Извадок на дел од дневни настани 06.08.2022

На 05.08.2022, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север ги пронашле и привеле A.Х.(20), Х.A.(22), И.A.(40) и M.T.(18), сите од Пакистан. Тие биле барани по потерница од полицијата на Република Грција поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Во 22.00 часот лицата биле предадени на полициски службеници од граничниот премин Евзони.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23.00 до 03.30 часот во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, „фолксваген голф" и „туран" со тетовски регистерски ознаки и „бмв" со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка. Лишени од слобода се Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С., Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори" согласно член 215 од Кривичниот законик.

На 05/06.08.2022, согласно планот на СВР Битола-Отсек за превенција во рамки на проектот „Безбедно лето“, во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица Прилеп, на подрачјето на Прилеп беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта и др.. Притоа беше извршена контрола и посета во повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои конзумирале алкохол. По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. Целта на ваквите активности е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување.

На 05.08.2022 во 23.45 на место викано „Превалац“ во с.Страцин, кратовско, полициски службеници од Полициската станица Кратово ги лишиле од слобода М.А.(30) од Злетово, Д.И.(25) од Кратово, Л.С.(25) од Кратово и Д.М.(26) од Пробиштип. При преглед во возилото до кое стоеле била пронајдена вага со остатоци од бела прашкаста материја, а во нивна блзиина била пронајдена и кеса со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.08.2022 во 22.10 часот на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја. Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2022 во 00.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23.40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.08.2022 во 23.20 часот на ул„11-ти Октомври“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ј.Д.(33) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.08.2022 во 00.10 часот на ул.„Наум Охридски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.08.2022 во 21.00 часот во Градскиот парк во Битола, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Ј.(24) и И.Б.(18), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 06.08.2022 во 01.22 часот во рудникот Брод-Гнеотино, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола. Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, кои биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје. При контролата, во објектот биле затекнати пет малолетници после 24.00 часот. На родителите и правното лице им биле поднесени записници за констатирани прекршоци.

На 05.08.2022 полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода П.К.(26) од с.Јосифово, валандовско. Околу 02.40 часот на магистралниот пат, делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „бмв“ излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (девет од Сирија и три од Пакистан), кои биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.08.2022 во 03.00 часот на место викано „Стојанова река“ во с.Танушевци, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци го лишиле од слобода А.З.(32) од с.Брест, скопско. Тој бил затекнат како со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без потребните документи. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила...

Во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 85 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Охрид, 12 на територијата на СВР Штип...

Во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 38 возачи. Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 05.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.45 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На 06.08.2022 во 00.50 часот во угостителски објект на ул„Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.В.(47) од Струмица. Тој ги попречувал полициските службеници да извршат контрола во угостителскиот објект, а се обидел и физички да нападне еден полициски службеник. Инаку, при контрола во објектот биле затекнати двајца малолетници од Радовиш и струмичко после 24.00 часот кои конзумирале алкохол. И.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него и угостителскито објект ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 


На 06.08.2022 во 00.30 часот во ОВР Кичево било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика од угостителски објект на булеварот „Ослободување“ во Кичево. По преземените мерки, полициските службеници констатирале дека биле надминати утврдените гранични вредности за нивото на основните индикатори за бучавата во животната средина. По целосно документирање, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава. 


СВР Тетово поднесе кривична прија против Ф.Џ.(22) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. На 04.08.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед во возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. 


Во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 404 возачи. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 231 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 173 надвор од населено место. 


На 04.08.2022, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, на 05.08.2022, Единицата за насилен криминал - Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор. 


На 05.08.2022 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека близина на хотел на брегот на Охридското езеро, М.Ј.(56) од Куманово, која управувала велосипед, била удрена од друг велосипед, кој го напуштил местото, при што паднала. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 05.08.2022 во 22.40 часот во Полициската станица Виница, од Итна медицинска помош Виница било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Д.И.(40) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Виница. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Виница и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот. 


На 05.08.2022 во 03.45 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(36) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 


На 05.08.2022 16.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(31) од с.Стримница, тетовско, затоа што околу 13.40 часот во парк во Тетово недолично и агресивно се однесувал кон С.А.(43) и Г.А.(27) од с.Копанце, тетовско. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 


На 05.08.2022 во 11.55 часот на ул.„18-ти Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ја лишиле од слобода В.Д.(57) од Гостивар затоа што попречувала градежни работници во извршување работни задачи и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Маршал Тито“ во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.


На 05.08.2022 во 16.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар 
во стан на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на Т.А.(71) од Куманово. Пожарот, од кој бил оштетен и станот на М.Ј.(36) од Куманово, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Куманово. 


На 05.08.2022 во 22.50 часот во СВР Скопје, М.Х.(20) од Скопје пријавил околу 16.30 часотна подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од Ф.М., кој, според пријавеното, го оштетил и неговиот велосипед. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 05.08.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.П.(43) од Скопје(женско лице) и В.С.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 05.08.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Матка, скопско, О.И. од с.Глумово, скопско, го нарушил јавниот ре ди мир со физички напад врз С.С.(31) од с.Матка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 05.08.2022 во 17.09 часот во СВР Скопје, Т.Т.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил физички нападнат од В.Т.(48) од Скопје (женско лице) и О.Х.(47) од Скопје. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 


На 05.08.2022 во 20.10 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(69) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека во 19.15 часот во селото бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.  


На 06.08.2022 во 05.20 часот во СВР Струмица, А.Н.(27) од Струмица пријавил дека околу 04.15 часот пред угостителски објект во Струмица, тој неговата сопруга и неговиот брат биле физички нападнати од пет лица. Се работи на расчистување на случајот. 


На 05.08.2022 во 10.20 часот во СВР Тетово, вработена во Гимназијата „7-ми Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот. Увид извршила екипа од СВР Тетово, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. По целоснo документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 05.08.2022 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на фабрика во Скопје било пронајдено залутано зрно од огнено оружје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и зрното било подигнато за понатамошна постапка.    


На 05.08.2022 во 20.08 часот во СВР Скопје, Д.М.(45) од с.Добри Дол, скопско, пријавил дека по претходна расправија од домот се оддалечила неговата ќерка А.М.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.