Извадок на дел од дневни настани 26.07.2022

На 25.07.2022 во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(18) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2025 во 23.30 часот во тетовско Теарце, полицски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(22) од тетовско Глоѓи, со живеалиште во Данска. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, во кое се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.07.2022 на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп ги лишиле од слобода П.Т.(38), В.П.(40) и К.М.(28), сите од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (26.07.2022) на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ч.С.(52) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.07.2022 во 14.30 часот на улица „Маркс-Енгелсова“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода К.А.(19) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.07.2022 во 21.20 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.07.2022 во 14.10 часот на улица „Моша Пијаде“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З. (42) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот. А.З бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 25.07.2022 во 21.40 часот на автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода О.Б.(29) од с.Црвени Брегови, неготинско. Тој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија. Возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар. О.Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер (25/26.07.2022), во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола.

Во текот на вчерашниот ден (25.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 163 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за некористење сигурносен појас, осум санкции технички неисправни и нерегистрирани возила...

На 25.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 48 возачи, од кои 31 санкција се изречени за пречекорување на брзината во населено место и 17 надвор од населено место.

На 25.07.2022 околу 09.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат, на околу 7км пред клучка „Три Чешми“, И.Г.(33) од Штип, управувајќи патничко возило „ауди а6“ со привремени (цол) таблички од Сојузна Република Германија, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците З.П(61) и П.П.(58), двајцата од Берово, а со телесни повреди се здобиле Т.П.(35) од Пехчево и М.Е.(49) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид местото извршила екипа од СВР Штип.

На 25.07.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Д.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Палмиро Тољати“ бил каснат од куче скитник.

На 25.07.2022 во 16.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Старо Нагоричане-Граничен премин „Пелинце“, во атар на с.Челопек, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(50) од Куманово и патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Д.И.(53) Република Србија. Во несреќата, Г.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 25.07.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(70) од Скопје пријавил дека на бул.„Февруарски поход“ бил каснат од куче скитник.

На 25.07.2022 во 13.45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Ј.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонија“ бил каснат од куче скитник.

На 25.07.2022 во 22.15 часот на улица „Ленинова“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(24) од с.Батинци, скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за спроведување истражна постапка, поради сомнение за сторени кривични дела по член 258 и член 141 од Кривичниот законик. На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.О.(28) и едно малолетник, двајцата од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено прислушкување и тонско снимање”, Тие, во автомеханичарска работилница, му поставувале недолични прашања на малолетник, неовластено го снимале, по што снимките ги пуштиле на социјалните мрежи.

На 26.07.2022 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.П.(32) од Република Србија, затоа што околу 00.00 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна партнерка од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 26.07.2022 во 01.30 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(50) од с.Волково, затоа што околу 00.50 часот во с.Волково со пиштол им се заканил на соседите С.С.(44), В.С.(44), Д.С.(45) и Ј.С.(70). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(57) и правно лице – угостителски објект од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалаци на дете“. На 28/29.05.2022, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителскиот објект, сопственост на М.Т. и биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалаци.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење’’. Второпријавената, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, во текот на 2021 година на две катастарски парцели во Прељубиште изградила монтажни објект без потребната документација.

На 25.07.2022 во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(33) од Скопје пријавил дека околу 22.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 25.07.2022 во 23.45 часот во СВР Скопје, Б.Р.(41) од с.Бојане, скопско, пријавил дека околу 19.00 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од с.Сарај кон с.Бојане, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал и со кои имал претходно недоразбирање. Се работи на расчистување на случајот.

На 25.07.2022 во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба, В.З.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Б.(21) од струшкото село Шум, Е.И.(18) од селото Франгово и Р.Р.(21) од селото Теферич, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените, на 22.07.2022 на регионалниот пат Струга-Велешта, во близина на селото Враништа, со патничко возило го препречиле патот на патничко возило „фолксваген поло“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(57) од селото Велешта, во кое биле членови на неговото семејство. Притоа, со дрвени предмети го оштетиле возилото, а на Б.К. му нанеле повреди. Од страна на судија на претходна постапка, ним им е одредена мерка притвор.

На 25.07.2022 во 16.03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, липковско, настанал пожар во возило во движење „опел фронтера“, сопственост на МВР. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот.

На 25.07.2022 во 15.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца пријавиле дека од домот се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(15), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.