Извадок на дел дневните настани 20.07.2022

На 19.07.2022 во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени една саксија со засадено растение канабис со висина од околу 50 сантиметри, неколку исушени листови од растението канабис, дробилка, еден боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.07.2022 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(20) и З.М.(22), двајцата од Гевгелија, поради сомнение дека со возило „ауди а8“, со гевгелиски регистарски ознаки, превезувале четири лица мигранти (три од Пакистан и едно од Сирија). Имено, во 18.20 часот на регионалниот пат Р1102, возилото било запрено за контрола, возачот и совозачот избегале, а во возилото биле пронајдени мигрантите, кои биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Набргу, по преземени мерки и по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода П.М. и З.М.. Тие биле приведени во Полициската станица Велес и во координација со Јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по итна постапка по член 418 од Кривичниот законик.

На 19.07.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(18) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.07.2022 во 00.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(29) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2022 во 19.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Р.(20) и Н.П.(21), двајцата од Скопје, затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2022 во 22.05 часот кај излезот од автопатот кон тетовско Камењане, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(35) од гостиварска Долна Бањица, затоа што при преглед кај него и во возило ,,форд“, со словачки национални ознаки, кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи и соодветен поднесок.

На 19.07.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.М.(60) од Охрид. При преглед, извршен во автомобил што го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле ќеса со марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (19.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 327 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 25 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички не исправни возила во јавниот превоз, три мерки за возење под дејство на алкохол...

На 19.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 35 возачи, од кои 18 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено мести и 17 надвор од населено место.

На 19.05.2022 во периодот од 06.00 до 10.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола над возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле констатирани и санкционирани 3 прекршоци (ГВ-3) за неисправни уреди за кочење. Возилата биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите им се изготвени соодветни платни налози и 2 барања за поведување на прекршочна постака за правно и одговорно лице. За време на контролата било откриено и едно возило (ТЕ) кое вршело јавен превоз на патници без соодветна документација и возачот ќе биде соодветно санкциониран согласно член 284А од Кривичниот законик.

На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.07.2022 во 11.20 часот во Полициската станица Карпош, И.Т.(48) од Скопје пријавила на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ била касната од куче скитник.

На 19.07.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пaт Гостивар-с.Градец, кај с.Добридол, З.И.(43) од с.Калиште, кој управувал четирицикл, со гостиварски регистарски ознаки, паднал од четирициклот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 19.07.2022 во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Е.Х.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Личеновски“ бил каснат од куче каснат.

На 19.07.2022 во 20.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Мајор Чеде Филипоски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(32) од с.Лакавица, удрило во пешакот Р.А.(58) од с.Здуње и во уште еден малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот пешак, а со телесни повреди Р.А., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 19.07.2022 во 23.50 часот во Полициската станица Драчево, Ј.Н.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Славчо Стојменски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, против М.М.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Р.И.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „непријавување кривично дело или сторител“. На 19.11.2021 првопријавениот, во својство на референт во филијала на банка во Тетово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без знаење и согласност на лице од Тетово, извршил систематско фиктивно евидентирање на полномошно со кое второпријавениот бил внесен како овластено лице кое може да располага со финансиските средства од сметката на оштетеното лице. Истиот ден (19.11.2021), првопријавениот од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер од 622.559 денари на сметка на второпријавениот во друга банка, кои второпријавениот подоцна ги префрлил на сметка на третопријавениот. Второпријавениот, на 22.11.2021 на шалтер во банката, од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер на финансиски средства во износ од 615.220 денари на сметката на третопријавениот. Третопријавениот, и покрај тоа што знаел за ваквите криминални активности, ги ставил на располагање своите лични податоци, вклучувајќи ги и своите трансакциски сметки отворени во неколку банки, и не го пријавил случајот во надлежните институции.

На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП со бр.24 физички нападнало патник во автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“. Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„Специјална болница за нефрологија“, на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, а на 30.05.2022 година ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што направиле дефект на системот за довод на медицински гасови.

На 19.07.2022 во 10.40 часот во ОВР Кавадарци, 62-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е Јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела судска постапка. Како што е пријавено, лицето и побарало 300 евра за да му помогне на нејзиниот син во судски процес, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси возило во Гевгелија, по што го прекинало контактот со неа. Се работи на расчистување на случајот по што ќе следи соодветна пријава.

На 19.07.2022 во 15.50 часот, М.П.(57) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар, додека вршел работни задачи како вработен во Паркинзи на општина Центар, бил физички нападнат од З.Х.(64) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(46) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 20.05.2022 во 11.30 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, како со такси возило врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца од надлежен орган, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај.

На 19.07.2022 во 08.38 часот во СВР Скопје, Љ.А.(61) од с.Шишево, скопско, пријавил дека, по претходно нарушени односи, бил физички нападнат со тврд предмет од неговиот сосед З.А.(65) од с.Шишево. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 19.07.2022 во 16.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Рамна Шума“ во с.Горно Блаце, скопско, настанал пожар при што била опожарена сува трева и шума. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Известен бил Центарот за управување со кризи.

На 19.07.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(70) од Скопје на ул.„Ташко Караџа“ била касната од куче скитник.

На 19.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(52) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физички нападната од З.С.(46) од Скопје. Исто така, во 22.40 часот Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од Ј.М.(52) од Скопје. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На 19.07.2022 во 13.02 часот во СВР Скопје, Н.К.(62) од Скопје пријавил дека во неговиот стан на подрачјето на Аеродром, чија врата била отворена со подесен алат, затекнал едно лице кое физички го нападнало и побегнало, при што му испаднале повеќе парчиња накит и други лични предмети кои ги одзел од станот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.07.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Н.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„Црногорска“ бил каснат од куче скитник.

На 19.07.2022 во 20.30 часот во СВР Скопје, А.К.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Т.Ѓ.(51) од с.Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.