На 06.11.2022 околу 17.00 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец З.С.. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во трговски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 44-годишниот гостиварец Р.С., при што одзел повеќе предмети. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 07.11.2022 во 00.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.11.2022 во 23.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(23) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.11.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(24) од Република Албанија затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.11.2022 во 16.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(20) од Велес затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.11. 2022 во 21.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(20) од Арачиново и Е.Д.(18) од Прилеп затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 40 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за користење мобилен телефон при возење...
Во текот на вчерашниот ден (06.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 270 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место.
На 06.11.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци, од кои 14 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 3 за нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.
На 06.10.2022 во периодот од 10.00 до 14.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Струга, полициските службеници санкционирале 28 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење, од кои 21 надвор од населено место и 07 во населено место.
На 06.11.2022 во 15.54 во СВР Битола било пријавено дека на локален пат за с.Рамна, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „митсубуши пајеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(34) од Битола и патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од с.Алданци, крушевско. Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола се здобила З.И.(60) од с.Алданци, сопатничка во возилото „ауди“. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 06.11.2022 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, пред Скудрињски мост, патничко моторно возило „митсубиши пајеро“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Р.И. од с. Требиште, излетало од коловозот. Во несреќата, сопатничката З.И.(62) се здобила со тешки телесни повреди, а другите две сопатнички Д.С. и Е.А. се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
На 06.11.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ малолетник од Скопје бил каснат од куче скитник.
Денеска (07.11.2022) во 11.50 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М. од с.Горно Чичево, општина Градско, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување мна казната.
На 06.11.2022 околу 19.50 часот во с.Виничани, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.С.(75) од с.Виничани. Во близина на железничката постојка во с.Виничани, тој испукал еден куршум во воздух од огнено оружје. Тој бил приведен во полициска станица и кај него била пронајдена и одземена ловечка пушка. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (07.11.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите кои вршат непрописно престигнување. При контролата, откриени и санкционирани се вкупно 29 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-9). На возачите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и 9 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-2).
На 06.11.2022 во 13.03 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Истевник, делчевско, К.Ј.(34) од Делчево, управувајќи трактор „махиндра“ со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Тој се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничка болница во Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица Делчево.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(50) од Охрид и против правен субјект од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 03.10.2022 на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, полициските службеници го затекнале И.С. при превоз на патници со патничко возило „мерцедес“, сопственост на правниот субјект, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
Во текот на октомври годинава на поширокото тетовско подрачје регистрирани се вкупно 60 сообраќајни несреќи, што е 11 помалку во споредба со истиот минатогодишен период. Покрај ова, намален е и бројот на повредени лица, а во октомври годинава нема човечки жртви, наспроти 2 лани. Најчести причини за несреќите биле неприлагодена брзина според условите на патот, неправилно вршење на дејствие и непочитување првенство. Минатиот месец вкупно биле изречени 725 мерки за неприлагодена брзина, 91 за непрописно престигнување, 40 за недавање предност на пешаци...
На 06.11.2022 во 07.30 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(24) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот во и пред угостителски објект на ул„Архиепископ Доситеј“, по претходно недоразбирање, тој, К.М. и Т.Д. биле физички нападнати од неколку лица. Според пријавеното, притоа му биле одземени накит и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2022 во 21.10 часот во Полициска станица Кисела Вода, С.Ѓ.(29) од Скопје пријавила дека во 19.30 часот пред продажен објект на ул.„Народни херои“ била физички нападната од Д.Ѓ.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2022 во 20,00 часот во Полициска станица Гази Баба, Л.И.(23) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на паркинг во трговски центар на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Центар, Е.К. од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на ул.„11-ти Октомври“, во парк „Жена Борец“, едно лице со закана одзело личен предмет од неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.П.(18) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 16.10.2022 во близина на угостителски објект во Кочани, пријавениот физички нападнал 16-годишен малолетник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. На 06.10.2022, пријавениот додека одржувал настава во клас на деветто одделение, физички нападнал 13- годишен ученик.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ш.(36) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.08.2022, кај Осломејска крстосница, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.