Извадок на дел дневните настани 18.07.2022

На 17.07.2022 околу 00.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.П.А (32) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја, таблети, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (17.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 424 возачи. Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 184 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 240 надвор од населено место.

Во текот на изминатата вечер (17.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 126 возачи. Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

На 17.07.2022 во 07.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Врбјани и с.Сливово, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.З.(21) и уште еден малолетен сопатник од Гостивар, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 17.07.2022 во 21.50 часoт во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на с.Горно Седларце, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(35) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон...

На 17.07.2022 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.Ш.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „сузуки“, управувано од Г.Т.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т., а со телесни повреди се здобил Ф.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.07.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кеј на реката Вардар, велосипед удрил во пешакот М.Ќ.(47) од Тетово, по што го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.07.2022 при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид затекнале и санкционирале 24 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-13, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03).

На 17.07.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кимко“, управуван од Л.К.(31) од селото Велешта и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Р.Ш.(34) од селото Калишта, двете со струшки регистарски ознаки. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.

На 17.07.2022 во 00.30 часот во нас.Илинден, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода С.К.(47) од с.Бујковци, општина Илинден, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.07.2022 во 16.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „рено“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „нисан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(37) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „рено“, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил В.Ч.(56) од Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.

На 18.07.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје, М.М.(29) од Скопје пријавил дека на 17.07.2022 околу 20.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неколку лица, а едно од нив бил и З.И.. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.07.2022 околу 02.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „мерцедес“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Ж.(70) од Струга и „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.З.(23) од Кичево. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид се здобил возачот на возилото со кичевски регистарски ознаки, додека со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, малолетник од Кичево, кој бил сопатник во возилото со кичевски регистарски ознаки, возачот на возилото со австриска национални ознаки и сопатниците А.Ж.(22), А.Ж.(45) и З.Ж.(69), сите од Велешта. Увид на местото извршиле полициски екипи.

На 17.07.2022 во 20.40 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од Б.Ѓ.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 17.07.2022 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со белгиски национални ознаки, управувано од А.Х.(34) од селото Пласница и „ауди a2“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) од Кичево. Притоа, возачот на возилото „ауди а2“ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево. Со телесни повреди се здобиле Л.Ј.(50) од селото Зајас, сопатник во возилото „ауди а2“, како и возачот на возилото со белгиски национални ознаки и сопатниците А.Ј.(54), Н.Н.(50), Н.Л.(38), Р.Н.(49) и А.Х.(46), сите од Пласница. Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.

На 17.07.2022 во 16.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(36) од Скопје пријавила дека на 16.07.2022 околу 19.30 часот на подрачјето на Аеродром, нејзиниот малолетен син, по претходна расправија со неговиот малолетен другар, бил физички нападнат од Б.А. и Е.А., родители на другарот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 17.07.2022 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ѕид на објект на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ на ул.„Филип Втори Македонски“ удрило залутано зрно. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.

На 17.07.2022 во 12.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на локален пат за с.Цапари, битолско, М.Т.(48) од Битола, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид бил извршен.