Извадок на дел дневните настани 16.07.2022


 На 15.07.2022 во 16.00 часот на ул.“Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(35) од с.Слатино-тетовско затоа тоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2022 во 19.50 часот било пријавено дека во Градската болница во Прилеп бил донесен В.Х.(72) од Прилеп кој,според пријавеното, се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа. Имено, според пријавеното, на ул.“Динара“ во Прилеп патничко моторно возило удрило во велосипед, управуван од В.Х., по што го напуштило местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Во текот на април, мај и јуни 2022 пријавениот набавил кокаин и марихуана и ги продавал на зависници во Скопје. При претрес во неговиот дом, полициски службеници пронашле и одзеле 27 паковки со марихуана и 10 паковки со кокаин, по што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден (15.07) изречени се вкупно 52 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, четири мерки за користење мобилен телефон, две санкции за возење без возачка дозвола, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.



На 15.07.2022 во 11.08 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка“, С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

На 16.07.2022 во 03.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица- Радовиш, во близина на село Владиевци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило “мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(50) од Велес, товарно моторно возило “ом“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.М.(57) од с.Секирник-струмичко, како и патничко моторно возило кое напуштило лице место. Во несреќата со повреди се здобиле возачите на двете товарни моторни возила, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Струмица.

На 15.07.2022 во 22.00 часот во ОВР Кичево, од Медицинскиот центар во Кичево било
пријавено дека кај нив бил донесен С.Р.(53) од Кичево кој, според пријавеното, при работа во својот дом се повредил. Тој бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.07.2022 во СВР Охрид лишен од слобода е Б.А.(25) од Кичево, одговорно лице во угостителски објект во Охрид. Тој, претходно им се спротивставил на полициските службеници кои, со фонометар извршиле мерење на бучавост од гласна музика во објектот и констатирале бучавост од 79 децибели односно зголемување од максимално дозволената од 55 децибели. По целосно документирање на настанот, против одговорното и против правното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 15.07.2022 по претходна судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на И.Т.(47) од Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се едно пластично и три стаклени шишиња со течност и други предмети. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2022 година во 20 часот, на улицата „Боро Шаин“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со карање и физичка пресметка помеѓу М.А.(42) од Струга и С.Д.(32) од Скопје. Двете се приведени во ОВР Струга и по целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2022 во 02.40 часот било пријавено дека во с.Митрашинци–беровско, настанал пожар на патничко моторно возило “нисан“ со германски национални ознаки,
сопственост на С.Ч.(32) од с.Митрашинци, а со место на живеење во Германија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Берово.

На 15.07.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Карпош С.С.(31) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила М.Х.(16), а истата и претходно била пријавувана дека го напуштала домот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 15.07.2022 полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа К.С. (18) од Тетово и М.Д. (24) од Скопје затоа што на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлале со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицата се изнесени пред судија на претходна постапка.

На 15.07.2022 во 20.30 часот Е.В.(31) од с.Грчец пријавил дека околу 19.30 часот неговиот малолетен син во с.Сарај бил физички нападнат од Е.А.(24) од с.Сарај. По целосното докумeнтирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 16.07.2022 во 02.30 часот К.К.(28) од Штип пријавил дека на бензинска пумпа во Штип бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 04.00 часот Б.М.(52) од с.Негорци пријавил дека во Гевгелија бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.07.2022 во 02.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, по што во координација со Јавен обвинител ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 15.07.2022 во 23.30 часот М.Ч.(36) од Неготино пријавил дека во угостителски објект во Неготино бил физички нападнат од Н.Ј. од Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 00.30 часот И.Ј.(45) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 17.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од М.Т.(44) од Скопје, кој што подолг период му се заканувал нему и на неговиот син и му нанел повреда. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.07.2022 во 03.00 часот Ф.Д.(43) од с.Ваксинце пријавил дека околу 02.30 часот во с.Речица-кумановско, по претходно недоразбирање околу сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.


На 15.07.2022 во 10.20 часот Г.К.(47) од Битола пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот, во хотел во Битола додека бил на работно место бил физички нападнат од Р.С.(36). Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2022 во 09.00 часот Љ.С.(63) од Битола пријавил дека на 12.07.2022 околу 16.00 часот, во Битола по претходна расправија околу паркинг простор бил физички нападнат од Т.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2022 година во 20:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Д.Л.(21) од Скопје. При преглед извршен на превојот „Стража“, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа најлонско кесе со марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2022 година од 16.00 до 22.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 36 возачи кои, во и надвор од населено место, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената.

На 15.07.2022 година во од 21.00 до 24.00 на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 19 возачи. Од нив седуммина ја пречекориле брзината во населено место, а 12 возачи биле санкционирани заради поголема брзина надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 15.07.2022 во 17.10 часот во Тетово на ул.“Гоце Делчев“ од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Б.К.(37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 15.07.2022 во 23.20 часот во с.Лешок-тетовско од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Л.С.(37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 16.07.2022 околу 01.00 часот на Граничен премин Блаце од полициски службеници бил лишен од слобода Ф.К.(24) од с.Долна Лешница-тетовско кој претходно бил пријавен дека физички ја нападнал неговата малолетна сестра и уште еден негов роднина, а потоа со патничко возило со странски регистарски ознаки се обидел да ја напушти земјата. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Утринава (16.7.2022) полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Д.Б.од Куманово. При претрес во домот на Д.Б. извршен со судска наредба, била пронајдена голема количина на криумчарена стока и автоматска пушка.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.