На 22.09.2022 во 22.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистчки работи Аеродром и Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Битола, поради сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела. Тој се сомничи дека на 20.06.2022 извршил „тешка кражба“ во пекарница на ул.„Мајски цвет“, при што одзел пари, на 17.09.2022 извршил „кражба“ во книжарница на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, при што одзел паричник, на 20.09.2022 одзел електричен тротинет на ул.„Никола Малешевски“ и на 22.09.2022 извршил две „кражби“ во продажен објект на ул.„Варшавска“, при што одзел два паричника, додека од приватна медицинска установа одзел ранец со пари и лични документи. Кај него бил пронајден тротинет, купен со пари кои потекнуваат од кривичните дела, картички од кражба во приватна лабораторија, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Со него бил затекнат и малолетникот А.О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа бил вратен на старателот. За случајот бил известен Јавен обвинител, а малолетникот бил предаден на социјален работник од Центарот за социјални работи Битола. По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.09.2022 во 00.30 часот во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот А.Н. од тетовско Одри, затоа што кај него бил пронајден кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 22.09.2022 околу 15.00 часот на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец М.Б., кај кого била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
На 22.02.2022 во 16.40 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Р.(21) од с.Батинци, скопско, затоа што управувал возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблици, кои биле одземени од патничко возило „опел зафира“ на 31.08.2022 година. Претходно, тој со возилото се движел од патарина „Петровец“ кон Скопје, по што на семафори од крстосница од бул.„Александар Македонски“ и ул.„16. Македонска бригада“ го оставил возилото и се дал во бегство, но набргу бил фатен. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет. Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесниц и во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли...
Во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното а две возила се движење со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, 103 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.
На 22.09.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 21 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 36 други видови на прекршоци, од кои 5 за нерегистрирано возило, 14 за управување возило без возачка дозвола, 7 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон, 1 за неноење заштитна кацига и 4 за непрописно паркирање.
Во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 33 биле исклучени од сообраќај. Од нив, 59 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 23 возачи, од кои 13 ја пречекориле брзината во населено место и 10 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 22.09.2022 од 11.00 до 16.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на мотоциклисти, во која биле откриени и санкционирани 6 прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-3). Најголемиот број од прекршоците (4) се однeсувале на некористeње заштитна опрема, односно кациги (ТЕ-2 и ГВ-2), а (2) на управување без возачки дозволи (ТЕ-1 и ГВ-1). Во контролата, исто така, биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-5 и ГВ-5).
Денеска (23.09.2022) околу 05.10 во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на Требошкиот надвозник, патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(41) од тетовско Теарце, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Х.(29) од тетовско Глоѓи со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
На 22.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.О.(44) од с.Брест, општина Македонски Брод и мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.09.2022 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на влезот во с.Теранци, кочанско, патничко возило „фиат пунто“, со кочански регистарски ознаки, управувано од В.Х.(46) од с.Теранци, удрило во пешакот Д.Р.(60) од с.Теранци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 22.09.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Б.(34) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.
Денеска (23.09.2022) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје - Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар – тим потраги го лишиле од слобода И.Љ.(69) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 22.09.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода В.Ш.(30) од Охрид. Претходно, тој бил забележан во патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки на ул.„Сатеска“ во Охрид и при извршена контрола се обидел да проголта пакување со бела прашкаста материја, која му била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Штип. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот физички го нападнал С.К.(24) од Штип во неговиот дом во Штип и му го одзел паричникот. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот. Лицето било задржано во Полициска станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување". Пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи. На тој начин таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што имала законска обврска. Со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 267.721 денар.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(48) и Џ.Д.(69), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тие, во периодот од 10.06.2022 до 10.07.2022 од куќа во Охрид одзеле пари и златни предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 676.500 денари.
На 22.09.2022 околу 13.30 часот во Прилеп, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола од Н.К.(67) од с.Десово, прилепско, одзеле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, поради сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. При контрола на возилото било констатирано дека бројот на шасијата бил фалсификуван. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на 22.09.2022, полициски службеници од Полициското одделение Чашка спроведоа акциска контрола за спречување на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. Притоа, во близина на с.Мелница, кај место викано „Горно поле“, бил затекнат И.Ч.(33) од с.Мелница при вршење на бесправна сеча и транспорт на огревно дрво без документација, со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки. Возилото, дрвата и моторна пила биле одземени од И.Ч. и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 22.09.2022 околу 21.00 часот во два објекта во гостиварско Форино и еден во село Чегране, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле Ш.Т.(54), З.Ч.(61), Ф.Т.(47), М.О.(46), А.Р.(37), С.Ч.(42) и Ф.Х(53), сите од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
На 22.09.2022 во 16.50 часот на ул.„Мехмед Мехмеди“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Р.(68) од Кичево, затоа што претходно на локален пат во с.Грешница, кичевско, со пиштол му се заканил на И.Е.(68) од Кичево. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.09.2022 околу 16.25 часот во СВР Скопје, И.С.(39) од Скопје пријавил дека во близина на крстосница од ул.„808“ со ул.„Киро Клигоров“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.09.2022 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во јавно претпријатие на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу вработените Г.Н.(46) и Н.Ш.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Н.(26) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 29.04.2022 во Прилеп пријавениот набавил марихуана и бил затекнат заедно со уште две лица како ја користат.
На 22.09.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.М.(33) од Скопје пријавил дека пред влез од угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, каде е вработен, бил физички нападнат од Д.Л.(40) од Скопје, исто така, вработен во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 22.09.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје, С.Р.(56) од Гостивар пријавил дека на 21.09.2022 околу 15.30 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.09.2022 во 04.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Ќемал Сејфула“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.09.2022 во 09.45 часот во Полициското одделение Петровец, С.Р.(24) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата малолетна сестра А.Р.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 22.09.2022 во 15.35 часот, М.К.(33) од Кичево пријавила дека нејзината малолетна ќерка на Железничката станица во Кичево била касната од куче скитник.