Извадок на дел од дневни настани 21.06.2022

На 20.06.2022 во 16.45 часот во с.Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(67) од с.Семениште. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

 

На 20.06.2022 во 12.00 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 49-годишниот Р.К. од Тетово за издржување на затворска казна. По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

Денеска (21.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Т.(59) од Скопје. Тој бил баран со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

 

На 20.06.2022 во 20.25 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за насилен криминал, Одделение за семејно насилство при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.2 и кривично дело „присилба“ по член 139 ст.2. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени идземени сигнален пиштол „eкол фирад магнум“ 9мм, сигнален пиштол „десерт еагле цал 11“ 9мм, две рамки, компензатор и сигнална муниција. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 20.06.2022 во СВР Битола било пријавено дека во дворно место на ул.Митрополитска, во старата касарна во Битола, била пронајдена една неексплодирана артилериска граната од 75мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.06.2022) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, две мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас...

 

На 20.06.2022 околу 18.25 часот во ОВР Виница било пријавено дека на локален пат с.Јакимово-с.Истибања, виничко, кај место викано „Демирово гумно“, патничко моторно возило „субару“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од с.Истибања, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П. констатирани во Општа болница Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Виница.

 

На 20.06.2022 во 21.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(18) од Охрид и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(23) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка на мотоциклот од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

На 20.06.2022 околу 22.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.В.(64) од Штип, удрил во Л.Р.(59) од Штип. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

 
 

 

На 20.06.2022 околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.К.(25) од Кочани. Тој бил баран со потерница поради бегство од казнено-поправната установа Затвор Куманово и поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 и сторени три кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По насоки на Јавен обвинител лицето било задржано во ОВР Кочани и денеска било извршено препознавање од оштетените во кривичното дело разбојништво. Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа затвор Куманово.

 

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.И.(52) од Скопје за сторено кривично дело ,, Загрозување на животната средина со отпад" од член 230 ст.3 од КЗ и против правно лице на кое што првопријавениот е управител, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,, Загрозување на животната средина и природата со отпад" од член 230 ст.3 в.в.ст.5 од КЗ. Имено, на 14.02.2022 година при извршена контрола од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат, утврдено е дека првопријавениот како управител, во име и за сметка на второпријавеното правно лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини лоциран во општина Гази Баба, Скопје, неовластено тргува со отпад без да поседува Дозвола за вршење на дејност управување со отпад издадена од Министерство за животна средина во име на второпријавеното- правното лице, со што постои основано сомнение дека пријавените го сториле кривичното дело кое што им се става на товар.

 

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 119 други видови прекршоци.

 

На 20.06.2022 во периодот од 16.00 до 21.00 часот, при спроведени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници санкционирале 25 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење(11-надвор од населено место, 14-во населено место).

 

На 21.06.2021 околу 01.30 часот на патот Неготино – Градско, полициски службеници од СВР Велес и Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, но возилото не застанало. По преземени мерки и пребарување на теренот возилото било пронајдено и во него биле затекнати 13 лица – илегални мигранти (12 од Пакистан и едно од Сирија). Мигранти биле спроведени во Tранзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 20.06.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(47) од Прилеп затоа што претходно со остар предмет ја нападнал и ѝ нанел повреди на неговата поранешна 43-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 20.06.2022 во 11.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино - с.Лешок, во близина на железничката пруга во с. Ратае, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(50) од с.Слатино, тетовско и патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(39) од с. Прлубиште, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.Б., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички во возилото „пежо“ од с.Прлубиште, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 20.06.2022 околу 22.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на клучка од автопатот Граничен премин „Табановце“- Куманово, на место викано „Милано“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(22) од Куманово и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(27) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

На 20.06.2022 во 11.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, од полициски службеници бил приведен Ц.Р.(31) од Косово поради пречекорен престој во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделение за странци и реадмисија за понатамошна постапка.

 

На 21.06.2022 во 00.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата. Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.

 

На 20.06.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Драчево, А.К.(28) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на 19.06.2022 околу 14.00 часот во и во близина на паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К.(54) од с. Студеничани, пронашол две зрна од огнено оружје, при што биле оштетени ветробранско стакло и лим од гаражата каде било паркирано. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 20.06.2022 во 12.20 часот на ул. Македонија во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го пронашле С.Ј.(14) од Битола за кој на 19.06.2022 во Полициската станица Аеродром било пријавен дека се оддалечил од железничката станица во Скопје.

 

На 20.06.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.Н. од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот пред трговски центар на подрачје на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.06.2022 во 14.00 часот во Полициското одделение Сарај, Х.С.(72) од с.Рашче, општина Сарај, пријавил дека на 18.06.2022 околу 23.00 часот пред угостителски објект во с.Рашче неговиот малолетен внук, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.Х. од с.Рашче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.06.2022 во 13.45 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 17.06.2022 до 08.45 часот на 20.06.2022 со употреба на сила било влезено во во простори на правно лице на подрачје на Центар и биле одземени пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.06.2022 околу 14.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во с.Подареш, радовишко, настанал пожар во приколка од трактор натоварена со бали сено, кој го управувал М.И.(43) од с.Подареш. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш и лицата кои биле присутни. Притоа, додека го гаснеле пожарот со повреди се здобил Р.А. од с.Подареш, кој бил пренесен во ЈЗУ Радовиш за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

 

На 20.06.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.В.(72) пријавила дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ била касната од куче скитник.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В. А.(29) од с.Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 10.05.2022 околу 23.45 часот во центарот на с. Ваксинце, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на Х.А.(37), кој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.К.(58) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење службено дејствие“. На 02.06.2022 во Прилеп, пријавениот се однесувал агресивно и се заканувал на вработен во подрачната единица на Министерството за финансии.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ц.С.(50) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 09.06.2022 во 11,20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Кичево извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ц.С. и констатирале дека пријавениот управува такси возило без да поседува лиценца и извод за вршење на превоз на патници.

На 20.06.2022 во 18.05 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.П.(24) од Скопје пријавила дека во паркот Пушкин на подрачје на Кисела Вода била каснат од куче скитник.

 

На 20.06.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.