Извадок на дел од дневни настани 13.07.2022

На 12.07.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино го лишиле од слобода Р.А.(44) од с.Пепелиште, неготинско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа и едно ќесе со листови од канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.07.2022 во 12.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ќ.Ш.(40) и Р.А.(43), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при кражба на предмети од фабрика на ул.„Александар Македонски". Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против двајцата ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.07.2022 во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.И.(29) од Градско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми за ловечка пушка калибар 12мм. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.07.2022 околу 21.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Х.К., затоа што при негов и преглед на патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, бил пронајден кокаин. Х.К. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 12.07.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.07.2022 во 01.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ј.(33), затоа што него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.07.2022 во ОВР Прилеп, од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека затворски службеници, при преглед на просторијата од осуденикот Ф.А.(42) од Битола, пронашле марихуана и грутчеста материја. Полициски службеници излегле на местото и дрогата била одземена за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.07.2022 во 21.00 часот на Граничниот премин Богородица, при гранична проверка, било констатирано дека возачката дозвола на Т.Р.(54) од Италија била фалсификувана. Тој бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Известен бил Јавен обвинител.

 

На 12.07.2022 во рамки на сообраќајните контроли, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 74 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

 

На 12.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 47 возачи, од кои 26 санкции се изречени за пречекорување на дозволената брзина во населено мести и 21 санкција надвор од населено место.

 

На 12.07.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 26 возачи. Притоа, 23 возила ја пречекориле брзината во населено место и 3 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им биле соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за некористење заштитен појас, 1 за користење мобилен телефон, 7 за некористење заштитна кацига и 2 за непрописно паркирање.

 

На 12.07.2022, во периодот од 10.00 до 15.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила во која биле откриени и санкционирани 7 технички неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-4). Шест од нив (ТЕ-3 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, а 1 друг вид на неисправност. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, санкционирани се и 4 возачи (ТЕ) кои не поседувале возачки дозволи и 1 возач (ТЕ) кој не носел возачка дозвола, а со поднесоци, исто така, биле заокружени и 23 други видови прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-10). Во оваа акција поради непрописно паркирање, од тетовската „пајак-служба“ биле подигнати 8 возила (ТЕ). На 12.07.2022 во периодот од 21.00 до 24.00 часот била спроведена и контрола за брзина со која се движат возилата, при што биле откриени и санкционирани 12 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-7 и ГВ-5), од кои 2 (ТЕ) биле за повеќе од 70 километри на час. Санкционирани се и 6 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 3 други видови прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1).

 

На 12.07.2022 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(35) од Скопје, удрило во пешакот Н.С.(75) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 12.50 часот им подлегнал на повредите. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 12.07.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.Х.(41) од Скопје пријавил дека во нас.Ќерамидница бил каснат од куче скитник.

 

На 12.07.2022 во 15.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат за с.Дуф, гостиварско, патничко возило „форд мондео“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(32) од с.Дуф, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.О.(62) од с.Дуф, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 12.07.2022 во 13.45 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ф.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„376“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

На 12.07.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалниот пат во с.Горна Црцорија, кривопаланечко, патничко возило „опел мерива“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ц.А.(26) од Крива Паланка, излетало од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, а двајцата сопатници М.А.(30) и В.С.(34), двајцата од Крива Паланка, се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ во Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. 

На 12.07.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР го лишиле од слобода Ј.Ѓ.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 27 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.07.2022 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.М.(22) и А.П.(22), двајцата од Охрид. Полициски службеници го забележале А.П. како од патничко возило „бмв“, со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрла ќесе со кокаин. Дрогата била одземена и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.07.2022 во СВР Охрид приведен е Д.Г.(62) од Охрид. На улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.07.2022, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-02, Кичево-06, Дебар-05). За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Е.З.(61) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, вработен во Одделението за катастар на недвижности Крива Паланка, Агенција за катастар на недвижности, при внесување на податоци за легализиран објект не внел претходно запишана прибелешка - концесија за експлоатација на минерална суровина на локалитет Крива Крушка и Ранковце, доделена од Министерството за економија во 2011 година на правно лице од с.Гиновци, општина Ранковце, односно целосно ја избришал. На тој начин пријавениот овозможил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија во 2020 година да склучи договор за закуп на земјиште со друго правно лице со седиште во село Гиновци на истата парцела лоцирана во Ранковце.

 

На 12.07.2022 околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 38-годишниот Н.С., кој пред тоа бил пријавен дека во подрумски простории од објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, физички се пресметувал со 48-годишниот Д.П., и двајцата од Гостивар, и го повредил со остар предмет, по што Д.П. бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Остриот предмет бил пронајден и одземен за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Х.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 21.06.2022 на автопатот Тетово-Гостивар, пријавениот продал марихуана на две лица од Гостивар и гостиварско, по што бил фатен и лишен од слобода, а подоцна и спроведен до Основното јавно обвинителство Гостивар каде му била одредена мерка притвор.

 

На 12.07.2022 во 23.10 часот во СВР Скопје, К.П.(24) од Скопје пријавила дека во близина на Градскиот парк, поради претходно нетрпение, била физички нападната од К.С.(31) од Скопје (женско лице). По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 12.07.2022 во 10.00 часот било пријавено дека во автобус на подрачјето на Аеродром, Е.Б.(48) од Скопје, по претходна вербална расправија, физички го нападнал возачот С.С.(45) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н.(45) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 18.05.2021 во Виница бил извршен претрес во дом и други простории кои ги користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. Притоа, било констатирано дека пријавениот нудел и им овозможувал на други лица да користат наркотична дрога.

 

На 12.07.2022 во 23.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Московска“, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Љ.Р.(21) од село Раклиш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.02.2022 во село Раклиш, пријавениот продал марихуана на лице од село Ињево, кај кого при извршен преглед на патничко возило марихуаната била пронајдена и одземена. Додека, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и кокаин и други предмети со траги од марихуана.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.04.2022 во с.Муртино бил извршен претрес на дом и други простории на пријавениот при што биле пронајдени и одземени 253,4 грама барут и 20 куршуми со различен калибар.

 

На 12.07.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на неговото работно место во отпад во Скопје четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот. Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Чаир, Г.Љ.(51) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата ќерка А.Љ.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Џ.(44) и Д.Џ.(36), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“. На 29.04.2022 во Гевгелија, во правен субјект од Гевгелија, првопријавената, во присуство на второпријавениот, нејзин сопруг, пуштила во оптек две фалсификувани банкноти во апоени од по 20 евра.