Извадок на дел од дневни настани 21.05.2022

На 20.05.2022 во 21.40 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Џ.М.(25) од Тетово за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 20.05.2022 во 19.50 часот на автопатот А1, кај тунелите Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода Н.Ц.(54) од Косово. При преглед во возилото „фолксваген туран“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Пакистан. Н.Ц. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2022 околу 19.15 часот пред казино на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(20) од с.Батинци, скопско. При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 мм. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2022 во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(25) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2022 околу 11.00 часот во Полициското одделение Попова Шапка било пријавено дека при изведување градежни работи во с.Шипковица, тетовско, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60мм, делумно корозирани. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје експлозивните средства биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство.

На 20.05.2022 во 19.20 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ј.(36) од Република Албанија. При контрола на автобус „мерцедес“ со албански национални ознаки, кој го управувал, било констатирано дека има неправилности во бројот на шасијата на автобусот. Лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно докумнетирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 20.05.2022 во 19.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле И.Н.(55) од Република Албанија. При контрола во возило „мерцедес“ со албански национални ознаки било констатирано дека возилото е предмет на кривично дело „фалсификување“. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2022 во 13.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во с.Босилово, патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(19) од с.Секирник, струмичко, удрило во малолетен пешак од с. Босилово. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 20.05.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, И.К.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитрија Чуповски“ била касната од куче скитник.

На 20.05.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Ѓ.(33) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека во с.Долно Лисиче бил каснат од куче скитник.

На 20.05.2022 во 20.23 часот во Полициската станица Аеродром, С.А.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Анастас Митрев“ бил каснат од куче скитник.

 На 20.05.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.С.(41) од с.Ласкарци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една рачно изработена направа за испалување муниција и ловни патрони. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

На 20.05.2022 во 14.05 часот на ул.„Широк Дол“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.М.(19) од Штип. Тој се сомничи дека претходно во маркет на ул. „Партизанска“ одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2022 во 16.00 часот во с.Согле, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Согле затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“, една рамка и четири куршуми кал.7,65мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2022, при извршени контроли, полициски службеници од Одделението за економски криминал при СВР Охрид ги затекнале Н.П.(32) од Струга и З.М.(46) од струшкото село Радолишта при управување такси моторни возила со кои вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај. Притоа, било констатирале дека не поседуваат важечка лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 20.05.2022 во 08.25 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска“, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор. Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор. Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.05.2022 во 16.15 часот во Полициското одделение Камењане – СВР Тетово, 41-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 23.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и побарало од него да му изврши работи на неговата викендица во с.Блаце, скопско. Како што е пријавено, откако се договориле лицето повторно му се јавило и побарало од него кога ќе тргне од едно лице таксист да земе и плати авто делови, а кога ќе се сретнат ќе му ги врати парите. Исто така, според пријавеното, после тоа лицето не било достапно и тој се посомневал дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје, Ј.Б.(38) од СКопјре пријавил дека околу 13.30 часот на ул.„Цветан Димов“ неколку лица физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 18.30 часот во СВР Скопје, П.Д.(46) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Васко Карангелевски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 11.05 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(59) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на бул.„Александар Македонски“ бил физички нападнат од А.С. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 21.05.2022 во 00.20 часот во СВР Скопје, С.И.(40) од Скопје пријавил дека на 20.05.2022 околу 23.30 часот на ул.„Костурски Херои“ неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Гостивар, Б.И.(33) од Гостивар пријавила дека пред угостителски објект на ул.„Ристо Оџаклиески“ била физички нападната од Е.Б. и Б.Б.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 21.05 часот во СВР Тетово, К.О.(34) од Битола пријавила дека околу 19.30 часот на улица „29-ти Ноември“ таа и нејзиниот сопруг Б.А.(24) од Тетово биле физички нападнати од Д.К. и Б.К. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во село во с.Пепелиште, неготинско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.П.(47) од с.Корешница и А.С.(63) од с.Пепелиште. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје, Ш.Љ.(20) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ лицата К.А. и Н.„Н“ физички го нападнале, по што К.А. со остар предмет му нанел убодна рана на ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 20.05.2022 во 08.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 19.05.2022 во 19.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Д.Ш.(80) од с.Мирковци, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2022 во 17.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(48) од Прилеп. Во незгодата со повреди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде укажана помош. Жезничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 20.05.2022 во 09.15 часот во СВР Скопје, В.З.(63) од Скопје пријавила дека околу 08.15 часот во Градскиот трговски центар Скопје едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.