Извадок на дел од дневни настани 19.09.2022

На 18.09.2022 во 02.20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(34) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот. Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.09.2022 во 16.30 часот и во 18.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(26) и Е.Ф.(21) од гостиварски Добридол. Тие се сомничат дека на 16.09.2022 извршиле тешка кражба во помошна просторија од куќа на 41-годишен жител на истото село, од која одзеле повеќе предмети. Одземените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а против двајцата осомничени ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.09.2022 околу 14.00 часот на локалниот пат од тетовско Камењане кон селото Јеловјане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Т.(18), А.А.(19), А.С.(20) и 17-годишник од тетовско Долно Палчиште, бидејќи кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. Трите лица и малолетникот, во присуство на родител, задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

 

На 19.09.2022 на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.М.(23) од Прилеп, затоа што при контрола кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.09.2022 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ц.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.09.2022 во 21.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода В.Ц.(26) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.09.2022 околу 08.00 часот на нива во атарот на тетовски Требош, во месно викано „Капашница“, сопственост на 52-годишен жител на тетовско Џепчиште, полициски службеници на СВР Тетово пронашле 50-70 стебла канабис. Извршен бил увид, стеблата се подигнати за вештачење и се расчистува и документира случајот.

 

На 18.09.2022 околу 22.30 часот во непосредна близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Х.А.(37) и Е.Е.(28) од с.Ваксинце, општина Липково, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Х.А., им бил пронајден пиштол „ретаи барон ХК“ со празна рамка, за кој немале никаква документација. Пиштолот им бил одземен и по документирање на случајот ќе следува поднесок.

 

На 18.09.2022 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.К.(26) од Велес. Тој, во 23.00 часот, со помош на подесен алат влегол во угостителски објект во Велес и одзел неколку предмети. При обид да избега бил спречен од полициски службеници и приведен во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.09.2022 во 03.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.А.(18) од демиркаписко село. Тој, во 01.00 часот, во близина на црквата „Св.Атанасиј“ во Неготино, заедно со уште три лица физички го нападнале Б.Н.(22) од Неготино и му одзеле лични предмети. Лицето било приведено во полициската станица во Неготино и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

 

Во текот на вчерашниот ден (18.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 113 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 14 мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

 

На 18.09.2022 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола над возачи на мотоцикли. Притоа, биле констатирани 20 прекршоци, од кои 7 во Гевгелија, по 5 во Струмица и Радовиш и 3 во Валандово, а бил одземен и еден мотоцикл. За сите констатирани прекршоци биле поднесени соодветни пријави.

 

На 18.09.2022 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на поширокото полошко подрачје спроведена е акциска контрола на мотоциклисти во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 19 мотоциклисти (ТЕ-12 и ГВ-7). Најголемиот број од прекршителите (10) не користеле заштитни шлемови, односно кациги (ТЕ-7 и ГВ-3), 5 ги управувале мотоциклите без возачки дозволи (ТЕ-3 и ГВ-2) и така натаму. Петте мотоциклисти без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби. Глобата за некористење на заштитна кацига, да потсетиме, изнесува 50 евра, а за управување без дозвола 250 евра во денарска противвредност.

 

На 18.09.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 8 во населено место и 5 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле изречени санкции за 14 прекршоци, од кои 9 за неносење заштитен шлем, 2 за измината важност на осигурителната полиса, 1 за управување без возачка дозвола и 2 други видови на прекршоци. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 6 за управување нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 3 за некористење сигурносен појас и 3 за непрописно паркирање.

 

На 18.09.2022 во 20.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Васил Главинов“ во Штип патничко возило „киа пиканто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(21) од Штип, удрило во пешакот И.Ќ.(29) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 18.09.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.С.(65) од Скопје пријавила дека во населбата Керамидница била касната од куче скитник.

 

На 18.09.2022 во 07.30 часот во Полициското одделение Петровец, М.А.(30) од Скопје пријавил дека во с.Миладиновци бил каснат од куче скитник.

 

На 18.09.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Драчево, С.С.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Живко Фирфов“ бил каснат од куче скитник.


Денеска (19.09.2022) во 11.55 часот во нас.Лисиче, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Љ.(30) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд - Скопје за издржување затворска казна од година и пол за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 18.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.С.(26) од Штип, затоа што околу 13.00 часот на ул. „Сремски фронт“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во гаража, при што од патничко моторно возило одзел пари. По комплетирање на случајот против С.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 19.09.2022, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип ги лишиле од слобода Н.Л.(41) и С.А.(28), двајцата од Штип, бидејќи при контрола на експресниот пат Штип – Велес, кај „Три Чешми“, во патничко возило со кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 18.09.2022 околу 13.45 часот на нива во атарот на тетовско Теарце, сопственост на жител од ова село, во месноста „Лапуф“, полициски службеници на СВР Тетово пронашле 55 стебла канабис. Извршен бил увид, стеблата се подигнати за вештачење и се расчистува и документира случајот.

Денеска (19.09.2022) во Крушево, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Крушево запреле патничко возило „застава 101", без регистарски ознаки, управувано од С.Т.(44) од Крушево. При контрола, во возилото биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во периодот од 12.09.2022 до 18.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 441 возач. Од нив дури 246 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 110 возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, а поради измината важност на регистрацијата одземени се три мотоцикли, по чл.344 од ЗБСП.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 181 возачи, од кои 79 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 38 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 52 останати видови прекршоци.

Во периодот од 12.09.2022 до 18.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 28 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 18.09.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.П.(43) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во парк на подрачје на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.09.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(46) од Скопје пријавил дека во 13.30 часот, во двор на подрачјето на Карпош, по претходна расправија поради нерасчистени имотно - правни односи, тој и Р.Б.Р.(43) од Охрид биле физички нападнати со тврд предмет од Г.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.09.2022 во 08.45 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца се оддалечил нивниот штитеник Р.Ѓ.(16) од Делчево, кој и претходно се оддалечувал од установата и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.09.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Д.(58) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната со тврд предмет од женско лице М.М.(53) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.09.2022 околу 13.30 часот во Полициското одделение Петровец, Н.С.(33) од с.Марино, општина Илинден, пријавила дека од куќа во с.Кадино, каде престојувала, се оддалечила нејзината ќерка Б.С.(15). Таа и претходно се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.09.2022 во ОВР Прилеп, Н.С.(36) од Прилеп пријавила дека во парк во Прилеп нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.