На 23.07.2022 во 22.50 часот во Градскиот парк, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.07.2022 во 00.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2022 во 20.00 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(19) од Германија и Ф.С.(29) од Скопје затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2022 во 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.С.(22) и Н.П.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај И.С. бил пронајден сигнален пиштол, една рамка за пиштолот без муниција и еден нож, а кај Н.П. бил пронајден нож. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2022 во 23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 лица мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23/24.07.2022 во периодот од 22.30-00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола и Одделението за криминалистички работи на подрачје на Битола во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Битола. Притоа, констатирано е дека во двата објекти малолетници биле послужувани со алкохол за што ќе биде поднесена пријава по член 204 од Кривичниот законик. Во едниот објект констатирана е зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.
Денеска (24.07.2022) во периодот од 01.00 до 02.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Тетово и тетовско. Притоа, во еден од објектите биле приведени седум државјанки на Република Албанија поради прекршок од Законот за странци. Тие биле задржани во полициска станица и ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 23.07.2022 во 12.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Долно Блаце го лишиле од слобода B.K.(31) од Косово затоа што при извршена проваерка било констатирано дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила...
Во текот на изминатата вечер 23/24.07.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола односно Прилеп, Македонски Брод и Демир Хисар спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 22 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Прилеп - 17, потоа Македонски Брод - 4 и 1 санкција Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.
На 23.07.2022 во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп-Ресен, патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(40) од с.Лознани, удрило во пешакот Т.Д.(58) од с.Лознани. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
На 23.07.2022 во 23.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(70) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 23.07.2022 во 22.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(63) од Битола и мотоцикл “хјосунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од П.М.(20) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моториклистот и сопатникот од мотоциклот Д.Д.(20), констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 23.07.2022 во 13.05 часот во Полициската станица Аеродром, И.П.(48) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
На 23.07.2022 во 22.45 часот на плажа во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.М.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2022 во 23.40 часот на плажа во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода О.И.(24) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2022 во 23.40 часот на плажа во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Т.Т.(25) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на изминатата вечер (23/24.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп. При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г.(25) и В.Ј.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници. За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. За време на контролите во угостителски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(40) од село Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.06.2022 во село Лешок, тетовско, при контрола на патничко возило констатирано е дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.С.(54) и Б.М.(37), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.05.2022 во Струмица, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“, управувано од второпријавениот, при што биле пронајдени 55 кутии „тромадол“. По преземени мерки било утврдено дека второпријавениот предметите ги набавил од аптека во Валандово, во која како фармацевт работела првопријавената и му ги дала без соодветна документација и без лекарски рецепт.
Во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 333 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 219 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
Во текот на изминатата вечер (23/24.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 34 возачи, од кои 12 возеле без возачка дозвола, 10 возеле под дејство на алкохол, исклучени се 27 возачи од сообраќај...
На 23.07.2022 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(23) од Куманово и мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Н.К.(29) од Охрид, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентниот центар во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 23.07.2022 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Радански пат“ во Штип, мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, удрил во врата од ограда на куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 23.07.2022 во 13.25 часот во СВР Скопје, М.А.(36) од Скопје пријавил дека на паркинг на ул.„Цветан Димов“ од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 23.07.2022 во 20.24 часот во Полициското одделение Групчин било пријавено дека во с.Желино, од залутано зрно од огнено оружје било оштетено патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Б.Б.(45) од с.Сараќино, тетовско. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 23.07.2022 во 16.30 часот во СВР Тетово, С.С.(70) од Тетово пријавил дека на тераса од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 23.07.2022 во 19.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Итна медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(27) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите околу 19.00 часот додека работел со неговиот татко во с.Владимирово, беровско, при што врз него паднала тракторска приколка натоварена со дрва и му ги притиснала нозете. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово..
На 23.07.2022 во 15.09 часот телефонски во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Крушево, во близина на Прилеп, патничко возило „мерцедес“ во неколку наврати ја загрозило безбедноста на едно лице во сообраќајот. Според пријавеното, возилото во повеќе наврати го претекнувало и го насочувало возилото на пријавителот. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот.
На 23.07.2022 околу 16.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во кој горела сува трева и еден помошен објект. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и месното население. Повредени лица нема.
На 23.07.2022 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, Б.А.(24) од с.Кондово, скопско, физички нападнал 58-годишна жена од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2022 во 09.44 часот во СВР Скопје, З.Г.(46) од Скопје пријавил дека во с.Долна Матка, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.М.. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2022 во 21.45 часот во СВР Струмица, Д.И.(51) од с.Василево, струмичко, пријавил дека околу 21.00 часот во с.Василево бил физички нападнат од О.Н. и Т.Н.. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2022 во 16.50 часот во СВР Струмица, Т.Н.(62) од с.Водоча, струмичко, пријавила дека околу 14.00 часот на работното место во продажен објект во с.Водоча, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Џ.Н. од с.Баница. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2022 во 15.30 часот во ОВР Прилеп, Х.Р.(24) од Радовиш пријавил дека во с.Канатларци, прилепско, бил нападнат со тврд предмет од С.Р. од с.Канатларци, по што синот на С.Р. му заканил со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2022 во 23.00 часот во СВР Тетово, 40-годишна жена од Тетово пријавила дека во Тетово, по вербална расправија околу недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од Г.Н.(31) од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 24.07.2022 во 01.20 часот во Полициската станица Гостивар, И.А.(58) од с.Чегране пријавил дека на 23.07.2022 околу 22.00 часот во с.Чегране, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од Џ.И. од с.Чегране. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на наплатна станица Гостивар настанал пожар во патничко возило „пежо 307“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(27) од Република Турција, кое го изнајмил од рент- а –кар во Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Гостивар и вработените од наплатната станица, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 23.07.2022 во 09.45 часот во СВР Скопје, вработена во амбасада на странска земја пријавила дека на 22/23.07.2022 во периодот од 23.00 до 09.20 часот од паркирано возило „форд фокус“ пред амбасадата на ул.„Франклин Рузвелт“ биле одземени дипломатските регистарски таблици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.