Извадок на дел дневните настани 17.07.2022

На 16.07.2022 во 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода К.К.(29) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2022 во 16.20 часот на Граничниот премин Ќафасан на влез во Р.С.Македонија од слобода бил лишен П.Д.(25) од Р.Албанија, поради тоа што при извршени гранични проверки од страна на полициски службеници констатирано било дека истиот се барал по меѓународна потерница од Интерпол-Франција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.


На 17.07.2022 во 02.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид кај с.Другово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(70) од с.Велешта, а со привремено живеалиште во Р.Австрија, и патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.З.(23) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.З. констатирани во Специјалната болница “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.О.(51) од село Равен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 12.05.2022 во Гостивар, при извршена контрола на возило, констатирано било дека пријавениот врши дејност на такси превозник без да поседува соодветна лиценца.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 46 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во текот на изминатата вечер 16/17.06.2022 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 53 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 63 останати прекршоци.

На 16.07.2022 во 18.20 часот било пријавено дека во Прилеп на ул„Мирче Ацев“, мотоцикл „Педа-Италија 125“ без регистарски таблици, управуван од А.Д.(27) од Прилеп удрил во Е.И.(55) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.И., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во текот на изминатата вечер (16./17.07.2022) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 91 возач. Од нив 53 на територија на СВР Битола, осум на територија на СВР Велес...


На 16.07.2022 во 10.00 часот во с.Света – демирхисарско било пријавено дека настанал пожар во помошен објект (две гаражи и плевна) сопственост на М.Н.(71). Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица-Демир Хисар.

На 16.07.2022 во 17,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на бул. “Трета Македонска бригада“. По излегување на местото на настанот, од страна на полициски службеници констатирано било дека целосно бил опожарен стан сопственост на М.М.(73). Повредени лица во пожарот нема и истиот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица-Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.07.2022 во 00.50 и во 01.20 часот, часот во ОВР Кичево, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со прегласна музика од два угостителски објект на булеварот „Ослободување“ во Кичево. По преземените мерки, полициските службеници извршиле мерење и констатирале дека се надминати утврдените гранични вредности за нивото на основните индикатори за бучавата во животната средина по што, изготвен е записник и по целосно документирање, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

На 16.07.2022 во СВР Охрид лишен од слобода бил Т.М. од Охрид кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ги нападнал родителите. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Кисела Вода И.К.(46) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син Д.К.(23) кој имал здравствени проблеми. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.07.2022 во 18.40 часот било пријавено дека во с.Јурумлери пред спортска обложувалница бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.З.(48) од с.Јурумлери и Г.Т.(29) од с.Булачани. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 16.07.2022 во 19.20 часот М.М.(76) од Скопје, пријавил дека во близина на Комплексот клиники “Мајка Тереза“ поради претходно недоразбирање во сообраќај бил физички нападнат од Д.К.(37) од Гостивар и Д.Ј.(40) од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 17.07.2022 година околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица.
Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен.
На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И,. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот.
Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми. Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2022 во 15.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош по претходно недоразбирање околу паркирано возило бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.С.(45) и С.Т.(37) двајцата од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 16.07.2022 во 05.00 часот Н.А.(58) од Скопје, пријавил дека околу 01.00 часот во с.Стајковци, на паркинг пред угостителски објект бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.07.2022 во 18.25 часот И.С.(56) од Скопје, пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.07.2022 во 14.40 часот Р.Н.(67) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во угостителски објект лоциран на пазарот во Ѓорче Петров бил физички нападнат од А.Н. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 22.30 часот А.Н.(53) од Куманово пријавил дека околу 20.00 часот во Куманово по претходно недоразбирање бил физички нападнат од А.Н. Се работи на расчистување на случајот.


На 17.07.2022 во 05.50 часот Ѓ.Т.(32) од Битола пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола најпрвин бил физички нападнат од едно лице, а потоа пред објектот повторно бил физички нападнат од истото лице и уште две други лица кои според пријавеното работеле како обезбедување. Се работи на расчистување на случајот.


На 17.07.2022 во 00.30 часот било пријавено дека во Битола во ходник од спортска сала бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.С.(23) од с.Сарандиново и З.Т.(43) од Битола. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 16.07.2022 во 19.45 часот во Демир Хисар во близина на угостителски објект од полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар бил лишен од слобода М.М.(47) од Битола поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 16.07.2022 во 13.44 часот Б.Ѓ.(34) од Виница пријавил дека на бензинската пумпа во Виница бил физички нападнат од Д.Н. од Виница. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 21.38 часот В.К.(58) од Кочани пријавила дека околу 21.00 часот во Кочани нејзиниот брат М.К.(64) бил физички нападнат од две лица од кои едниот го познавал и му одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 21.20 часот З.К.(57) од Богданци пријавил дека околу 20.50 часот пред угостителски објект во Богданци бил физички нападнат од В.П. и неговите двајца синови. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 19.50 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Б.Б.(35) од Тетово поради тоа што физички ја нападнал неговата сопруга и уште неколку негови роднини. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 16.07.2022 во 09,00 часот СВР Битола, З.Н.(57), М.П.(44), Т.А.(40), В.М.(56) и Д.М.(49) сите од Битола пријавиле дека претходниот ден на 15.07.2022 околу 21.00 часот нивните малолетни деца биле вербално и физички нападнати од Г.М. од Битола. За настанот е известен Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.07.2022 во 12,50 часот било пријавено дека во Скопје на ул. “Беласица“ во близина на бензинска пумпа било пронајдено машко лице во бессознание, паднато на тротоар. Од страна на Итната медицинска помош истото било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, утврден бил неговиот идентитет и се работи за лицето И.П.(83) од Скопје. На истиот од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.07.2022 во 16.30 часот во Полициското одделение Чегране Б.С.(41) од с.Чегране пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од неговиот сосед Н.З. како и од уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.