Извадок на дел од дневни настани 10.08.2022


Денеска (10.08.2022) во 03.00 часот во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Полициска станица Битола го лишиле од слобода Р.Е.(24) од Скопје. За него биле распишани три централни потерници и два централни расписa, од кои една потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а две потерници од Основното јавно обвинителство Струмица, за постоење основано сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“, „тешка кражба“ и „разбојништво“. Двата расписа се поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ од Единицата за внатрешни работи Карпош и Единицата за внатрешни работи Гази Баба. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Битола за понатамошна постапка.

 

На 09.08.2022 полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг продажен објект, одзеле од касата пари. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид. Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.08.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.С.(34) од Куманово. Тој бил осуден на 8 години затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 5 години казна затвор. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Прилеп. за доиздржување на казната.

 

На 09.08.2022 во 10.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(31) од Тетово, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 10.08.2022 година во 23.30 часот во гостиварска Топлица полициските службеници од ОВР Гостивар, Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј.Џ.(29) и малолетник од гостиварски Добридол. При контрола нивното патничко возило ,,мерцедес“ со словенечки регистарски ознаки и кај нив, бил пронајден кокаин. Лицата се задржани во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.

 

На 10.08.2022 околу 02.00 часот, во СВР Охрид приведен е М.С.(25) од Охрид. Тој, заедно со И.Ѓ.(24) од скопско Ново Село, биле затекнати во патничко возило „нисан“, со охридски регистарски ознаки, кај плажа во Охрид и при извршен преглед кај нив полициските службеници кај М.С. пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

 

На 10.08.2022 во 04.00 часот, во СВР Охрид приведен е Б.И.(31) од струшкото село Велешта. На булеварот „Железничка“ во Охрид полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Во текот на изминатата вечер (09.08.2022) во периодот од 20.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи. Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

 

На 09.08.2022 во периодот од 08.00 до 24.00 часот со т.н. „ноќен радар“, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 41 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-21) во и надвор од населено место. Исто така, во периодот од 07.00 до 11.00 часот била спроведена акциска контрола за непрописно престигнување, при што биле констатирани и санкционирани 29 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ- 10). На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози, додека за пребрзите и тие што непрописно престигнувале следи и заштитна мерка забрана за управување во траење од 3 до 12 месеци. За време на акциската контрола, исто така, биле констатирани и 44 други прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-18) кои биле санкционирани согласно законот.

 

На 09.08.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 54 прекршоци, од кои 32 надвор од населено место и 22 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

 

Во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се шест возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

Во текот на изминатата вечер (09/10.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 13 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

На 09.08.2022 во 08.45 часот, во ОВР Дебар пријавено е дека на 08.08.2022 година околу 17.00 часот, во селото Новак, општина Центар Жупа, О.А.(22) од истото село, управувајќи мотоцикл марка „јонвеи“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник на мотоциклот од истото село, а мотоциклистот О.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.

 

На 09.08.2022 во 14.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Г.Седларце-с.Синичане, патничко моторно возило „цитроен“, со хрватски национални ознаки, управувано од С.З.(26) од с.Камењане, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.З., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 09.08.2022 во 16.30 часот било пријавено дека во с.Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со италијански национални ознаки, управувано од Д.С.(19) од с.Градец и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Форино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен бил од увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

На 09.08.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, Д.П.(19) од Скопје пријавила дека на кеј „13 Ноември“ била касната од куче скитник.

 

На 09.08.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, М.И.(36) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 09.08.2022 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против С.Ш. (24) од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабис сатива, добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба“ и преземал активности за негово одгледување. На 08.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пријавениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од слобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола.

На 09.08.2022 во 2З.30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И.(43) од Тетово. Тој претходно бил пријавен дека околу 23.00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом. Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана. Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.

На 09.08.2022 година во 01.30 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(42) од Охрид. На улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.08.2022 во 01.55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р.(22) од Струмица, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

На 10.08.2022 во 02.57 часот во Полициската станица Струмица, Т.С.(53) од село Добрејци, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот на плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица бил каснат од куче скитник.

Во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ по чл.392 ст.2 од КЗ, пријавено на 08.08.2022 од страна на Ф.С.,  новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, преземени се мерки и активности за документирање  на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје  повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело. Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот. По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 09.08.2022 во 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била донесена повредена 16-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, при обид да избега од Клиниката за психијатрија, каде се лекувала, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар.

На 09.08.2022 околу 12.45 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Џ.(35) и С.А.(43), двајцата од Скопје, при што М.Џ. со тврд предмет му ги скршил ветробранското стакло од патничкото возило на С.А. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 09.08.2022 во 22.04 часот било пријавено дека на крстосницата од кракот Битола - државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(45) од Битола и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.Р., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

ОВР Виница поднесе кривична пријава Ј.Ѓ.(60) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2019, во својство на управител на правно лице од с.Лаки, со непресметувањето и неплаќањето на даночните обврски кон Р.Северна Македонија го оштетил буџетот, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

На 09.08.2022 во 12.40 во СВР Скопје е пријавено дека од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Т.П.(32) од Скопје. Според пријавеното, при работа во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, како вработен во фирма, тој се здобил со тешки телесни повреди. Полициски службеници излегле на местото на настанот и известен е Трудов инспектор.

На 09.08.2022 во 11.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води за с.Парагуша, било забележано едно лице, кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, по што се упатило кон с.Долно Количани. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.08.2022 околу 18.45 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на плоштад на подрачјето на Бит Пазар група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле во врска со натпревар кој треба да се одигра на 11.08 помеѓу ФК Шкендија и ФК АИК. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ф.(58) од с.Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 02.03.2022 на регионалниот пат од Гостивар кон село Чајле, од полициските службеници било сопрено патничко возило „цитроен“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека тој врши јавен превоз без лиценца.

На 09.08.2022 во 20.56 часот во Полициска станица Бит Пазар, С.Д.(46) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар неколку лица го повикале нејзиниот син Б.Д.(22) и заедно заминале со нивното возило. Подоцна, околу 21.55 часот неговиот вујко Ш.Д. пријавил дека Б.Д. се вратил дома, откако претходно бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.08.2022 во 09.42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп. По наредба на Јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.