Извадок на дел од дневни настани 31.07.2022

 На 30.07.2022 околу 13.30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен З.В.(35) од Струга, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 31.07.2022 на подрачјето на СВР Струмица полициски службеници извршиле контрола во угостителски објекти, при што во еден од нив е констатирано присуство на малолетници после полноќ, како и кривично дело „точење алкохолни пијалаци на малолетници", казниво по член 204 од Кривичниот законик. Против прекршителите, правното, одговорното и вработеното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол,  седум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник...

 

На 30/31.07.2022, во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 24 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 34 останати прекршоци.

 

На 30.07.2022 околу 08.15 часот на регионалниот пат с.Извор, велешко, кај место викано „Врановски aнови“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото  управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите. По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес.

 

Во текот на изминатата вечер (30/31.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 39 возачи, од кои 10 возеле без возачка дозвола, шест возеле под дејство на алкохол, исклучени се девет возачи од сообраќај...

 

На 30.07.2022 во 15.20 часот во Прилеп на крстосница од ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ и „Кеј 9 Септември“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“, управувано од И.М.(56) од Прилеп и мопед „априлија“, управуван од Д.Л.(21) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот Д.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница-Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

 

На 30.07.2022 во 11.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ - Скопје од полициски службеници бил приведен M.Д.(36) од Р.Италија, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и физички го нападнал З.Ј.(46) од Скопје, вработен како обезбедување. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка, а за случајот е известен судија по претходна постапка.

 

На 31.07.2022 во 00.15 часот во Полициска станица Аеродром, Љ.Н.(20) од Крива Паланка пријавил дека на бул.Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

 На 30.07.2022 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.М.(18)  од Скопје. При преглед извршен на паркинг во близина на угостителски објект во туристички комплекс во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 31.07.2022 во 01.20 часот во ОВР Струга приведен е Б.И.(24) од Струга. При преглед на патничко возило што тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (30.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 130 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Во текот на изминатата вечер (30/31.07.2022) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 113 возачи. Од нив 24 на територија на СВР  Битола, 19 на територија на СВР Куманово...

На 30/31.07.2022 во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на подрачјето на СВР Штип за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 18 прекршоци, меѓу кои 4за управување мотоцикл без возачка дозвола, по еден за нерегистрирано возило, за измината важност на сообраќајната дозвола и за измината важност на осигурителната полиса, 6 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. При контролата констатирани и законски санкционирани се и 5 останати прекршоци. Исто така, во периодот од 23.00 до 05.00 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. За време на контролата откриени и санкционирани се 4 прекршоци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оуржје или распрскувачки материи”. На 16.07.2022, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени автоматско огнено оружје марка „ZАGI-М91” 9 mm, три рамки за оружје и 87 куршуми калибар 9мм.

 

На 30.07.2022 во СВР Велес е пријавено дека околу 16.15 часот во близина на наплатна рампа Демир Капија, во правец кон Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „крајслер пацифик“, со велешки регистарски ознаки, но тоа продолжило да се движи. Малку подоцна застанало, а од полициски службеници од Полициска станица Михајлово во возилото биле пронајдени 15 лица мигранти од Сирија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а по завршување на постапката лицата мигранти ќе бидат префрлени во прифатно-транзитен центар.

 

На 31.07.2022 во 03.04 часот во Полициска станица Аеродром Г.Р.(41) и С.М.(26), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 02.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2022 во 01.00 часот во Полициска станица Гази Баба, В.Ј.(55) од Скопје пријавила дека во 00.49 часот, додека била во својот дом на подрачјето на Гази Баба, слушнала звук, а потоа забележала залутано зрно на нејзиното паркирано патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, при што била оштетена и шофершајбната. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.

 

На 30.07.2022 во 21.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Куманово е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј.(20) и Т.П.(27). Сочинети се записници за констатиран прекршок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(60) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Гостивар и во неговото патничко возило „мерцедес“, при што бил пронајден и одземен хероин.

 

На 30.07.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот на бул.,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар учествувале во физичка пресметка. Имено, по претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С.. Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 30.07.2022 во 12,25 часот во Полициска станица Гостивар Х.С.(19) од Гостивар пријавил дека околу 08.40 часот во угостителски објект во Гостивар, додека бил на своето работно место, бил физички нападнат од сопственикотна објектот, В.М. од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.07.2022 во 23.40 часот во Полициско одделени Камењане В.И.(39) од с.Камењане пријавил дека пред пошта во с.Камењане бил физички нападнат од А.А. од истото село и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2022 во 10.30 часот во Полициска станица Велес М.Ј.(75) од с.Мамутчево, велешко пријавила дека нејзиниот син И.Ј.(43) се оддалечил од домот. Според пријавеното, тој најверојатно отишол во Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 31.07.2022 во 04.10 часот во Полициска станица Гостивар Џ.Х.(42) од Гостивар пријавила дека околу 03.30 часот пред угостителски објект во Гостивар била физички нападната од Б.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(61), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 06.07.2022 на регионалниот пат село Пирок-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола на патничко возило комбе „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

 

На 31.07.2022 во 08.00 часот во Полициска станица Гостивар, 27-годишна жена од гостиварско пријавила дека околу 05.00 часот пред угостителски објект во Гостивар била физички нападната од В.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.