Извадок на дел од дневни настани 20.06.2022

 На 19.06.2022 во 09.00 часот на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.06.2022 во 11.45 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.06.2022 околу 22.50 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот В.Р. од тетовско Нераште затоа што кај била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

 

На 19.06.2022 во 12.50 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(31) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.06.2022 во 22.20 часот во Струмица, полициски службвеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(32) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.06.2022 околу 12.10 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внaтрeшни работи Тетово целосно расчистија шест кражби на мотоцикли и го лишиле од слобода В.Н.(26) од Тетово. Тој се сомничи дека минатиот и овој месец од улици, дворови пред куќи и на други места противправно одзел шест мотоцикли, од кои три се понајдени во неговиот дом. Пронајдените мотоцикли биле вратени на сопствениците, а против В.Н. ќе следува соодветен поднесок по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 162 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, седум за недавање првенство на минување на пешаци...

 

На 19.06.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 148 возачи, од кои 47 санкции се изречени на територија на Битола, 38 на територија на Ресен, 39 во Прилеп, 6 во Демир Хисар, 3 во Крушево и 15 санкции во Македонски Брод.

 

На 19.06.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници санкционирале 81 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-21, Струга-35, Кичево-19, Дебар-06).

 

Вчера (19.06.2022), на подрачјето на СВР Куманово полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 77 возачи, од кои 48 на подрачјето на Куманово, 12 на подрачјето на Крива Паланка и 17 во Кратово.

 

На 19.06.2022 околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета Македонска ударна бригада“, во близина на „Митев мост“, Ј.С.(24) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н. Ѓ.(24) од Куманово, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

На 19.06.2022 во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.И.(46) од Тетово и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(28) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 19.06.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Сливовска“ бил касната од куче скитник.

 

На 19.06.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.П.(54) од Скопје пријавил дека  на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник. 

На 18 и 19.06.2022 полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце, Полициската станица за граничен премин Долно Блаце и Полициската станица за граничен премин Пелинце извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, на Граничен премин Табановце, управуван од Ш.Т. од с.Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, на Граничен премин Пелинце, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

 

На 20.06.2022 во 04.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на населбата Пештани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(75) од една и М.Ѓ.(77) и А.Ѓ.(75), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.И.(41) од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик. Пријавената, иако немала положено возачки испит за Б категорија и немала возачка дозвола, набавила и искористила фалсификувана возачка дозвола за управување со моторни возила од Б категорија.

 

На 19.06.2022 околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Бутелска“ била опожарена врата од куќа, сопственост на С.К.(71) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека кон вратата било фрлено шише со запалива течност. Повредени лица нема, а увид на местото извршила од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 19.06.2022 во 10.00 часот на бул.„3та Македонска Бригада“, полициски службеници од Полициска станица Аеродром ги пронашле А.О.(9) од Битола и С.Р.(12) од Скопје за кои на 11.04.2022 во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека се оддалечиле од домот. 

 

На 17.06.2022 во 13.30 часот во СВР Скопје, 68 - годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот 12.05/13.05.2022 во нејзиниот дом О.Н.(52) од Скопје, со кого се познавала подолг период, извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.06.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Драчево, С.В.(55) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник.

 

На 20.06.2022 во Ресен, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен ги лишиле од слобода Б.Ц., А.Ц.(19) и И.Ц.(50), сите од Ресен. Тие се сомничат дека на 19.06.2022 со употреба на сила влегле во домот каде престојува 34 годишна жена од Ресен, поранешна девојка на Б.Ц, физички ја нападнале и со употреба на сила ја однеле во нивниот дом каде што повторно физички ја нападнале. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 19.06.2022 во 18.30 часот на ул.„Ангел Димовски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Т.(23), Љ.Д.(26) и еден малолетник, сите од Скопје затоа што физички нападнале малолетник од Скопје. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.06.2022 околу 20.50 часот кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кратко време возилото било пронајдено на патот и во него биле затекнати три лица – мигранти од Сирија. Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот  

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(53) од с.Ореше, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 13.06.2021 во периодот од 00.00 до 04.00 часот во Велес, со употреба на сила и тврд предмет извршил тешка кражба во куќата на Н. Г., одземајќи три пушки, кои со дозвола ги поседувал оштетениот.  

 

Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 14 учесници во сообраќајот за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

На 19.06.2022 во 12.50 часот во Полициска станица Центар, А.С.(23) од Скопје пријавил дека во 12.25 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од Р.Р. и С.Р. со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во СВР Скопје било пријавено дека на 16.06.2022 во 22.45 часот во комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал А.Т.(58) од Скопје, кој на 15.06.2022 бил донесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, но поради тешка здравствена состојба бил пратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“. По наредба од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

 

На 19.06.2022 во 20.07 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Ј.(58) од Битола пријавила дека околу 19.50 часот од железничката станица во Скопје се оддалечил нејзиниот внук С.Ј.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал од дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 19.06.2022 во 15.10 во Полициското одделение Петровец било пријавено дека настанал пожар на нива со житна култура, сопственост на правно лице од Скопје. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

 

На 19.06.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на 18.06.2022 околу 16.30 часот во викенд населба во с.Орешани, скопско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

 

Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи. Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.