Извадок на дел дневните настани 25.05.2022

 

На 24.05.2022 во 21.00 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.Ш.(49) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти (две од Индија и три од Куба). За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.05.2022 во 11.30 и во 13.50 часот во Тетово, по судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле А.Б.(37) и Р.Р.(26), двајцата од Тетово, за издржување на затворска казна. Тие биле предадени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 25.05.2022 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.О.(22) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.05.2022 во 23.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.А.(33) од Тетово затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.05.2022 во 20.20 часот, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.Х. (44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.05.2022 во 16.30 часот, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2022) на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 51 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 24.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 43 прекршоци, од кои 38 надвор од населено место и 5 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 29 други видови на прекршоци, од кои 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 5 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 6 за непрописно паркирање.

На 24.05.2022 во 10.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Билбил Камен“ во Битола, З.К.(84) од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Ц.(60) од Битола. Во незгодата, З.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 24.05.2022 во 14.27 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Раде Иваноски“ во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи електричен тротинет, удрил во паркирано патничко возило „ауди“. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатираnи во Градска болница Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.А.(19) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 25.02.2022, пријавената во Делчево пронашла дебитна картичка, сопственост на М.Т., со пин, по што во два наврати подигнала 16.000 денари од банкомат и ја оштетила М.Т. за таа сума.

На 24.05.2022 во 13.25 часот на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода П.В.(30) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Ш.(61), А.Ш.(52) и С.С.(55), сите од с.Бачишта, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство во врска со кривично дело „бесправно градење”. Пријавените, во периодот од мај 2021 година до април 2022 година, на дел од катастарска парцела на ул.„11-ти Септември“, како инвеститори граделе спротивно на Одобрение за градење издадено од општина Кичево.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(44) од с.Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.04.2021 во 21.25 часот во с.Слупчане, пријавениот бил забележан како се движи за време на забрана на движење на територија на Република Северна Македонија.

СВР Скопје – Одделение за насилен криминал – Единица за насилен криминал, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Р.(45) и Р.М.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека околу 02.00 часот на 11.05.2022 во казино на ул.„Качанички пат“ физички го нападнале Е.Т. и му се заканиле со пиштол. По преземени мерки, тие биле лишени од слобода на 24.05.2022 и по судска наредба бил извршен претрес во нивните домови.

На 25.05.2022 во периодот од 01 до 02 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Неготино, сопственост на С.Т.(22) од истото село. Притоа, во објектот била затекната Б.З.(46) од Република Косово, која била приведена поради злоупотреба на престојот. Таа била задржана за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2022 во 18.05 во СВР Штип било пријавено дека на улица „Маршал Тито“, мопед „априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, удрил во полициски службеник при вршење службена дејност. Со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, додека со телесни повреди се здобил малолетниот возач на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на СВР Штип.

На 24.05.2022 околу 20.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.О.Г.(21) и К.К.(29), двајцата од Велика Британија, затоа што на улица „Наум Охридски“ физички го нападнале Б.Н.(48) од Охрид. Лицата се задржани во СВР Охрид за понатамошна постапка.

На 25.05.2022 во 03.50 часот во Полициската станица Аеродром, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на булевар „Јане Сандански“ била физички нападната од М.Т.(51) од Скопје, со кого била во врска. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.05.2022 во 02.40 часот во СВР Охрид, М.Н.(61) од Охрид пријавил дека во близина на хотел, по претходна вербална расправија, физички бил нападнат од С.Г.(31) од с.Велгошти, охридско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.05.2022 во 22.20 часот во СВР Охрид, Ј.Б.(18) и М.Т.(18), двајцата од Охрид, пријавиле дека во угостителски објект и надвор од него во близина на спортска сала „Билјанини извори“ физички биле нападнати од С.К., Ф.К. и К.Б. и уште неколку лица, сите од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.05.2022 во 15.22 во Полициското одделение Велешта, Е.К.(71) од с.Лабуништа, струшко, пријавил дека во истото село бил физички нападнат од Џ.С. од с.Лабуништа поради нерешени имотно-правни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.05.2022 во 15.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Коле Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ѓ.(33) и П.Ѓ.(58), двајцата од Велес, од една страна и Е.К. (34) и С.К. (53), двајцата од Велес, од друга страна. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.05.2022 во 05.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во просторија на фирма во с.Грчец, општина Сарај, сопственост на Х.Н.(27) од с.Грчец. Со пожарот биле зафатени и две оранжерии во сопственост на Н.И.(31) од с.Грчец. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје целосно го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

На 24.05.2022 во 18.45 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во близина на с.Бање, кочанско, во канал за наводнување бил пронајден починат Р.А.(27) од Кавадарци, за кој на 23.05.2022 во 17.10 часот беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, кочанско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Л.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 14.05.2022 на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, пријавениот физички нападнал 17-годишна девојка од кочанско село.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 11 малолетници од Скопје, од кои 10 на 15-годишна вораст и еден на 16 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.03.2022 околу 16.30 часот во двор на основно училиште на ул.„Индира Ганди“, пријавените физички нападнале малолетник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.10.2021 на ул..„Методија Стефаноски“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Д.(28) од с.Радуша, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.04.2022 на граничен премин „Табановце“, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против У.З.(58) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 28.10.2021, при претрес во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол марка „Чешка зброевка” со една рамка и седум куршуми, за кои не поседувал дозвола.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.И.(34) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 17.02.2022, при претрес во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол марка „Црвена застава“, кој го поседувал без дозвола.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(57) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. На 2005 во с. Боговиње, пријавениот во својство на инвеститор, изградил викенд куќа и ја легализирал, додека во текот на 2017 година извршил узурпација на државно земјиште кое го користи како двор со површина од 173 м². Од страна на службата преземени се мерки и активности, односно од страна на увидна екипа при СВР Тетово, извршен бил увид на местото на настанот и било потврдено дека наведеното место е во државна сопственост.

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.К.(22) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.04.2022, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле контрола и на е пронашле пријавената во својот дом и на тој начин постапила спротивно на Решението за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.