Денеска (12.06.2022) во 01.10 часот полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 17-годишник од кичевското село Лисичани, бидејќи на улицата „11 Септември“ во Кичево кај него биле пронајдени и одземени три ќесички со прашкаста материја. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.06.2022 во 23.30 во Битола на паркингот на трговски центар, од страна на полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода Н.Б.(18) од с.Буково, битолско и двајца малолетници од Битола. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.
На 11.06.2022 во 16.15 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода П.К.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.06.2022 во 23.00 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А.(29) од с.Селце, тетовско. Тој се барал по судска наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна. Л.А. бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.06.2022 во 14.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од Македонија, од слобода бил лишен М.Л.(55) од Косово по барање на Интерпол-Албанија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 11.06.2022 во 17.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Н.(38) од Албанија, на барање на Интерпол-Белгија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 11.06.2022 во 20.30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар бил приведен А.К.(53) Република Албанија, поради постоење на сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој во државата, како и за утврдување на идентитетот. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 до 02.00 часот на 12.06.2022 спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки (ТЕ-66 и ГВ-30). Од нив 41 мерка (ТЕ-23 и ГВ-18) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозволеното. Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-43, ГВ-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).
На 12.06.2022 во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат - обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од с.Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г.(41) од Нов Дојран. На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
Во текот на изминатата вечер 11/12.06.2022, во периодот од 22.00 до 02.00 часот на територија на градот Пробиштип, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возилa под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 29 возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 3 учесници кои управувале патничко возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, 1 учесник во сообраќајот кој управувал патничко возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.
На 11.06.2022 во 23.20 часот било пријавено дека на регионален пат на подрачјето на валандовско, патничко возило „фолксваген голф“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од с.Пирава, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.
На 11/12.06.2022 во периодот од 23.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 27 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-10, Струга-09, Дебар-08) . Дополнително, од сообраќај се исклучени 21 возач кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-16, Кичево-05). Ним им се одземени возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
На 11.06.2022 во 12.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Суводол-Скопје, во атарот на с.Брезница, на место викано „Биба“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од В.А.(66) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С.(56) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Ј.А.(67) од Скопје, а со телесни повреди се здобил В.А., констатирани во Градската општа болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.
На 11.06.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот, во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 265 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 2 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 123 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 88 други видови прекршоци.
На 12.06.2022 во 00.20 часот во Полициската станица Карпош, Љ.Ч.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ бил каснат од куче скитник.
На 11.06.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, И.Т.(24) од Охрид пријавила дека на ул.„Орце Николов“ била касната од куче скитник.
Во текот на вчерашната вечер (11/12.06.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен уред (радар) за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 237 возачи. Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 161 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место. При контролата се констатирани и санкционирани и 52 останати прекршоци.
На 11/12.06.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип. Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи. На подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција. Против сите лица кои сториле прекршок ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.06.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 19 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се и шест мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), пет за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење на мобилен телефон...
На 12.06.2022 во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Идризово – с.Кадино, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(35) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Н.(34), а со телесни повреди се здобиле Е.Д. и сопатничката Н.Д.(38), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во текот на 11/12.06.2022 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 30 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци.
На 12.06.2022 во 01.35 часот Н.Г.(24) од Крива Паланка пријавил дека во близина на угостителски објект во Крива Паланка бил физички нападнат од М.Р.. Се работи на расчистување на случајот.
На 11.06.2022 во 02.30 часот Б.Т.(27) од с.Теарце пријавил дека околу 01.30 часот на паркинг од угостителски објект во с.Сиричино бил физички нападнат од М.Ј. од истото село. Се работи на расчистување на случајот.
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.Д.(45) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.05.2021 во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, дигитална вага со остатоци од кокаин и сад со остатоци од амфетамин.
На 11.06.2022 во 08.50 часот било пријавено дека во с.Ѓавато, битолско, настанал пожар во кој била опожарена табла со осигурувачи во куќа сопственост на В.П.(67). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 12.06.2022 во 07.30 часот М.П.(22) пријавила дека околу 04.00 часот во Битола била физички нападната од Г.С.(24), двајцата од Битола. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.06.2022 во 00.20 часот Д.Р.(58) од Прилеп пријавил дека додека бил во угостителски објект во Прилеп со неговата пријателка З.В., по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот. Околу 01.40 часот З.В.(61) од Прилеп пријавила дека на 11.06.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект во Прилеп, каде била гостинка, по претходна расправија, била физички нападната од едно женско лице. Во врска со случајот, во 01.30 часот, Н.Н.(21) и Б.Н.(28), двајцата од прилепско, пријавиле дека во угостителски објект во Прилеп каде биле вработени, Н.Н. била физички нападната од едно женско лице, а Б.Н. од машко лице, двајцата гости во објектот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ќ.Р.(41) од општина Липково и З.А.(63) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 30.04.2021 и на 02.05.2021, пријавените биле затекнати во с.Лојане, липковско, односно во Куманово, како се движат за време на забрана за движење без да поседуваат дозвола за движење.
На 11.06.2022 во 00.30 часот било пријавено дека во с.Радуша, скопско, во угостителски објект, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ј.А.(34) и К.А.(31), двајцата од с.Радуша, во која биле употребени стаклени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.06.2022 во 23.50 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Кратово М.В.(18) од с.Радибуш, општина Ранковце, физички ги нападнал М.Ј. и Д.Ј.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.06.2022 во 03.32 часот било пријавено дека во Кочани едно лице со закана од вработен на бензиска пумпа одзелo пари. Се работи на расчистување на случајот.
На 11.06.2022 во 09.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово С.С.(59) физички ја нападнал Л.А. со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.