Извадок на дел дневните настани 14.07.2022

На 13.07.2022 околу 18.00 часот полициски службеници на СВР Тетово го привеле 41-годишниот Ж.С. од тетовска Брвеница. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

На 13.07.2022 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Македонски гемиџии“ ги лишиле од слобода И.С.(22) и А.Н.(25), двајцата од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Нa 14.07.2022 околу 01.30 часот, во непосредна близина на наплатна станица Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој претходно бил пријавен дека околу 21.45 часот избегал од Воспитно-поправниот дом во тетовска Волковија, каде издржувал воспитно-поправни мерки. Набргу потоа тој бил вратен во домот, а возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, времено е одземено поради сомнение дека потекнувало од извршена кражба.

На 13.07.2022 во 10.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(24) од Куманово, затоа што во црква „Св.Троица“ во село Речица, кумановско, со употреба на сила влегол во црквата и одзел пари и други предмети. А.С. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2022 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Македонска фаланга“ во Битола ги лишиле од слобода М.К.(36)и Д.Ј.(49) од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава во врска со чл.215 од Кривичниот законик.

На 14.07.2022 во 02.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при извршена пасошка контрола било констатирано дека М.Т.(37) од Р.Србија е на СТОП-листата во оперативната евиденција, на барање на Интерпол-Австрија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 13.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 49 возачи, од кои 29 санкции изречени во населено мести и 20 санкции надвор од населено место.

На 13.07.2022 во 07.34 часот во СВР Битола пријавено е дека на регионален правец Кичево-Македонски Брод на м.в „Ижишки анови“, патничко возило „пежо 206“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од И.Д.(36) од Македонски Брод, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.

На 13.07.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 15 во населено место и 2 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 38 други видови на прекршоци, од кои 4 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 10 за управување возило без возачка дозвола, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 11 за некористење заштитна кацига и 4 за непрописно паркирање.

На 13.07.2022 во периодот од 12.00 до 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила во кои се превезуваат патници и во која биле откриени и санкционирани 32 лица (ТЕ-27 и ГВ-5) кои не носеле заштита на лицето, што претставува задолжителна важечка мерка за спречување на ширење на „ковид-19“. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци.

На 13.07.2022 во 13.10 часот во Полициската станица Аеродром, И.Ќ.(43) од Скопје пријавил дека на кеј на р.Вардар, под мостот на Железничка станица, бил каснат од куче скитник.

На 13.07.2022 Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и СВР Охрид, врз основа на претходно обезбедена судска наредба, изврши претрес и контрола над правно лице во село Оровник, општина Дебрца. При претресот беше констатирано дека видео-надзорот во целиот објект не работи, а беа пронајдени 2.388 растенија од канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, спротивно на условите пропишани со Закон, 1.066 растенија расад од канабис, наспроти пријавената бројка од 616 засадени растенија, а во внатрешноста беа пронајдени 820 растенија од канабис, иако според претходните известувања испратени до Комисијата правниот субјект нема производство, поради реновирање на просторот. Исто така, во една од просториите беа пронајдени гранки од растенија од канабис во фаза на сушење и готов сушен цвет, за што досега не ја известиле Комисијата, додека во сеф собата беа пронајдени 343 кг сув цвет од канабис, што според известувањата претставува вишок од 7 кг неевидентиран сув цвет од канабис само во собата и 269 кг ‘шејк’ (листови и гранки од канабис). Воедно, при претрес на поткровјето во правниот субјект беа пронајдени садови кои се користеле за производство на масло од канабис, иако наведеното правно лице нема дозвола за производство на вакво масло. При контролата во објектот беше затекнато едно лице кое според евиденцијата на АВРСМ е невработено и 5 албански државјани, работно ангажирани во правното лице, но неевидентирани, за што е известен Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции и Државниот инспекторат за труд и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Според констатираното, правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите во повеќе сегменти согласно Законот за контрола на опојни дроги. Од страна на Комисијата беше составен Записник за констатирана состојба, известен е Јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки сите предмети се одземени. По документирање на доказниот материјал, од страна на СВР Охрид ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Законот за контрола на опојни дроги. Од страна на Комисијата при Министерството за здравство ќе бидат преземени и дополнителни мерки во врска со ова правно лице.

На 13.07.2022 во периодот од 21.00 до 24.00 часот при сообраќајни контроли со т.н. ноќен радар на територија на СВР Охрид санкционирани се 19 возачи на моторни возила кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-05, Струга-10, Кичево-04).

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.Ц.(55) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2022 година, на парцела покрај Дебарско Езеро, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост со површина од 440,4 м2 и без да се стекне со одобрение за градење изградил зграда и потпорен ѕид, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на буџетот на Република Северна Македонија и буџетот на општина Дебар.

Денеска (14.07.2022) во близина на село Доброшинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, пронашле 49 лица мигранти, од кои 47 од Пакистан, 1 од Сирија и 1 од Индија. Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.07.2022 во 01.40 часот пред угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(26) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од село Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 29.03.2022 на регионалниот пат Тетово - Брвеница, при контрола на патничко возило констатирано е дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против малолетник од село Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.04.2022 пред средно училиште во Гостивар, по претходна расправија и меѓусебна нетрпеливост, со остар предмет нападнал ученик и му нанел повреда на раката.

На 13.07.2022 во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Ѓ.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ настанал пожар во нејзиното патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

 

На 13.07.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од домот се оддалечил нивниот штитеник Р.Ѓ.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.07.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од И.К.(40) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.