Извадок на дел од дневни настани 26.05.2022

На 25.05.2022 во 21.55 часот на бул,,Никола Карев" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(46) од с.Трубарево,скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 25.05.2022 во 20.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 24-годишниот тетовец Џ.А. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 25.05.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(28) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај. На местото на несреќата починал С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 26.05.2022 околу 00.30 часот на локалниот пат кон тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот А.И. од тетовско Боговиње затоа што при негов и преглед на возилото што го управувал „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки му била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.И. ќе следува соодветен поднесок.

На 26.05.2022 во 01.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.05.2022 во 01.25 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Л.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.05.2022 во 01.40 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.05.2022 во 21.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Љ.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.05.2022 околу 16.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген лупо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 54-годишната тетовка А.Р., удрило во 45-годишната А.Ф. од тетовска Гургурница. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На 25.05.2022 во 22.55 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.05.2022 во 22.30 часот на граничен премин „Богородица“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Е.(71) од Република Грција затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција за приведување со судска наредба поради сомнение за сторено кривично дело по член 279 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во СВР Струмица за понатамошна постапка.

На 25.05.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 8 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден во времето од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 28 прекршоци, од кои 22 за преминување на улиците надвор од обележан пешачки премин, 4 за не користење на тротоари и 2 за движење на коловоз. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци.
Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 4 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 7 за недавање првенство на минување на пешаци, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига и 1 за непрописно паркирање.

Во текот на изминатите два дена СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 52 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 15 санкции за непрописно престигнување и 11 за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи .

На 25.05.2022 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

На 25.05.2022 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 25.05.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Центар, М.Б.П.(46) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 25.05.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.С.(21) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

 

На 25.05.2022 во 14.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.З.(27) од село Слупчане, липковско, бидејќи се обидел да подигне брз кредит со податоци од лична карта на друго лице. Тој бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.05.2022 во 22.30 часот во Полициското одделение Петровец, К.Ј.(21) од с.Петровец, скопско, пријавил дека во селото, по претходна расправија за имотно-правни односи, бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Ц и А.Ц., двајцата од с.Ржаничино, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (26.05.2022) во 10.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Р.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на ул.„Кемал Сејфула“ одзел предмет од патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(31) од Скопје.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во соработка со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.05.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Д.(41) и И.Ѓ.(32), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 26.05.2022 во 00.10 часот во СВР Струмица, И.М.(43) од с.Владевци, општина Василево, пријавил дека на 25.05.2022 околу 23.20 часот во с.Владевци бил физички нападнат од Р.Д.. Се работи на расчистување на случајот.

На 25.05.2022 во 02.30 часот во СВР Струмица, Ц.С.(26) од с.Босилово пријавила дека околу 02.00 часот во Струмица, по претходна расправија, била физички нападната од М.М.. Се работи на расчистување на случајот.

На 25.05.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно- социјални проблеми и нарушено поведение Скопје, се оддалечил нивниот штитеник И.А.(12) од Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 25.05.2022 во 18.30 часот во ОВР Кавадарци, 35-годишен жител на Кавадарци пријавил дека околу 11.45 часот на ул.„Ѓоре Брушански“ едно лице се соблекло на јавен простор пред малолетничка. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.