Извадок на дел од дневни настани 19.07.2022

 

 

Денеска (19.07.2022) околу 01.00 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица Богородица го лишиле од слобода А.М.(30) од с.Инџиково, скопско. Тој се сомничи дека со неговото возило „ауди а6“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 мигранти од Индија, кои се пронајдени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Околу 21.30 часот кај клучка Прдејци, возилото било забележано како со голема брзина се движи кон Гевгелија, а во 21.40 часот А.М. со возилото ја скршил рампата од кабина за гранични проверки, по што тој и мигрантите се дале во бегство. Набргу, мигрантите биле пронајдени, а по пребарување на теренот бил пронајден А.М. и бил лишен од слобода. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2022 на паркинг просторот од сала „Македонија“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп ги лишиле од слобода П.А(30), А.М.(26) и С.Л.(24), сите од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.07.2022 во 22.30 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.О.(23) од Радовиш, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. На 19.07.2022 во 00.10 часот од слобода бил лишен и Ј.Р.(36) од село Василево, сопственик на моторното возило „ауди“. Лицата се задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2022 на ул.„Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола го лишиле од слобода К.Ш.(19) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.07.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.Ѓ.(43) од Велес поради основано сомнение дека на ден 05.05.2002 извршил кривично дело „разбојничка кражба“ во продажен објект во Велес. Притоа, тој се однесувал агресивно и физички нападнал полициски службеник. В.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 28.07.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.М.(23) од Скопје, со привремен престој во Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно предизвикување пожар на градската депонија. При преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 18.07.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

 

На 18.07.2022, во периодот од 21.00 до 24.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 13 возачи, од кои 8 за управување возило со брзина поголема од дозволената во населено место и 5 надвор од населено место.

 

На 18.07.2022 во 07.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мопед „томос“, со штипски регистарски ознаки, управуван од С.А.(74) од Кочани, удрил во запрено товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.С.(27) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот С.А.(74) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ЈЗУ Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

На 18.07.2022 во 15.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.Б.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Вера Јоциќ“ бил каснат од куче скитник.

 

На 18.07.2022 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со приколка, управувано од Љ.С.(42) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од К.Р.(63) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

 

На 18.07.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.И.(46) од Скопје пријавил на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

 

На 18.07.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“, товарно возило „ман“ со полуприколка - цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

 

На 18.07.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Ташко Караџа“ бил каснат од куче скитник.

 Денеска (19.07.2022) во 13.30 часот од улица ,,Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(36) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 18.07.2022 во 17.15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.С.(25) од охридското село Опеница, кој претходно во маркет во Охрид одзел паричник од едно лице. При извршен преглед, полициските службеници го пронашле паричникот, кој заедно со купените производи се одземени. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.К.(67) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола, извршена на 18.05.2022 во 08.45 часот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше, пријавениот бил затекнат како со такси возило врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 18.07.2022 во 21.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, патничко возило „рено сеник“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(58) од с.Лешница, удрило во пешакот А.Ш.(18) од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р.(21) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 16.06.2021 на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, пријавениот со патничко возило „цитроен џампер“ превезувал 17 лица мигранти, од кои 15 од Пакистан и двајца од Бангладеш, кои биле пронајдени при контролата.

На 18.07.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, В.Д.(30) од Скопје пријавил дека во близина на Градски парк неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 19.07.2022 во 03.50 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(46) од Арачиново и И.С.(44) од с.Огњанци, скопско. Тие, со возило „мерцедес“, кое го управувал Н.А., на ул.„Македонско-косовска бригада“ не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, при што во знак на предупредување од полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух, а потоа на влезот од Арачиново со возилото удриле во службено полициско возило и се обиделе да удрат и полициски службеник, по што излетале од патот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Б.(20) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојничка кражба“. На 14.07.2022 во Кичево, И.И.(68) од Кичево го затекнала пријавениот на влезната врата од нејзината куќа како претура во шкаф и успеала да го задржи, при што тој со метален предмет ја нападнал.

На 19.07.2022 околу 00.30 часот во ОВР Кичево било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика од два угостителски објекта на булеварот „Ослободување“ во Кичево. По преземени мерки и извршено мерење, полициските службеници констатирале дека се надминати утврдените гранични вредности за нивото на основните индикатори за бучавата во животната средина, по што се изготвени записници, а по целосно документирање, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

На 18.07.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Д.(61) од Скопје пријавила дека во с.Трубарево била касната од куче скитник.

На 18.07.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.П.(23) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на ул.„Мирче Ацев“ две лица со остри предмети се обиделе да го нападнат него и неговиот брат Д.П.(28). Според пријавеното, во обид да се оддалечи од местото, го стартувал неговото возилото, при што удрил возило управувано од Ј.З.(49) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.07.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ едно лице со употреба на сила одзело чанта на М.С.(73) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.07.2022 во 19.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Н.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против малолетник од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 27.11.2021 на регионалниот пат Гостивар - с.Чегране, пријавениот со остар предмет повредил друг малолетник од с.Чегране.