Извадок на дел од дневни настани 27.07.2022

Денеска (27.07.2022) во 11.10 часот на улица „Македонско-косовска бригада“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(26) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Денеска (27.07.2022) во 02.30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово лишен е од слобода Х.Е.(37) од с.М.Речица. Имено, на крстосницата помеѓу ул.„108“ и ул.„168“ во Тетово, при преглед кај него, пронајдени му се марихуана и 25 пакувања со кокаин. Х.Е. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик.

Денеска (27.07.2022) во 00.15 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од с.Ињево, радовишко. На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканиа“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници. Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.07.2022 во 22.10 часот на Граничниот премин „Блато“, по извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека К.Ќ.(41) од Република Албанија е во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол Скопје. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски слижбеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

На 26.07.2022 во 23.00 часот полициски службеници, по преземени мерки и активности, во с.Кадрифаково, светиниколско, го пронашле К.П.(17) од Струмица, кој имал здравствени проблеми, а за кој во 14.30 часот во СВР Штип неговата мајка пријавила дека се оддалечил од возилото во кое се превезувале, кај наплатната рампа кај с.Кадрифаково, на автопатот Скопје-Штип. Лицето било предадено на родителот.

На 27.07.2022 во 01.10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при проверка било констатирано дека Б.У.(33) од Република Турција е во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Националниот центар за безбедност –Германија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 268 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.

Во текот на изминатата вечер (26.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 116 возачи. Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 85 мерки, меѓу кои 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење без возачка дозвола...

На 26.07.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 46 возачи на мотоцикли од кои 27 Битола, 13 Прилеп, 3 Демир Хисар, 2 Македонски Брод и 1 во Ресен.

Во текот на изминатата вечер (26/27.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 21 возач. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 26.07.2022 во периодот од 21.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 17 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-3), од кои 2 за управување на возило со над 70 километри на час повеќе од дозволеното и 6 за управување возило со над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози, додека најбрзите ќе се соочат и со заштитна мерка забрана за управување во рок од 3 до 12 месеци.

На 26.07.2022 во периодот од 21.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-06, Струга-05, Кичево-04, Дебар-03). Против нив се поднесени соодветни платни налози.

На 26.07.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Е.Д.(67) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 26.07.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Д.З.(46) од Прилеп пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.

На 26.07.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Д.(37) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 26.07.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.А.Т.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Интернационални бригади“ била касната од куче скитник.

 Денеска (27.07.2022) во 12.20 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец. При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во државна сопственост, по што изградил верски објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган.

СВР Охрид поднесе кривична пријава А.Е.(62) од Тетово, против правно лице со седиште во Тетово и управителот Џ.А.(29) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При сообраќајна контрола извршена на 12.06.2022 година, полициски службеници го затекнале А.Е., кој со такси возило сопственост на правното лице и управителот, вршел јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава З.К.(63) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 29.04.2022, пријавениот во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник“-Кичево, незаконски, со друг правен субјект склучил договор за купопродажба на 70 метри просторни дабово огревно дрво. Со тоа, пријавениот на јавното претпријатие „Национални шуми“ му предизвикал штета од 490.000 денари.

На 24.07.2022, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола, по преземени мерки и активности, на крстосница од ул.„Драгорска“ и ул.„Кирил Пејчиновиќ“ во Битола го пронашле патничкото моторно возило „Цитроен ц3” со ресенски регистарски ознаки, за кое истиот ден (24.07.2022) Ј.П. од с.Подмочани, ресенско, пријавил дека му било одземено. Возилото е вратено на сопственикот.

На 27.07.2022 околу 01.00 часот во СВР Тетово на службен разговор бил повикан Б.Д.(25) од Тетово, поради сомнение дека во 23.20 часот на улица „Кочо Рацин“ во тетовска Брвеница, од возило во движење со пиштол испукал во воздух. Од него бил одземен гасен пиштол „Зораки“. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.07.2022 во 03.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4-ти Јули“ во старите згради настанал пожар во стан. Станот бил празен и повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, Увид бил извршен.

На 26.07.2022 во 20.25 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази - Маркова Нога, кај с.Штрбово, ресенско, настанал пожар во патничко возило во движење „фиат пунто“, со српски национални ознаки, управувано од С.Б.(50) од Република Србија. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Ресен.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.П.(61) од Кичево и правно лице од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца “. На 22.06.2022 на магистралниот пат А2, полициски службеници извршиле контрола врз патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, при констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

На 26.07.2022 во 20.45 часот во СВР Скопје, Р.Н.(28) од Скопје пријавил дека на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Б.(44), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 21.07.2022 на излезот од Виница кон Кочани, полициски службеници запреле товарно возило марка „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека вршел превоз на дрвни сортименти без да поседува лиценца.

На 26.07.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил Ч.С.(15), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 26.07.2022 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 24.07.2022 околу 23.30 часот на подрачјето на Центар, на С.Ш.(34) и К.Е.(29), двајцата од Република Турција, три лица им се заканувале, а еден од нив им покажал и пиштол. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Струга, сопственост на Е.П. од Струга и против С.Ц.(68) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 12.06.2022 во Охрид кај село Оровник, полициски службеници го затекнале второпријавениот со патничко возило, сопственост на правното лице, како врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

На 26.07.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека околу 12.15 часот во јавна здравствена установа на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 26.07.2022 во 14.30 часот во Полициското одделение Сарај, Ј.К.(52) од с.Арнакија пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка В.К.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето