Извадок на дел од дневни настани 08.08.2022

На 08.08.2022 во 02.15 часот во тетовско Боговиње, полициските службеници од Полициското одделение Камењане го привеле И.Н.(28) од с.Боговиње. Тој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од една година и шест месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на затворската казна.

На 07.08.2022 година во 12.45 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(51) од прилепското село Големо Коњари. По пријава од малолетник од прилепското село Големо Коњаре, тој бил затекнат непосредно по извршена кражба на пари од сместувачки објект во Охрид. Парите се пронајдени и вратени на оштетениот, а против сторителот, кој бил приведен во полициска станица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.08.2022 во 15.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(24) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.08.2022 во 18.40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во државата, при извршена гранична контрола полициски службеници го лишиле од слобода M.B.(45) од Косово, поради постоење основи на сомнение за фалсификувана возачка дозвола. Тој бил задржан во Полициската станица Кратово за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 214 возачи. Од нив, 128 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 39 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

На 07.08.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 20 прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-07) во и надвор од населено место. На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози, додека најбрзите ќе се соочат и со заштитна мерка забрана за управување во рок од 3 до 12 месеци. За време на акциската контрола, исто така, биле констатирани и 36 други прекршоци (ТЕ-27 и ГВ-09) кои биле санкционирани согласно законот.

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 34 прекршоци, од кои 30 во населено место и 4 надвор од населено место. Истиот ден, во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле изречени санкции за 25 прекршоци, од кои 21 за неносење заштитна кацига, 2 за управување без возачка дозвола и 2 останати прекршоци. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 7 за возач почетник и 1 за користење мобилен телефон.

Во текот на изминатата вечер (07/08.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 13 возачи, од кои осум возеле без возачка дозвола, а девет биле исклучени од сообраќај. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник...

На 07.08.2022 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Берово-Виница, кај „Пекланска крстосница“, патничко возило „опел“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.М.(51) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и на 08.08.2022 околу 03.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 50 возачи. Од нив, 26 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

На 07.08.2022 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, пред с.Трпејца, К.Б.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Во несреќата К.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 30 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

На 07.08.2022 година во 20.22 часот од страна Итна медицинска помош Демир Хисар е пријавено е дека во с.Утово, на локален пат за с.Смилево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „шинрај“, управуван од малолетник од с.Утово и патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од с.Утово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот од с.Стругово, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

На 07.08.2022 во периодот од 17.00 до 23.00 часот на подрачје на СВР Струмица била спроведена контрола за откривање на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле констатирани 23 прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

На 07.08.2022 во 21.45 часот било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(27) од Скопје удрил во И.В.(51) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (08.08.2022) полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(37) од Прилеп за кого била распишана меѓународна потерница за издржување на казна затвор во траење од 10 месеци за сторено кривично дело од чл.236 ст.1 од Кривичниот законик. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ – Скопје.

 

На 05.08.2022 година во 22.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола на ул.„Македонски гемиџии“ лишен е од слобода Е.Б. (32) од Прилеп. Тој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од објект на правно лице. Е.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

 

Во периодот од 01.08.2022 до 07.08.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 367 возачи. Од нив, 227 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

 

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се 151 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 12 за управување возило без возачка дозвола, 15 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 2 за нерегистрирано возило...

 

На 07.08.2022 од 17.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се акциски контроли на возачи на мотоцикли. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале 18 прекршоци сторени од овие возачи, најчесто управување без заштитен шлем, без возачка дозвола и нерегистрирани мотоцикли (Охрид-03, Струга-05, Кичево-03, Дебар-07).

 

На 08.08.2022 во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(35) од Скопје. На местото на несреќата починал возачот Д.А., a смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

 

Во периодот од 01.08.2022 до 07.08.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 18 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

На 07.08.2022 во 19.35 часот, во ОВР Струга приведени се И.В.(45) и Н.В.(22), двајцата од струшкото село Велешта, кои претходно на ул.„Партизанска“ во Струга, физички го нападнале А.Х.(21) од Струга. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 07.08.2022 во 15.51 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.П. пријавил дека додека управувал автобус со скопски регистарски ознаки, на раскрсница од ул.„Лука Геров“ со ул. „Тиранска“ во Скопје, едно лице, фрлајќи со тврд предмет, оштетило стакло од автобусот и повредило малолетен патник од с.Волково, скопско, на кого му била укажана лекарска помош. За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.08.2022 во 02.00 часот во СВР Скопје К.С.(20) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека на 07.08.2022 околу 23.35 часот во с.Инџиково, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Ѓ.М., А.Т., Е.Т. и Л.Т. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.08.2022 во 09.30 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека околу 08.30 часот за укажување на лекарска помош бил донесен Д.Р.(60) од Кратово кој, според пријавеното, се здобил со повреда при работа во рудник во Пробиштип.

 

На 07.08.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.Л.(43) и Т.К.(54), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 07.08.2022 година во Полициска станица Велес, Ј.П.(64) од Велес пријави дека во населба Речани бил каснат од куче скитник.

 

На 08.08.2022 во 09.50 часот во Полициската станица Штип, С.С.(60) од Штип пријавл дека на ул.„Косовска“ во Штип бил каснат од куче скитник.

 

На 07.08.2022 е пријавено дека околу 22.00 часот на ул.„Јосиф Христовски“ во Битола, во неговиот дом е пронајден починат П.Л.(54). Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. СВР Битола работи на расчистување на настанот.

 

На 07.08.2022 во 14.30 часот во Пoлициско одделение Жеровјане е извршен службен разговор со И.И.(49) од тетовско Милетино, бидејќи претходно бил пријавен дека физички го нападнал Р.З.(53) од истото село, а во нападот употребил остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 07.08.2022 година во Полициска станица Велес, Н.Д.(27) од Велес пријави дека на ул.„Андон Шурков“ бил каснат од куче скитник.