Извадок на дел од дневни настани 23.07.2022

На 22.07.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик. Имено, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело "разбојништво" до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од с.Студеничани, скопско. Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

На 22.07. и 23.07.2022 во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш. Имено, на 22.07.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С.. Истиот ден, во 22.15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска (23.07.2022) во 10.00 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер (21/22.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп. За време на контролите две лица се лишени од слобода. Кај М.И.(31) од Прилеп била пронајдена марихуана, а М.А.(44) од Прилеп затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. За случаите е известен Јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 51 возач.

На 22.07.2022 во Полициската станица Струга бил задржан Ќ.Ф.(29) од Република Албанија, кој на 21.07.2022 на Граничниот премин „Ќафасан“ бил лишен од слобода по распишана потерница од Интерпол-Република Албанија.

Во текот на вчерашниот ден (22.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возач. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 189 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Во текот на вчерашниот ден (22.07.2022) на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 70 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 22.07.2022 во 21.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Демир Хисар, на место викано „Бели Мост“ пред с.Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Битола, излетало од патот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На 22.07.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалиот пат с.Герман-с.Ранковце, на место викано „Каменолом“, атар на с.Радибуш, товарно моторно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(25) од с.Ќојлија, општина Петровец, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ж.С.(64) од с.Сушево, кумановско, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

На 22.07.2022 во 10.40 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во с.Вевчани, Ш.В.(42) од с.Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 22.07.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Центар, Х.Х.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонија“ бил каснат од куче скитник.

На 23.072022 во 02.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода се лишени А.А.(37) од Струга и И.А.(22) од струшкото село Делогожда. При контрола на патничко возило „пежо 307“ со шведски национални ознаки, со кое двајцата се превезувале, извршена во селото Добовјани, полициските службеници пронашле и одзеле 23 пакувања со кафеава прашкаста материја и електронски апарат исполнет со непозната со течност. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.07.2022 во 02.30 часот на локалниот пат во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода И.И.(25) од с.Доброште затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и метална дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.07.2022 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и хероин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Р.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.07.2022 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле и одзеле пет куршуми.

На 11.07.2022 околу 00.15 часот во ОВР Кичево било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика од угостителски објекти на улиците „4 јули“ и „11 октомври“ во Кичево. По преземените мерки, полициските службеници констатирале дека се надминати утврдените гранични вредности за нивото на основните индикатори за бучавата во животната средина, по што изготвени се записници и предупредени се одговорните лица во правните субјекти. По целосно документирање, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

На 22.007.2022 околу 13.50 часот во СВР Тетово, Н.М.(50) од с.Милетино, тетовско, пријавил дека слушнал пукање од огнено оружје во моментот кога покрај неговата куќа поминувала колона возила од семејна веселба. Полициски службеници излегле на местото и пред влезната врата од дворот пронашле девет испукани чаури калибар 9мм пиштолска муниција. Увид бил извршен, а чаурите биле подигнати за понатамошна постапка. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 22.07.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во атар на с.Блатец настанал пожар во кој била зафатена површина со овошен насад во државна сопственост, а дадена на користење на правно лице од Виница, како и нискостеблеста дабова шума и сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од ОВР Виница.

На 22.07.2022 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на монтажен објект (киоск) на ул.„Филип Втори Македонски“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.07.2022 околу 22.30 часот во двор во с.Ракотинци, општина Сопиште, полициски службеници затекнале двe лица при истовар на огревно дрво од возила „даеву нексиа“ и „даеву рејсер“. Притоа, двајцата ги стартувале возилата и се дале во бегство, при што возилото „даеву нексиа“ удрило во службеното полициско возило, а возилото „даеву рејсер“ удрило во паркирано возило пред дворот. Огревното дрво било одземено и предадено на Шумска полиција за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2022 во 13.40 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешка телесна повреда бил донесен Љ.Д.(44) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во Фондот за здравство-Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и за настанот бил известен трудов инспектор.

На 22.07.2022 во 13.10 часот во Полициската станица Гостивар, Д.Ѓ.(33) од Гостивар пријавил дека околу 12.30 часот во населба Питарница во Гостивар бил физички нападнат од А.Х.(41). Се работи на расчистување на случајот.

На 22.07.2022 во 18.35 часот во СВР Битола, 62-годишна жена со привремен престој во Битола пријавила дека околу 17.00 часот во домот на нејзиниот брат, по претходна расправија, нејзиниот внук А.Т.(21) и се заканил со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.07.2022 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(45) и Б.Т.(48), двајцата од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.07.2022 во 23.31 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(56) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.07.2022 во 21.30 часот во СВР Скопје, Ф.К.(29) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во с.Визбегово, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од И.А.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 22.07.2022 во 13.40 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(25) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 23.07.2022 во 07.25 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Мородвис, општина Зрновци, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Р.(54) и Р.В.(62), двајцата од с.Мородвис. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.07.2022 во 16.45 часот во Полициската станица Крива Паланка, С.Ц.(43) од Крива Паланка пријавил дека на место викано „Цоневи ливади“ во с.Жидилово, кривопаланечко, го пронашол починат неговиот татко Д.Ц.(67), за кој на 21.07.2022 пријави дека се оддалечил од домот. Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

На 22.07.2022 во 16.58 часот во СВР Куманово, С.З. пријавил дека во нива во место викано „Ново Куманово“, атар на с.Речица, кумановско, пронашол починато машко лице мигрант. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

На 23.07.2022 во 03.00 часот во СВР Велес, Д.А.(37) од Велес пријавил дека околу 02.00 часот пред казино во Велес, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се работи на расчистување на случајот.

На 23.07.2022 во 08.40 часот во СВР Велес, 39-годишна жена од велешко село пријавила дека околу 02.00 часот во селото, по вербална расправија, В.Н. физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.07.2022 во 06.51 часот во Полициската станица Неготино, З.Ш.(47) од Неготино пријавил дека во неговиот дом во Неготино бил физички нападнат од И.Т и уште едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.07.2022 во Полициската станица Дебар било пријавено дека во периодот од 01.30 до 07.35 часот со употреба на сила и подесен алат било влезено во објект на правно лице во близина на Мелнички мост, сопственост на И.К.(64) од Дебар, и биле одземени пари и накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.07.2022 околу 08.00 часот во СВР Велес, В.Ј.(33) од Велес пријавил дека во домот во кој престојувал бил физички нападнат од В.А., кој притоа му одзел пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.07.2022 во 02.30 часот во СВР Скопје, 41 - годишна скопјанка пријавила дека, додека биле со нејзината малолетна ќерка во домот, го забележале соседот Д.И. како се самозадоволува до нивниот прозор. Се работи на расчистување на случајот.