Извадок на дел дневните настани 22.09.2022

На 21.09.2022 на ул.„Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци, со судска наредба, го привеле Р.С.(43) од Кавадарци за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.

На 21.09.2022 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.В.(41) и М.Д.(34), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати при извршување „разбојничка кражба“ во домот на И.П.(62) во с.Долно Којнаре, кумановско. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2022 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(41) од Куманово. Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2022 во 16.50 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на ЕВР Центар и Бит Пазар сторил повеќе кривични дела „дрска кражба“. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2022 во 15.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(34) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2022 во 21.40 часот на клучка Мирковци, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(30) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.09.2022 на ул.„Мирче Ацев” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.Б.(43) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.09.2022 во 12.35 часот на Граничен премин „Стар Дојран“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Стар Дојран го лишиле од слобода В.Ј.(31) од Куманово. По извршени проверки било констатирано дека, при граничната контрола, тој приложил фалсификуван Извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот сообраќај за возилото „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, кое го управувал. Притоа, било утврдено дека лиценцата фигурира за друго возило. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, 10 санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 131 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното а три возила се движење со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. Контролирани се 563 возила при што преземени се 70 мерки по констатираните прекршоци. Од нив изречени се 37 санкции за технички неисправни возила, 21 санкција по однос на товар и 19 мерки по констатирани прекршоци во однос на возачи.

Во текот на вчерашната вечер (21/22.09.2022) во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 35 возачи. Од нив, три на територијата на СВР Битола, 4 на територијата на СВР Тетово, шест на територија на СВР Скопје... При контролите констатирани се и 128 останати прекршоци.

На 21.09.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 10 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 45 други видови на прекршоци, од кои 2 за технички неисправно возило, 6 за нерегистрирано возило, 13 за управување возило без возачка дозвола, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за претовар, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за не носење заштитна кацига и 12 за непрописно паркирање.

На 21.09.2022 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на поширокото полошко подрачје, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на товарни возила, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 8 технички неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5). Седум од возилата имале неисправни сопирачки (ТЕ-3 и ГВ-4) и 1 (ГВ) неисправни светлосни уреди. Покрај ова, биле санкционирани и 6 (ТЕ) недостатоци кои се однесувале на товарот на возилата, како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Вчеравечер (21/22 септември) од 20.00 до 01.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е и контрола на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, откриени и санкционирани се 4 возачи (ТЕ-2 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, кои веднаш биле исклучени од сообраќај и на кои времено им биле одземени возачките дозволи. Во овие активности санкционирани се и 9 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-3), кои биле заокружени со адекватни поднесоци. Вчера, од 10.00 до 16.00 часот спроведена е контрола и на пешаците, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 44 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-25). Најголемиот број од прекршоците (40) се однесувале на преминување на улиците надвор од обележан пешачки премин (ТЕ-15 и ГВ-25), а 4 (ТЕ) на непочитување на светлосна сигнализација. Санкционирани, исто така, биле и 14 други видови прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-3).

Во текот на изминатата вечер (21/22.09.2022), во периодот од 20.00 до 01.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирано е дека тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и 15 останати прекршоци.
На 21.09.2021 во периодот од 07.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за товарни возила. Притоа, од контролираните 85 возила, 17 биле испратени на вондреден технички преглед, од кои кај осум биле констатирани технички неисправности (три возила со неисправен уред за сопирање, две возила со неисправни одобрени системи, составни делови...).

На 21/22.09.2022 во периодот од 22.00 до 01.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници од СВР Охрид затекнале 06 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03, Дебар-01). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 21.09.2022 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Св.Кирил и Методиј“ и ул.„Македонија“ во Скопје, велосипед управуван од С.А.(27) од Скопје удрил во пешакот Д.К.(69) од Република Хрватска. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.К. констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

На 21.09.2022 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, М.В.(66) од Скопје, при симнување од автобус на ЈСП, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.09.2022 во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром, С.М.(79) од Скопје пријавил дека во близина на Железничка станица во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 21.09.2022 во 13.00 часот, Е.А.(57) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Раим Лика“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
 

На 21.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода С.Е.(19) и С.М.(18), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека во периодот од 02.00 до 03.00 часот физички го нападнале О.Ј.(21) од Штип во неговиот дом и одзеле накит и други предмети. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот и домот на М.М.(36) од Штип одзеле личен предмет. Од нив биле одземени предмети кои потекнуваат од ова и други кривични дела и биле вратени на сопствениците. Лицата биле приведени во полициска станица, против нив е поднесена кривична пријава и тие се изведени пред судија на претходна постапка.

 

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци". Пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и, искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари.

 

Денеска (22.09.2022) од 06.00 до 10.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола со која беа опфатени возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. При контролата, откриено е едно технички неисправно возило (ТЕ), кое имало неисправни сопирачки. Покрај тоа, санкционирани се и две возила (ТЕ-1 и ГВ-1), кои не ги поседувале потребните документи за вршење на јавен превоз. Технички неисправното и возилата без документи биле исклучени од сообраќај и им биле изготвени соодветни поднесоци. Во денешната контрола откриени и санкционирани, исто така, биле и осум други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-1).

 

На 21.09.2022 во 20.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип, затоа што околу 16.00 часот на ул.„Пелагонија“ во Шуто Оризари – Скопје со остар предмет ја нападнал неговата 18-годишна љубовна партнерка и ѝ нанел расекотини. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против З.Д.(34) од с.Оптичари, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 20.06.2020, полициски службеници од Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.

 

На 21.09.2022 во 18.45 часот на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека околу 17.50 часот на ул.„Никола Грчето“ со остар предмет нападнал друг малолетник од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.09.2022 во 11.15 часот во Полициското одделение Сарај, З.М.(44) од с.Радуша, скопско, пријавил дека околу 10.00 часот во близина на рудник во Радуша бил физички нападнат од Ф.С.(57) и Р.И.(38), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.09.2022 во 00.45 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.М.(33) од Скопје пријавил дека на 21.09.2022 околу 20.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат со тврд предмет од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.09.2022 во 20.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека дека во куќа на ул.„Кленоец“ бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.И.(49) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.05.2021 на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 21.09.2022 година во 21.20 часот, Ш.С.(41) од Кичево во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син на улицата „Мемедалија Велиоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Е.А.(57) од Кичево пријави дека на улицата „Раим Лика“ во Кичево, додека возел велосипед, бил нападнат од кучиња скитници, при по што паднал и се повредил.

 

На 21.09.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(15), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 21.09.2022 во 22.50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во домот во населба Ќерамидница-Скопје бил пронајден починат М.П.(70) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Р.(39) година во с..Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.07.2022 во с.Врапчиште, на регионалниот пат с.Градец-Гостивар, пријавениот со тврд предмет го нападнал А.М.(69) и со остар предмет го оштетил неговото возило.

 

На 21.09.2022 во 08.00 во Полициската станица Чаир, М.Б.(46) од Скопје пријавила дека на 20.09.2022 околу 22.00 часот залутано зрно од огнено оружје паднало на кровот од помошната просторија во нејзиниот дом на подрачјето на Чаир. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 28.08.2022 во јавна здравствена установа во Делчево, пријавениот физички нападнал лекар кој извршувал службени задачи.