Извадок на дел од дневните настани 12.07.2022

На 11.07.2022 на место викано „Сива вода“ кај археолошкиот локалитет Хераклеа, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.М.(34) од Скопје, М.М.(30) и С.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2022 на место викано „Стара болница“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.07.2022 околу 22.10 часот во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот Љ.Р од Тетово, затоа што при негов и преглед на патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2022 околу 01.50 часот во тетовско Нераште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот Ф.А. од ова село, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2022 околу 01.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, лишиле од слобода малолетник од Тетово во присуство на негов родител, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува соодветен поднесок. .

На 11.07.2022 околу 14.00 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, кај место викано „Краварски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода Џ.М.(47) од Скопје. При контрола во возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, на автопатот А1 Гевгелија – Скопје, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу потоа бил сопрен и лишен од слобода. Со Џ.М. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Пронајдените лица мигранти биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

На 11.07.2022 во Полициското Одделение Велушина, З.Т.(37) од Битола пријавил дека на патот над село Олевени, во место викано „Кај трите црквичиња“, неговиот татко пронашол неексплодирана артилериска граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - Битола гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 105 мм од Првата светска војна.

На 11/12.07.2022 во периодот од 23.40 до 00.40 часот во с.Чегране, гостиварско, била спроведена акциска контрола и во угостителски објект била лишена од слобода К.Р.(43) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, по член 380 од Кривичниот законик. Во објектот, исто така, како гости биле затекнати А.Л.(36) и К.М.(31) од Република Албанија, кои биле приведени поради непријавен престој.

На 11.07.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за користење мобилен телефон...

На 11.07.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 22 возачи. Притоа, 11 возила ја пречекориле брзината надвор од населено место и 11 во населено место. На сите прекршители изготвени им биле соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 7 за возач почетник и 1 за користење мобилен телефон.

На 11.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 23 возачи, од кои по 3 санкции се изречени на територија на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод и 11 санкциии на територија на Ресен.

На 11.07.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај с.Сарај, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(49) од с.Крушопек, скопско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.07.2022 во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Д.(63) од Скопје пријавил дека на бул.„Февруарски поход“ бил каснат од куче скитник.

На 11.07.2022 околу 12.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железнички премин во с.Романовце, на место викано „Превој“, се случила железничка несреќа помеѓу локомотива и патничко возило „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, управувано од М.А.(44) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, а со повреди се здобил и сопатникот Р.А. од истото возило, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 11.07.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Н.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Маџари 2“ била касната од куче скитник.

На 11.07.2022 во 23.25 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(25) од Скопје пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(46) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен на 07.07.2022 на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, во кое сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш. од Скопје, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети. Дополнително, во неговиот дом во Охрид, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со течна материја, метална дробилка и други предмети.

 

На 11.07.2022 во 17.00 часот во с.Ржаничино, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го привеле Р.Ѓ.(64), затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се заканувал со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 07.06.2020, пријавениот преку апликација на мобилен телефон се слушнал со оштетената, претставувајќи се како претставник на хуманитарно здружение, при што ѝ понудил да земе стан во Скопје. По ова, оштетената заедно со нејзиниот брат отишле во Скопје и се сретнале со пријавениот и со уште едно лице. Притоа, пријавениот ветил дека веднаш ќе им даде клуч од станот доколку му дадат 2700 евра. Откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетената.

 

На 11.07.2022 околу 13.40 часот во СВР Скопје, С.В.(48) од Скопје пријавил дека пред неговиот деловен објект во населба Влае бил физички нападнат со тврд предмет од З.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2022 во 18.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ф.Т., кој претходно бил пријавен од 64-годишен маж од гостиварски Градец за „изнуда“, „лихварство“ и „загрозување на сигурноста“. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

 

На 11.07.2022 во 22.10 часот во СВР Скопје, Б.С.(26) од с.Идризово, скопско, пријавил дека околу 21.30 часот во с.Идризово бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.12.2021, по преземени мерки, во објект на улица „Методија Шаторов Шарло“ полициски службеници пронашле 904 грама марихуана која припаѓала на пријавениот.

 

На 11.07.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје, И.П.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ѓ.А.(28) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 11.07.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје, А.Б.(28) од Куманово пријавил дека во деловна просторија на подрачјето на Бит Пазар, поради нарушени семејни односи, бил физички нападнат од Н.С.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 11.07.2022 во 09.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека биле испишани графити на клупи и бандери во Градски парк. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против В.К.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Д.К.(60) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со горенаведеното кривично дело. На 07.10.2021 во Неготино, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Притоа, второпријавениот се обидел да ја фрли дрогата и да го прикрие делото.

 

На 11.07.2022 во 17.10 часот во СВР Скопје, 19 - годишна скопјанка пријавила дека околу 13.20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар едно машко лице ја допирало по телото, а потоа се самозадоволувало. Се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.С.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 13.03.2022 во Кочани, пријавениот во неколку наврати употребил платежна картичка која ја пронашол во такси возило кое го управувал, при што го оштетил лицето за 7.310 денари.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.С.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 25.03.2022 во атар на село Здуње, пријавениот, додека извршувал работни задачи во приватна фирма - ископ на земјиште со работна машина багер за поставување на водоводни цевки, со корпа од багерот искинал подземен далеководен кабел, сопственост на ЕВН Македониjа, со што причинил штета на ЕВН Македонија.