На 01.08.2022 во Кочани,полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кочани го лишиле од слобода Ф.Ј.(35) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 26 пакувања со прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.08.2022 во 12.45 часот на Граничен премин „Јажинце“, полициски службеници го лишиле од слобода K.И.(47) од Косово затоа што при контрола било утврдено дека се направени физички оштетувања на серискиот број на возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки кое го управувал. Поради постоење основано сомнение дека е направено фалсификување возилото било одземено за понатамошна постапка. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на зртворен сигнал (црвено светло)...
Во текот на изминатата вечер (01/02.08.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 131 возач. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место.
На 01.08./02.08.2022 во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се седум возачи, од кои пет се исклучени од сообраќај.
На 01.08.2022 околу 16.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на патот Р1-202 Мавровска раскрсница-Дебар, кај Стрезимирски Мост, патничко моторно возило „рено сценик“ со германски национални ознаки, сопственост на Р.Ф.(42) од с.Новак, излетало од патот. По несреќата, лекар од итна медицинска помош-Гостивар констатирал смрт кај Н.С.(52), Р.Н.(35) и Р.Ф., сите од с.Новак, а С.М.(49) од с.Новак била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавниот Обвинител над починатите лица во текот на наредниот ден ќе се врши обдукција.
На 01.08.2022 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов и ул. Франклин Рузвелт се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.Б.(52) од Скопје и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(52) од Скопје. По несреќата возачот Г.Н. и неговата сопатничка С.Е.(49) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди, а во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ на возачот Е.К.Б. му биле констатирани телесни повреди, а на неговата сопатничка Д.К.(79) од Скопје и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 01.08.2022 во 23.00 часот во Полициска станица Аеродром, Е.Н.(42) од Скопје пријавил дека на бул. АВНОЈ бил каснат од куче скитник.
На 01.08.2022 во 19.35 часот во Полициска станица Гази Баба, Т.Г.(78) од Скопје пријавил дека на ул. Вамбел бил каснат од куче скитник.
На 01.0.2022 во 22.00 часот од Граничната полиција на Регионалниот центар Запад, приведен е К.А.(22) од Штип. При преглед извршен кај него на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2022 околу 03.35 часот во Неготино, од полициски службеници од Полициска станица Неготино е лишен од слобода П.Н.(51) од Неготино, поради сомнение дека околу 01.30 часот во дом во Неготино, ѝ нанел повреди 46-годишна жена од Неготино, со која бил во љубовна врска, по физичка пресметка со неа. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино. Жената е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.08.2022 околу 03.20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Хируршко одделение Кочани за укажување на лекарска помош дошол Н.Б.(48) од Кочани, со прострелна рана на дланката, за која изјавил дека е последица од самоповреда. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот додека бил заедно со Д.С., испукал со пиштол. Заради расчистување на случајот Н.Б. е лишен од слобода, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предвизвикување општа опасност“ казниво по чл.288 од Кривичен Законик, како и Д.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл.396 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.07.2022 во Полициска станица Шуто Оризари, Р.Ј.(40) од Скопје пријавил дека на 28.07.2022 околу 16.30 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од Р.Н., кого го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2022 во 00.30 часот во Полициско одделение Петровец, Д.Н.(27) од Скопје пријавил дека во двор на хотел во населба Илинден бил каснат од куче скитник.
На 01.08.2022 околу 14.00 часот во Полициско одделение Чашка е пријавено дека во атар на село Витанци, велешко, настанал пожар во овоштарник, сопственост на И.К.(26) од Велес. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Л.(29) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.12.2021 на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот и возилото во кое се превезувал, при што кај него бил пронајден и одземен амфетамин.
На 02.08.2022 во 00.13 часот во Полициско одделение Сарај, Ќ.Д.(57) од с.Кондово, скопско пријавил дека во с.Кондово, околу 23.40 часот, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Д.(26) и Е.Д.(23), од една страна, и У.С.(22) од друга страна, сите од с.Кондово. Сочинет е записник за констатиран прекршок.
На 02.08.2022 околу 00.30 часот во Полициска станица Чаир С.С.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Хо Ши Мин“ бил каснат од куче скитник.
На 01.08.2022 во 19.50 часот во ОВР Прилеп, Б.К.(71) од Прилеп пријавил дека околу 17.00 часот пред маркет во Прилеп бил физички нападнат од Т.Џ. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2022 во 22.40 часот во Полициска станица Гостивар, Ф.А.(23) од с.Чегране пријавила дека додека била на своето работно место во салон во Гостивар, околу 17.15 часот, по претходна расправија, била физички нападната од В.Н. од Кичево (женско лице), чиј сопруг упатувал навреди кон вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.04.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 01.08.2022 во 15.30 часот во Полициска станица Тетово, Б.О.(24) од Тетово пријавил дека околу 13.30 часот во Тетово, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2022 во Полициска станица Центар С.С.(47) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 19.00 часот на 31.07.2022 до 02.55 часот на 01.07.2022 на подрачјето на Центар настанал пожар на патничко возило „пежо 307“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 01.08.2022 во 15.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во објект на финансиско друштво, две лица со закана врз вработените од сеф одзеле пари и други предмети. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2022 околу 19.00 часот во ОВР-Струга, К.М. од село Добовјани пријавил дека на ул.„Боро Шајн“ се наоѓал Г.К.(43) од Р.Албанија, по што бил пренесен во Медицински центар-Струга. Според пријавеното, околу 18.45 часот, во близина на казино во Струга, едно лице со остар предмет го нападнало нанесувајќи му повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение на за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ На 19.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле еден пиштол „Зораки“, една рамка и 55 куршуми без документација.