Извадок на дел од дневни настани 22.05.2022

На 21.05.2022 во 14,00 часот на Граничен премин Табановце од полициски службеници е лишен од слобода А.З.(38) од Тетово затоа што при извршена пасошка контрола е утврдено дека се бара со потерница за издржување на казна затвор. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.

На 21.05.2022 во 19.45 часот во Полициска станица Центар Р.К.(51) од Скопје пријавил дека на ул. Кеј 13ти Ноември бил каснат од куче скитник.

Синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

На 22.05.2022 во 04.15 часот во Полициска станица Бит Пазар Р.М. (62) од Скопје пријавил дека на ул. Павле Илиќ бил каснат од куче скитник.

На 21.05.2022 година во 10.50 часот на крстосницата од бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас...

На 21.05.2022 во 13.00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во с. М.Речица,тетовско патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(36) од с. Г.Речица, тетовско удрило во малолетен пешак од с. М.Речица, кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
 На 21.05.2022 година кај рибник во Демир Капија од полициски службеници од слобода се лишени Б.Ѓ.(31) од с.Пепелиште и М.Р.(30) од Неготино затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2022 во 21.20 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода М.О. (20) од Скопје, кај кого е пронајден пиштол „Застава“ 7.62 мм со рамка со пет куршуми 7.62 мм за кој не поседувал дозвола. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 21.05.2022 во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по член 236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“. Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.

На 21.05.2022 во 16,34 часот во с.Црвена Вода, oпштина Студеничани од полициски службеници од Полициска станица Драчево е приведен Н.Р.(36) затоа што за време на одржување на манифестација од пиштол испукал три проектили во воздух. Од полициски службеници на местото на настанот се пронајдени три чаури и огненото оружје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2022 околу 19,50 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово се приведени А.С.(40) и Г. С. (42) двајцата од с.Гошинце, oпштина Липково затоа што по претходно случена сообраќајна незгода во Куманово физички го нападнале со тврд предмет М.С.(31) од с.Лопате. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2022 околу 13.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на ул.„Ванчо Питошески“ од зграда паднала Н.К.Д.(29). Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на настанот.

На 21.05.2022 во 21.45 часот во Полициска станица Карпош Б.Ј.(33) пријавил дека на паркинг на подрачје на Карпош во близина на маркет, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.05.2022 во 18,30 часот во Полициска станица Гази Баба Б.И.(30) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга И.Б.И.(29) од Р.Косово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.05.2022 околу 03.00 часот во Полициска станица Бит Пазар А.М.(35) пријавила дека ја пронашла нејзината ќерка С.С.М.(13) која била пријавена дека се оддалечила од дома на 13.05.2022 година.

На 22.05.2022 во 01.50 часот во Полициска станица Гази Баба В.Ј.(44) од Скопје пријавил дека на 21.05.2022 околу 22.00 часот пред банка на подрачје на Гази Баба неговиот син бил удрен со возило и потоа физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.05.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.А.(72) од Скопје пријавил дека се оддалечила од нејзиниот дом неговата сестра Г.О.(81) која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 21.05.2022 во 18 .20 часот во Полициска станица Куманово М.М.(39) пријавила дека на Плоштад Маршал Тито, во близина на казино, по претходна расправија била физички нападната од Л.С. од с. Отља. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2022 во 09,00 часот во Полициска станица Куманово Д.А.(51) од Куманово пријавил дека околу 00,10 часот пред угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.05.2022 во 19.00 часот во Полициска станица Штип е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип во близина на надвозник кон село Криви Дол околу 18.50 часот настанал пожар на патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(24) од Штип. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

На 21.05.2022 околу 17.30 часот во Полициска станица Струмица е пријавено дека во Општа болница Струмица е донесен повреден С.Ј.(50) од с.Јаргулица, кој, според пријавеното, се повредил додека извршувал работни задачи во зграда во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

На 21.05.2022 во 16.30 часот во Полициска станица Велес Д.С.(24) од Велес пријавил дека во 06.30 часот пред угостителски објект во градскиот парк во Велес бил физички нападнат од Д.К. и М.Ј., кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.05.2022 во 14.50 часот во ОВР Кавадарци Р.П.(52) од Кавадарци пријавила дека околу 12.00 часот додека била во својот дом во с. Шивец, кавадаречко таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од С.А. и П.А. двајцата од Ваташа кои ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2022 во 03,15 часот во СВР Велес Д.Р.(26) од Неготино пријавил дека во дискотеката во Неготино бил физички нападнат од Л.Ѓ. од Неготино, вработен како обезбедување во дискотеката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.05.2022 во 17,45 часот во СВР Скопје, Ќ.Б. пријавил дека во Старата скопска чаршија, на ул.„Самоилова“, во Скопје настанал пожар во кујна од хотел. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а на седум лица, според до сега пријавеното, им е укажана помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ или други болници. На повеќе лица им е пружена лекарска помош на лице место.. Известен е јавен обвинител и по насоки од обвинителството се врши увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2022 околу 00.10 часот во близина на Граничен камен 55/5–с.Богородица од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода Н.М.(35) од Стар Дојран затоа што преку границата со Р.Грција пренесувал торба со 82 пакувања од 10 кутии на различни видови цигари и 10 пакувања тутун. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.