На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага. П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.06.2022 околу 21.50 часот во гостиварско Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.З.(29) од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“.
На 21.06.2022 околу 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.Р.(33) и Р.Р.(26), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле кражба од приватен имот во с. Доброшане, кумановско, при што одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 21.06.2022 во 18.10 часот ул.„Петре Прличков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.С.(21) од Неготино затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.06.2022 околу 22.40 часот на паркинг во близина на угостителски објект покрај автопатот Желино-Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Р.(19), Ј.Ц.(20) и Л.Р.(21), тројцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.06.2022 во 16.00 часот во парк на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Љ.Х.(28) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.06.2022 околу 14.50 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.06.2022 околу 14.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (21.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 111 други видови прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 14 мерки за возење без возачка дозвола, а четири за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири прекршоци што ги прават пешаците, 10 мерки за користење на мобилен телефон...
На 21.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 51 возачи, од кои 21 санкции се изречени на територија на Битола, 18 санкциии на територија на Ресен, 5 на територија на Прилеп, 1 во Демир Хисар, 4 во Крушево и 2 во Македонски Брод.
Секторот за внатрешни работи Тетово продолжи со континуираните контролни активности на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред се на автобуси и комбиња. Вчера (21 јуни) од 06.00 до 10.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 5 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4).Три од прекршоците (ТЕ-1 и ГВ-2) се однесувале на неисправни сопирачки, а 2 (ГВ) на неизвршен технички преглед. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, едно возило (ТЕ) не поседувало потребни документи и ќе следува поднесок по член 284-а од Кривичниот законик. При контролата, исто така, констатирани се и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3).
На 21.06.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од П.Л.(27) од Кичево, удрил во И.С.(37) од Кичево. И.С. се здобил со тешки телесни повреди, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.
На 21.06.2022 во 16.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на шумски пат над с.Висока Маала, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки,управуван од С.И.(24) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(29), двајцата од с.Висока Маала. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека Б.Б. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.
На 21.06.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, М.З.(51) од Скопје пријавила дека во парк на подрачје на Карпош била касната од куче скитник.
На 21.06.2022 во 12.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Н.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник.
Денеска (22.06.2022) во 14.30 часот на ул.„Перо Наков" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(37) од Скопје. Тој бил баран со Централна потерница за издржување на казна затвор од 10 години и девет месеци во казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 236 и член 22 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за издржување на казната.
Денеска (22.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(49) од Скопје. Тој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Денеска (22.06.2022) околу 11.00 часот на ул.„Злетовска“ во Скопје, полициски службеници од оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(27) и М.И.(28), двајцата од Скопје.Тие биле затекнати при примопредавање на марихуана. При преглед кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветна пријава.
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.А.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење" по чл.244-а од Кривичниот законик. Пријавениот започнал со градежни активности на парцела во општина Гази Баба без да поседува Одобрение за градење издадено од надлежен орган во согласност со чл.56 ст.1 од Законот за градење.
На 21.06.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека настанал пожар во хотел на бул.„Маршал Тито“ во Неготино. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци пожарот бил изгаснат. Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом - Неготино. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.
На 21.06.2022 во 20.00 часот на Железничка станица Гевгелија, во товарен воз, кој пристигнал од Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле девет лица-илегални мигранти (еден од Куба и осум од Индија). Лицата биле предадени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
На 21.06.2022 во 17.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, Ш.А. и Р.А., двајцата од с.Батинци, физички го нападнале И.С. од с.Смесница, општина Зелениково, кој бил во патничко возило „фолксваген голф“ со В.А., исто така, од с.Смесница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.06.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Драчево, И.Б. пријавил дека околу 14.00 часот на бул.„Борис Трајковски“, Р.А. од с.Батинци, скопско, со неговото возило „бмв“ го пресретнал возилото „фолксваген пасат“ во кое бил тој и С.М.(27), при што им се заканил со пиштол, а го оштетил и нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.06.2022 во 07.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Б.Р. пријавил дека во близина на објект во изградба на регионален пат Гевгелија-с.Негорци, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Р.(30) од Куманово, И.В.(25) од с.Горно Оризари, Е.Ж.(39) од с.Горно Оризари, Т.Р.(58) од Куманово, Е.Л.(44) од с.Горно Оризари, М.С.(61) од Скопје и С.Ј.(49) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 21.06.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, Б.Ш.(37) од Скопје пријавил дека на 20.06.2022 околу 16.00 часот на работното место - портир во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“,бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.06.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Драчево, М.П.(20) пријавил дека околу 18.00 часот пред тобако на подрачје на Драчево, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.06.2022 во 20.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Д.(21) од Крива Паланка пријавила дека во периодот од 00.00 до 00.20 часот на бензинска пумпа на подрачје на Аеродром била физички нападната од Ф.Ш., со кого се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.06.2022 во 02.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ц.(20) од Скопје пријавила дека во периодот 21.00 часот на 20.06. до 02.00 часот на 21.06.2022 на паркинг на подрачје на Аеродром било опожарено возило „тојота“, сопственост на правно лице, а го управувала пријавителката. Од огнот делумно било зафатено и возило „форд фокус“, сопственост на правно лице. Повредени лица нема. Се преземааат мерки за расчистување на случајот.
На 22.06.2022 во 11.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.У.(51) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечиле А.О.(9) и С.Р.(12), кои и претходно се оддалечувале од домот, а кои му биле доделени од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
ОВР Гостивар поднесе 13 кривични пријави против Б.А.(35) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, Р.М.(37), Б.М.(32) и Ш.Ш.(36), тројцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“. Пријавените, кривичните дела ги сториле во период од февруари до мај 2022 година на тој начин што им се јавувале на оштетените, претставувајќи се како менаџери на фирма или дека се заинтересирани да купат нешто, па ги доведувале во заблуда да им пуштат пари, а стоката или порачката ќе ја платат кога ќе се видат. Причинетата вкупна материјална штета изнесува 480.200 денари.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, кој бил на издржување казна затвор, во периодот од март до април 2022 година со лажно прикажување на фактите, довел во заблуда лице од Кочани дека треба да добие пари од странство и успеал да го убеди да даде лични податоци од трансакциската сметка на неговата мајка за да му бидат пуштени парите. Потоа, пријавениот подигнал кредит од финансиско друштво, кој бил уплатен на таа трансакциската сметка, кои потоа оштетениот му ги дал на пријавениот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ц.(29) од с.Долно Коњари, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.06.2022 на бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, марихуана, семки од марихуана и пари во различни валути и апоени.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(20) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 13.05.2022 на регионалниот пат Р1208-Св.Еразмо, пријавениот бил затекнат како управувал патничко возило со кое вршел превоз на патници без да поседува соодветна лиценца за вршење на дејноста.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава правно лице од с.Добридол, гостиварско и Е.Х.(52) од с.Симница, менаџер во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градење“. Пријавените, во јануари 2021 година, на парцела во атар на с.Добридол без потребна градежно-техничка документација, одобрение за градење издадено од општина Врапчиште, извршила доградба на објект на правното лице.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Љ.Н.(38) од с.Гостиражни, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста врз службено лице“. Пријавениот, на 08.04.2022 на регионалниот пат с.Костинци - с.Ропотово, поради одземени дрва, упатувал закани кон вработен како шумар во ЈП Национални шуми.