На 07.08.2022 во периодот од 00.10 до 03.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекто во Прилеп и прилепско. При контролата биле констатирани повеќе прекршоци, а приведени биле 19 лица, од кои седум малолетници. Во објектите биле затекнати седум малолетници после 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при конзумирање алкохол. Исто така, 10 лица не поседувале документ за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир. Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.
На 07.08.2022 во 04.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга ја лишиле од слобода Б.К.(26) од Ресен затоа што и биле пронајдени марихуана, дробилка и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода И.А.(60) и Х.Ш.(62), двајцата од Скопје затоа што биле затекнати при обид да продадат хероин на две лица од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2022 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Охрид. При контролата, во 03.00 часот во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 06.08.2022 во 13.15 часот на Граничен премин „Јажинце“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.А.(30) од Република Албанија. При контрола, бил констатиран фалсификат на серискиот број на патничкото возило „фолксваген голф“ со албански национални ознаки, кое го управувал. Лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка, а возилото било одземено. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 468 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 243 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за возење под дејство на алкохол, девет мерки за нерегистрирани возила...
Во текот на изминатата вечер (06/07.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 125 возачи. Од нив 19 на територија на СВР Битола, 18 на територија на СВР Штип...
Во текот на изминатата вечер (06/07.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 125 возачи. Од нив 19 на територија на СВР Битола, 18 на територија на СВР Штип...
Во текот на изминатата вечер (06/07.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територијата на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што санкционирани се 18 возачи.
На 06.08.2022 околу 05.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(38) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.З. констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
На 06.08.2022 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, С.Ш.(29) од с.Марино, општина Илинден, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 06.08.2022 околу 22.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета МУБ“ во Куманово, С.К.(32) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата, С.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
На 06.08.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, Б.В.(47) од Скопје, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, Б.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 07.08.2022 во 01.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Вељуса- с.Ангелци, струмичко, патничко возило „форд фокус“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(22) од с.Робово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.М.(22)од с.Вељуса, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот И.М.(20) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
На 06.08.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.М.(44) од Скопје пријавила дека покрај реката Вардар во населба Ѓорче Петров била касната од куче скитник.
Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје. На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари. По документирање на случаите, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор од околу 7 години, од каде претходно бил во бегство. Додека, пак на лицето Л.Ј. му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.
На 06.08/07.08.2022 во периодот од 00.00 до 02.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Скопје во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. При контролата, во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници после 24.00 часот. По документирање на случајот против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат биле констатирани прекршоци во контролираните објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.
На 07.08.2022 во 08.20 часот на ул.„БиХ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(39) и Ј.О.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 23.55. часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од Делчево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2022 во 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Е.(26) од Тетово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред. Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.08.2022 во 13.30 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.Г.(39) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 11.29 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот починало осуденото лице Е.М.(33) од Кочани. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 06.08.2022 во 15.40 часот во Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода С.К.(65) од Крива Паланка затоа што физички нападнал вработена во продажен салон во Крива Паланка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје, В.С.(31) од Скопје пријавил дека во неговиот двор пронашол залутано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.08.2022 во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен Ј.П.(56) од с.Петровец, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2022 во 04.10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(35) од Струмица затоа што околу 01.00 часот ја нападнал неговата сопруга со остар предмет, при што го повредил и нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 20.21 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче Т.А.(26) од с. Долно Соње. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.08.2022 во 14.30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 13.40 часот на автобуска постојка на бул.„Киро Глигоров“ била физички нападната од К.Б. од с. Раштак. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.08.2022 во 16.00 часот во СВР Куманово, Б.З.(34) од Куманово пријавила дека на 05.08.2022 околу 22.30 часот во населба Перо Чичо нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, кое било сопатник во возило кое претходно го удрило мотоциклот на кој седел. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2022 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.К.(41) од Кавадарци, И.А.(20) од с.Сирково- женско лице, И.Ј.(43) од Кавадарци и В.А.(24) од с.Сирково – женско лице затоа што во угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.08.2022 во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во близина на наплатна станица Сопот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Д.(31) од Неготино и Е.Џ.(41) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2022 во 03.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во угостителски објект Струмица, Д.Г.(21) бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2022 во 00.10 часот на бул.„.Александар Македонски“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Џ.А.(21), М.Д.(25) од Радовиш, од една страна и Д.Т.(22) од Радовиш, С.К.(31) од с.Ораовица, радовишко затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.08.2022 во 15.10 часот во СВР Струмица, Б.М.(29) од Струмица пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.08.2022 во 20.30 часот во ОВР Радовиш, 74-годишен радовишанец пријавил дека околу 19.00 часот во дворот од семејната куќа бил физички нападнат од неговиот син А.А.. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2022 околу 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(41) и Н.Г.(44), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2022 во 00.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило - комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште. Од пожарот било зафатено и товарно возило - комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје. Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 06.08.2022 во 21.06 часот во Полициската станица Центар, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив околу 18.00 часот бил донесен А.Т.(64) државјанин на БиХ, со пријавен престој с.Средно Коњари, скопско, кој во 18.27 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
На 06.08.2022 во 09.20 часот во Полициската станица Кочани, Т.А.(60) од с. Тркање, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка В.А.(82), која била со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 07.08.2022 во 01.45 часот во Градскиот парк во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.П.(23) од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2022 во 05.10 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д.(21) од Тетово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.