Извадок на дел од дневни настани 09.08.2022


На 09.08.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(26) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.08.2022 во 02.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ц.(29) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 08.08.2022 во 22.10 часот на подрачјето на Центар, од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 08.08.2022 во 22.30 часот во Градскиот парк, од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2022 околу 22.20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од полициски службеници од СВР-Куманово бил лишен од слобода М.З.(31) од Велес, затоа што во патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 08.08.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 32 прекршоци, од кои 27 во населено место и пет надвор од населено место. Санкционирани биле и 10 други видови на прекршоци, од кои еден за нерегистрирано возило, три за управување возило без возачка дозвола, еден за некористење сигурносен појас, три за некористење заштитна кацига и два за непрописно паркирање.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...

На 08.08.2022 во 18,20 часот било пријавено дека во Неготино, на ул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило “фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки управувано од Л.А.(32) од Неготино удрило во малолетен пешак од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

На 09.08.2022 во 00.10 часот полициските службеници од ОВР-Гостивар во Вруток, гостиварско, го лишиле од слобода Ф.В. (62) од Вруток, кај кого по наредба од судија во претходна постапка во времето од 00.10 до 00.45 часот бил извршен претрес, при што биле пронајдени девет ќесиња со марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (08/09.08.2022) во периодот од 21.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 208 возачи. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.


На 09.08.2022 во 00.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(21) од с.Љуботен-скопско и моторцикл “вангје“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Л.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 08.08.2022 во 13.28 часот било пријавено дека во Прилеп на ул„Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(63) од Прилеп и мопед “миглори“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(45) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 08.08.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Центар Х.А.(39) од Скопје пријавил дека во близина на плоштад Македонија бил каснат од куче скитник.

На 08.08.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Драчево М.Р.(62) од Скопје пријавил дека во с.Студеничани бил каснат од куче скитник.

 


Во текот на изминатата вечер (08/09.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 11 возачи, од кои девет возеле без возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 08.08.2022 во 15.10 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„11-ти Ноември“
патничко моторно возило “цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(69) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

Сектор за односи со јавност и протокол

 

 

 

09 Aвгуст, 2022

 

 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(57) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи “. На 05.03.2022 од полициски службеници при СВР Тетово извршен е претрес во дом и деловен објект во состав на куќата, при што биле пронајдени и одземени пиштол „ТТ“ и рамка со осум куршуми, 116 куршуми калибар 7,62мм, еден куршум 9мм и 15 куршуми за ловна пушка калибар 12мм, една ловна пушка „дамас-турк“ калибар 12 мм и еден ремен со 30 ловни куршуми 12мм.

 

На 09.08.2022 во 01.30 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(42) од Охрид, затоа што на улица „Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници кај него пронашле и одзеле остар предмет. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

 

Денеска (09.08.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 29 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

 

На 08.08.2022 во 22.45 часот Б.А.(44) со живеалиште во Белгија пријавил дека на плоштад „Македонија“ бил физички нападнат од едно лице. Исто така, М.Ј.(47) со живеалиште во Белгија пријавила дека на истиот плоштад била физички нападната од едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.08.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Карпош, И.Ш.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Ацо Шопов“ бил каснат од куче скитник.

 

На 08/09.08.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот, како и од 21.00 до 02.00 часот со т.н. „ноќен радар“, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 47 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-19) во и надвор од населено место. На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози. За време на акциската контрола, исто така, биле констатирани и 34 други прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-13) кои биле санкционирани согласно законот.

 

На 08/09.08.2022 од 21.00 до 02.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 33 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место, управувале со брзина поголема од дозволената (Охрид-12, Струга-13, Кичево-02, Дебар-06).

 

На 09.08.2022 во 04.08 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје, при што од пожарот бил зафатен и угостителски објект, сопственост на Ш.Џ.(49) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

 

На 08.08.2022 во СВР Куманово е пријавено дека околу 07.20 часот на пругата во близина на Железничка станица Романовце, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, удрил во едно лице мигрант, кое се движело со уште три лица- мигранти по и покрај пругата. Возот застанал на местото на незгодата, но мигрантите избегале. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 08.08.2022 во 09.15 часот Е.Р.(58) од Скопје пријавил дека околу 06.30 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.08.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.З.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ била касната од куче скитник.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(53) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги“. На 24.05.2022 при извршен преглед кај пријавениот бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 09.08.2022 во 04.14 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар во патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Н.(56) од Скопје, а од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф.(22) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.08.2022 кај наплатна рампа кај село Желино полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

 

Денеска (09.08.2022) во 14.35 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Б.(33) од Скопје. За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „напад на овластено службено лице“. Истата била предадена на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.