријавила дека околу 13.00 часот на паркинг на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиното момче В.Т.(36) од Скопје. В.Т. подоцна пријавил дека околу 13.30 часот на паркинг на подрачје на Чаир бил физички нападнат од У.С., мајка на неговата девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.11.2022 во СВР Битола, K.И. (30) од Битола пријавил дека на ул.„Партизанска“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 21.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.56 часот на бул.„Партизански одреди“, пред објект на фирма за вршење поштенски услуги, две лица со закана кон вработениот одзеле чанта со пари и документи, сопственост на фирмата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.11.2022 во СВР Битола, С.Ш.(59) од Битола пријави дека на ул.„Гаврило Принцип“ во Битола бил каснат од куче скитник.

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.И.(37), Д.В.(39), В.А.(19), В.А.(25) и С.Ѓ.(28), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 16.11.2022 во угостителски објект во Радовиш, А.И. физички го нападнал Д.В., по што Д.В. и В.А.(19) физички го нападнале А.И., а во нападот се приклучиле и В.А.(25) и С.Ѓ..

На 21.11.2022 во 14.10 часот во Полициската станица Струмица, В.Љ.(40) од Струмица пријавила дека на улица „Маршал Тито“ во Струмица нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 21.11.2022 во 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„Тодор Чангов“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.