Дневни билтени

Извадок на дел дневните настани 28.05.2022


Денеска (28.05.2022) по претходно преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од Единица за внатрешни работи - ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром лишен е од слобода 17-годишник од с.Зелениково, скопско, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ на 27.05.2022 во 18.30 часот во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил уште десет кривични дела „разбојништво“ и тоа: на 27.05.2022 во уште две спортски обложувалници со закана кон вработените одзел пари, на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022, на 30.04.2022, на 27.03.2022, на 23.03.2022 и на 03.12.2021 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Кај лицето биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

На 27.05.2022 во 23.25 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од угостителски објект на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Б.М.(32) од Кавадарци, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на ул.„173“ во Тетово ги лишиле од слобода А.О.(40) и С.Е.(29), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 01.00 часот полициски службеници од СВР Тетово на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово ги лишиле од слобода И.В.(22), Р.В.(18) и уште еден малолетник, сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (27/28.05.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 20 прекршоци. Најголемиот број од санкционираните возачи се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп - пет, два на подрачјето на Ресен и еден во Демир Хисар.

На 27.05.2022 во 20.55 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Даме Груев“ патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(38) од Охрид, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 27.05.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за возач почетник...

На 27.05.2022 во 07.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Подвис, патничко возило „југо корал“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(77) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, Н.С.(82) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 27.05.2022 во 09.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А.(48) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник.

На 27.05.2022 во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 138 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

На 27.05.2022 во 16.45 часот било пријавено дека во Радовиш, на регионален пат на место викано „Жешка вода“, патничко возило „опел астра“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од с.Подареш, радовишко, удрило во пешакот В.В.(56) од с.Ораовица, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.В., констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

На 27.05.2022 во 20.35 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ј.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Грамос“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 27.05.2022 во 14.45 часот во Полициската станица Чаир, Џ.С.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Бетовенова“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

 Денеска (28.05.2022) околу 11.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон. Двете лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 27.05.2022 во 19.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с.Грчец, скопско, го лишиле од слобода Р.Н.(32). Тој се барал по судска наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна во времетраење од три години. Р.Н. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна.

Денеска (28.05.2022) во 10.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д. од Куманово. Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 6 опаковки со кокаин, две опаковки со марихуана и околу 50.000 денари. Лицето е приведено во СВР Куманово, за случајот е известено Основното јавно обвинителство Куманово и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

На 27.05.2022 во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во с.Враништа, струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 27.05.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Ц.М.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2022 во 20.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Д.(29) и Д.И.(57), од една страна и С.К.(52) и З.К.(25), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 27.05.2022 во 23.30 часот В.А.(24) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Р.Д. и А.Д.. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2022 во 22.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, Б.Ѓ.(76) од Скопје физички нападнал малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 27.05.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.Г.(41) од Скопје пријавил дека во с.Волково неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2022 во 19.05 часот А.С.(37) од Прилеп пријавил дека околу 18.30 часот во близина на Граничен премин Богородица бил физички нападнат од Д.Ѓ.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 27.05.2022 во 23.00 часот С.М.(67) од Штип пријавил дека околу 19.00 часот во Штип со тврд предмет бил физички нападнат од Д.Ж.. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2022 во 08.30 часот А.А.(40) и А.Е.(38), двајцата од Прилеп, пријавиле дека околу 00.45 часот на плоштадот во Прилеп биле физички нападнати од три лица, при што на А.А. му бил одземен личен предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2022 во 19.30 часот М.Т.(19) од с.Пирава пријавил дека на 26.05.2022 околу 23.30 часот во близина на бензинска пумпа во с.Јосифово, валандовско, бил физички нападнат од Б.М. од с.Јосифово. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2022 во 09.00 часот Т.Л.(74) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош едно лице физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата. Се работи на расчистување на случајот.

На 28.05.2022 во 04.25 часот 36-годишна велешанка пријавила дека во Велес, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Т.К.. Се работи на расчистување на случајот.

Единицата за насилен криминал - Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.В.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 ст.2, по чл.139 ст.2 и по чл.377 од Кривичниот законик, извршени на 26.05.2022 врз неговата поранешна девојка. Од страна на Судија на претходна постапка на Б.В. му е одредена мерка притвор.

На 27.05.2022 во 09.37 часот од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден М.Љ.(28) од с.Света Петка, скопско. Според пријавеното, тој додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар како вработен во фирма, бил нападнат со остар предмет од О.Ј., при што се здобил со повреди. На нападот му претходела меѓусебна вербална расправија Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 27.05.2022 во Полициската станица Чаир, Р.А.(26) од с.Љуботен пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра С.А.(27). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.05.2022 во 21.35 часот Н.О.(45) од с.Џепчиште, тетовско, пријавил дека околу 19.50 часот во угостителски објект во с.Џепчиште бил физички нападнат од Б.М. и Б.М., двајцата од с.Џепчиште. Се работи на расчистување на случајот.